- Член од
- 14 март 2008
- Мислења
- 72
- Поени од реакции
- 1
31.03.2008 17:26
И власта и опозицијата во Прилеп на нозе. Остри реакции по најновата одлука на Министерството за образование, во прилепските средни училишта да се отворат шест албански паралелки, иако за тоа, според нив, нема никаква потреба.
Од општината велат дека веднаш испратиле барање до Министерството за повлекување на оваа одлука. Најмногу, дури три вакви паралелки би се отвориле во средното електро-машинско училиште „Ристе Ристески Ричко“.
„Во општина Прилеп имаме само двајца ученици Албанци, еден од прво до четврто, уште еден од прво до осмо, основци немаме, а во средните училишта моментно учат само 14 деца од албанска националност. Тука е нашето изненадување, значи од каде идејата да се воведат паралелки, и тоа шест“, изјави Марјан Матракоски, советник за образование во општина Прилеп.
„Во сите паралелки коишто ги имаме има само тројца ученици коишто се декларирале дека се Албанчиња“, рече Петар Чешелкоски, директор на ЕМУЦ „Ристе Ристески Ричко“.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни препукувања. Според СДСМ, ова е договор помеѓу ВМРО и ДПА, а додека според владејачката партија, ова е само избрзан и непромислен потег на Министерството за образование.
„Сметаме дека тоа е непресметан и погрешен потег на Владата на Република Македонија. Дали ова е договорот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА?“, вели Гоце Туманоски, портпарол на СДСМ, Прилеп.
„На ниво на општина Прилеп ниту постојат потреби, ниту општината располага со потребни капацитети за да се одвива една таква настава“, изјави Влатко Атанасоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп.
Од Министерството велат дека конкурсот бил направен според бројот на учениците кои имаат потреба од настава на албански јазик и дека министерот ќе се сретнел со сите градоначалници коишто имале проблем со сместувачки капацитети за овие ученици.