Откажување од државјанство

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Carla Suarez Navaro, 3 септември 2014.

  1. ТојодТаму

    ТојодТаму

    Член од:
    6 ноември 2008
    Мислења:
    1.093
    Допаѓања:
    1.325
    Точно е дека се откажуваат од македонски државјанства за да добијат германски. Германија не дозволува двојни државјанства така што мораш да се откажеш од едното па сега види кое ти одговара повеќе.
     
  2. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    21.613
    Допаѓања:
    32.139
    Се откажуваат за да добијат Австријско, Данско, Холандиско и таму не даваат двојно?
     
  3. Personal

    Personal

    Член од:
    14 февруари 2014
    Мислења:
    181
    Допаѓања:
    155
    Паметна одлука.
     
    На Creating., Forza Milan!!! и (deleted user) им се допаѓа ова.
  4. Erich Zann

    Erich Zann Модератор

    Член од:
    13 мај 2012
    Мислења:
    13.711
    Допаѓања:
    28.804
    Последно ко учев беа исти услови како за домашен ако лицето доаѓа од земји припаднички на ЕУ или ОЕЦД, додека пак реципроцитет за сите останати :) (по претпоставка да нема измена во овој дел)
     
    На Zaphod Beeblebrox му/ѝ се допаѓа ова.
  5. wARMAN69

    wARMAN69

    Член од:
    24 декември 2007
    Мислења:
    11.721
    Допаѓања:
    3.954
    ретко кој дава повеќе двојно, на пример ни Словенија ни Австрија нема..мора да откажеш македонско за да имаш нивно.
     
    На ТојодТаму му/ѝ се допаѓа ова.
  6. true blue

    true blue

    Член од:
    21 мај 2008
    Мислења:
    9.334
    Допаѓања:
    10.063
    Јас уште не пројдов Стварно, али пошто пројдовме општ дел граѓанско го имавме спомнато ова и немаше промени во тој дел, така да си останува.
     
  7. wicked_1

    wicked_1

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    5.217
    Допаѓања:
    6.693
    Ваков статус може да добие и лице кое било граѓанин на држава-федерација у распад, при расцепкување доколку не се идентификува со некоја од новосоздадените држави е апатрид. Бегалците исто имат статус на апатриди.

    А од повеќе услови при аплицирање за добивање на странско државјанство у повеќето земји на запад, е да се откажеш од матичното.
    Ретроактивно делува оваа, доколку не успее постапката, се пролонгира или настанат некои проблеми за земање на новото државјанство, ти се враќа назад претходното.
    --- Споено дупло мислење, 4 септември 2014 ---
    Кој ви предава Стварно, Родна? =)
     
    На Zaphod Beeblebrox и true blue им се допаѓа ова.
  8. Zaphod Beeblebrox

    Zaphod Beeblebrox Поранешен покул Божино

    Член од:
    7 јуни 2008
    Мислења:
    16.547
    Допаѓања:
    20.963
    Тргнав и јас да објаснувам за Меѓународно Приватно Право али се откажав, сите сте кажале. :D

    Апатрид немаш шанси, мораш да имаш државјанство.
     
  9. wicked_1

    wicked_1

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    5.217
    Допаѓања:
    6.693
    најгрд предмет на факултет ми беше, нема таков грд нигде
     
    На ElNinho и Zaphod Beeblebrox им се допаѓа ова.
  10. Erich Zann

    Erich Zann Модератор

    Член од:
    13 мај 2012
    Мислења:
    13.711
    Допаѓања:
    28.804
    Има, применета економика се вика (на правен ова) :D
    Или човекови права, по од Фрчко учебникот, во кој си го мери со странцизми и замрсување на речениците.
     
    На wicked_1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vidooq

    vidooq

    Член од:
    14 април 2012
    Мислења:
    23.038
    Допаѓања:
    35.093
    Дали на било кого Германија не дозволува двојно државјанство?
    Имам колега Американец кој има dual citizenship, американско и германско.
     
  12. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    8.038
    Допаѓања:
    6.978
    САД неодамна ја зголемија тарифата за откажување од американско државјанство за неверојатни 400%, само бидејќи бројот на американци кои сакаат да се откажат од своите американски државјанства нагло порасна од 2012 година па наваму.

    Причините се повеќе, но една причина доминира над сите останати - високите даноци.

    Токму поради ова, доколку американец сака да се откаже од своето американско државјанство, мора да докаже дека ги има подмирено сите даноци и долгови кон државата за изминатите 5 години, па да помине низ безбројни бирократски лавиринти и да уплаќа грдни пари до бескрај, само за да може да се откаже од своето американско државјанство.

    Затоа, почитувани сегашни и идни печалбари и имигранти, слободно фаќајте џаде кога сакате и каде сакате, слободно заминете да студирате/работите/живеете во САД, останете таму колку сакате до бескрај - затоа и постои зелената карта, но држете се настрана од американското државјанство, бидејќи полесно ќе ви биде да извадите американско државјанство, отколку да се откажете од истото.
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. UpaDown

    UpaDown

    Член од:
    12 јануари 2014
    Мислења:
    1.435
    Допаѓања:
    1.891
    Не можеш, ако немаш туѓо државјанство.
    Буквално си дух у државата, шо и не ти менува, оти нели и онака сме сите духови овде, се до денот додека не добиеш пак државјанство од оваа држава или од некоја друга.
    Не можеш да студираш, не можеш да имаш имот, не можеш да работиш кога си нели stateless (не знаев оти на македонски зборчето било апатрид). Не можеш во светски рамки воопшто да си апатрид.

    Last time I checked, Nietzsche was stateless for the most part of his life. Ама други времиња биле тоа. :)
    --- Споено дупло мислење, 4 септември 2014 ---
    Сега се сетив на Терминал и ми текна на една ептен ризична и забегана идеја.

    Шо ако поднесеш барање за откажување од државјанство и му ја киднеш од тука додека нели целата процедура не се заврши? Ќе бидеш у туѓа држава, а у исто време stateless. Ќе немаат каде да те вратат, пошто нели не си државјанин на ниедна држава, и ќе останеш заглавен таму, претпоставувам ќе поминеш некое време у амбасада или на некој терминал кој е „ничија земја“. Ќе побараш азил од некоја земја и со оглед на ситуацијата у нашава држава и доволно веројатно е оти ќе го добиеш.
     
    Последно уредено: 4 септември 2014
  14. iksimkd

    iksimkd ШшшШшшШ...

    Член од:
    31 јули 2007
    Мислења:
    4.985
    Допаѓања:
    2.146
    Да, ама не остануваат апатриди туку земале друго државјанство.

    Она што мене ме интересира онака кога веќе е отворена темата, дали штом еднаш се откажеш од Македонското државјанство, после ако сакаш повторно да го добиеш, неможеш? Всушност единствениот начин би бил да се ожениш со Македонец/Македонка?
     
  15. wicked_1

    wicked_1

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    5.217
    Допаѓања:
    6.693
    Можеш, исто се поднесува барање до МВР у кое треба да бидат исполнети дадени услови без условот 8 години престој во Македонија, барањето се поднесува во рок од 3 години од коа лицето има добиено отпуст од Македонското државјанство. По истек на тој рок, се оквалификува како странец.
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: