Откажување од државјанство

Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Ме интересираат правните аспекти на откажувањето од државјанство. Значи, кој е начинот на изведување на ова, кои се правните последици, дали може да живееш во државата без државјанство, дали може да поседуваш недвижнини без државјанство и слични прашања.

Би ве замолил без ретардирани квазипатриотски коментари, веќе бев во WC денес.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Интересна тема...
Начинот да го изведеш тоа е да си поднесеш барање до МВР за отпуст од државјанство. За детали ќе си прашаш таму во смисла, пари колку треба да се платат ова она...
И, мислам дека треба да покажеш друго државјанство, за по евентуалниот отпуст од државјанство на РМ не останеш апатрид.
Правни последици се тоа дека во државата ќе бидеш третиран како странец. Секој престој во државата подолг од три дена треба да ти биде пријавен во МВР, во зависност од тоа чие државјанство имаш, ќе ти се уредува и престојот во Македонија... дали до три месеци, па потоа работна виза или што знам...
Недвижности колку што се сеќавам, неможе да имаш, ама не сум најсигурен.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Извини вака случајно прашање, ме интересира само каква корист би имал некој со откажување од државјанство?
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Интересна тема...
Начинот да го изведеш тоа е да си поднесеш барање до МВР за отпуст од државјанство. За детали ќе си прашаш таму во смисла, пари колку треба да се платат ова она...
И, мислам дека треба да покажеш друго државјанство, за по евентуалниот отпуст од државјанство на РМ не останеш апатрид.
Правни последици се тоа дека во државата ќе бидеш третиран како странец. Секој престој во државата подолг од три дена треба да ти биде пријавен во МВР, во зависност од тоа чие државјанство имаш, ќе ти се уредува и престојот во Македонија... дали до три месеци, па потоа работна виза или што знам...
Недвижности колку што се сеќавам, неможе да имаш, ама не сум најсигурен.
Баш тоа ме интересира, дали мораш да имаш друго државјанство? На пример, се откажувам од државјанството, но немам друго и останувам да живеам овде. Како тоа би функционирало од аспект на правниот систем? Дали во тој случај можам да поседувам недвижности на пример?
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ќе треба после да им бараш дозвола за престој, замисли по тие врати да се акаш :D

Интересна тема...
Начинот да го изведеш тоа е да си поднесеш барање до МВР за отпуст од државјанство. За детали ќе си прашаш таму во смисла, пари колку треба да се платат ова она...
И, мислам дека треба да покажеш друго државјанство, за по евентуалниот отпуст од државјанство на РМ не останеш апатрид.
Правни последици се тоа дека во државата ќе бидеш третиран како странец. Секој престој во државата подолг од три дена треба да ти биде пријавен во МВР, во зависност од тоа чие државјанство имаш, ќе ти се уредува и престојот во Македонија... дали до три месеци, па потоа работна виза или што знам...
Недвижности колку што се сеќавам, неможе да имаш, ама не сум најсигурен.
А може ли правно да се остане апатрид? Постои ли можност да се функционира без никакво државјанство?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Баш тоа ме интерсира, дали мораш да имаш друго државјанство? На пример, се откажувам од државјанството, но немам друго и останувам да живеам овде. Како тоа би функционирало од аспект на правниот систем? Дали во тој случај можам да поседувам недвижности на пример?
Еве ти прогуглав малце:
http://www.akademik.mk/document/prestanok-ili-otpust-na-drzhavjanstvo[DOUBLEPOST=1409775126][/DOUBLEPOST]
А може ли правно да се остане апатрид? Постои ли можност да се функционира без никакво државјанство?
Одговорот на твоето прашање е во линкот :)
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Еве ти прогуглав малце:
http://www.akademik.mk/document/prestanok-ili-otpust-na-drzhavjanstvo[DOUBLEPOST=1409775126][/DOUBLEPOST]
Одговорот на твоето прашање е во линкот :)
Спрема овој линк, не можеш да добиеш отпуст од државјанство ако немаш друго државјанство, или ако не докажеш дека наскоро ќе добиеш друго.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.866
Поени од реакции
11.487
Како странско лице можеш да се стекнуваш на секакви недвижнини, освен земјоделски земјишта. Може и на градежни земјишта (тоа е новина со најновата измена на Законот за сопственост и други стварни права, предтходно можеше само долготраен закуп).

Но, има низа услови кои треба да се исполнат мислам (и реципроцитет со држава од која потекнува странското лице ако не се лажам), дозволи од надлежни институции.

Апатрид може да се биде само во ситуацијата: се откажуваш од државјанството (на РМ), а постапката за добивање на новото државјанство е во тек, но се знае дека во блиска иднина ќе го добиеш. Барем јас така си го протолкував Законот за државјанство.

Инаку мислам дека најчестото откажување се случува доколку лицето се сели во држава каде можеш да имаш само едно државјанство (како Германија), па сметаат дека подобро е да бидат само Германци, отколку странци во Германија.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Одговорот е неможи :)
По автоматизам пак ќе станеш државјанин на РМ.
Тоа е...
Ниедна држава во светот не сака апатриди... Проблем се...
Не може да биде протеран, екстрадиран, репатриран...
Треба да го издржува...
Ниедна држава не е глупа :)
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Тоа е...
Ниедна држава во светот не сака апатриди... Проблем се...
Не може да биде протеран, екстрадиран, репатриран...
Треба да го издржува...
Ниедна држава не е глупа :)
Мора да има некоја дупка во сето тоа. :) Баш ме интересира ако има некој поупатен да прокоментира. Бидувањето апатрид би била ултимативна слобода.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Мора да има некоја дупка во сето тоа. :) Баш ме интересира ако има некој поупатен да прокоментира. Бидувањето апатрид би била ултимативна слобода.
Ако во рок од една година продолжиш да живееш во РМ или не се стекнеш со друго државјанство, по автоматизам остануваш македонски државјанин...
Нема дупка.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Ако во рок од една година продолжиш да живееш во РМ или не се стекнеш со друго државјанство, по автоматизам остануваш македонски државјанин...
Нема дупка.
Има тука еден куп интересни прашања. Дали можеш да ја напуштиш државата без државјанство, дали можеш да влезеш во друга држава како апатрид...

Исто ме интересира како другите држави го регулираат ова.[DOUBLEPOST=1409776303][/DOUBLEPOST]
Интересен податок секоја година по 1200 македонци се откажуваат од државјанстото. :D

Линк?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom