Основаност за категоризирање на проституцијата како нелегална

Дали сте за легализација на проституцијата?

  • Вкупно гласачи
    52

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
14.960
Поени од реакции
12.237
Верувам дека не постои жена на светот која како мала мечтаела дека еден ден дебел мрсен трткав длакав тип од 50-60 години ќе и биде меѓу нозе затоа што и платил за тоа. Па друг па трет па...страва и ужас е тоа, гревови јадни, и таа и тој...
Ако никој не ја присилува, тогаш слободно може да го одбие оној што не и одговара. А за вкусови и афинитети е смешно да се бара закон да ги одобрува или забранува. Ако нешто ти е неприфатливо за тебе, не го практикувај ти, но ако нема законски и логички причини да биде нелегално, тогаш апсурдно е да остане нелегално.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.355
Поени од реакции
8.139

па добар дел од бракови што ги спомна Боди се засноваат на финансиска корист, со други зборови продавање секс за пари, легално. Колку примери сум гледал како врска немаат, таа Мерлинка, тој таков ко у описот, ама врти пара...дури знам пример на развод пошто на мажот не му идела работата, за да се земат баш со такви ко Чубака или мастер Јода. Оп, беемве седмица, ауди, егзотично одморче, балови...
Ова посебно е присутно во транзицијава, не дека на поинаков начин не било присутно и порано.
И што е тоа, љубов? Физичка привлечност? Или начин да се дојде до лагоден живот, изи мани со малку напор, зависно од Чубака и цртите, до пола час? Да не ги спомињам "инфлуенсерките", хостесите, девојки за придружба... или оние на фб со испрчени задници и бузи. Не ми пречи, не им обрнувам внимание ама која им е целта? гуд маркетинг, selling at higher price?
 
Или пред само неколку генерации кога родителите ги договарале браковите, зависно од тоа од колку добра (имотна) е фамилијата, толку поадекватен кандидатот, а задолжителен момент бил миразот. Невестата дознавала кој е младоженецот на свадбата.
Ден денес како традиција останало кога доаѓаат по невестата, на тие што стојат на врата и ја ,,чуваат" невестата да им се даде пари, инаку ништо од земање на невестата. Ама тоа е ок, тоа е традиција.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.268
Поени од реакции
3.249
Ако никој не ја присилува, тогаш слободно може да го одбие оној што не и одговара.
Ипси,

миљон пати го повтори ова наводно неприслување на проституирање.
Дај конечно, наведни ни како се појавува непринудна проституција.

Само не „набадај„ произволности и фантазерства, оти е појќе од јасно дека не постои непринудна проституција.

Почни...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
726
Поени од реакции
1.000
Ако никој не ја присилува, тогаш слободно може да го одбие оној што не и одговара. А за вкусови и афинитети е смешно да се бара закон да ги одобрува или забранува. Ако нешто ти е неприфатливо за тебе, не го практикувај ти, но ако нема законски и логички причини да биде нелегално, тогаш апсурдно е да остане нелегално.
Па јас никаде не спорам дека нема причина да остане нелегална, само си изнесувам мои ставови плус, не знам што е недоразбирањето?! Воопшто не е смешно, затоа што со финансирање (употреба на услуги) се форсираат и некои други неубави работи.

па добар дел од бракови што ги спомна Боди се засноваат на финансиска корист, со други зборови продавање секс за пари, легално. Колку примери сум гледал како врска немаат, таа Мерлинка, тој таков ко у описот, ама врти пара...дури знам пример на развод пошто на мажот не му идела работата, за да се земат баш со такви ко Чубака или мастер Јода. Оп, беемве седмица, ауди, егзотично одморче, балови...
Ова посебно е присутно во транзицијава, не дека на поинаков начин не било присутно и порано.
И што е тоа, љубов? Физичка привлечност? Или начин да се дојде до лагоден живот, изи мани со малку напор, зависно од Чубака и цртите, до пола час? Да не ги спомињам "инфлуенсерките", хостесите, девојки за придружба... или оние на фб со испрчени задници и бузи. Не ми пречи, не им обрнувам внимание ама која им е целта? гуд маркетинг, selling at higher price?
Тука зборуваш за спонзоруши, кои де факто се проститутки а не за жени кои се рентаат на час.
Сите тие кои се такви се плод на тотален родителски фејл, од здраво стабилно семејство каде има добри или барем пристојни модели на однесување, никогаш нема да излезе спонзоруша или тротоарка, без разлика.

Не е проблемот во легалноста, секако тоа е подобра опција него нелегалност, но треба да се има на ум дека лицата кои плаќаат за секс само ги субвенционираат дебилните родители и тотално нефукнционалните семејства, сексуалните злоставувачи, катастрофалниот образовен систем, трговијата со луѓе и сето она кое треба да спречи една жена да се претвори во парче месо, во ништо, на фаца да и свршува некој запотен длакав 150 килаш, да и пика дилдо во анус и да мастурбира пошто тешко му се дига, има некоја заблуда дека тоа биле лесни пари, не знам дали е баш така.

Не ми е позната и не прашувам каква е брачно-семејната состојба на дискутантите но она што знам е дека 100% од вас (кои имате ќерки) не би сакале ќерката да зарвши како "сексуална работничка".
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.268
Поени од реакции
3.249
@Ipsissimus ,

очекувано за мене, твојот одговор...го нема.

Просто е; ако не ја знаеш причината, не можеш да ја излечиш последицата. Во твојата иделошка заблуда пак, нештата штотуку почнаа да постојат па ајде сега, инстантно да ги „врамиме„ во законска регулатива...:icon_lol:...

Разбира се, со претходна максимална „објективност„ во приодот кон проституцијата. Ами како!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
14.960
Поени од реакции
12.237
Па јас никаде не спорам дека нема причина да остане нелегална, само си изнесувам мои ставови плус, не знам што е недоразбирањето?! Воопшто не е смешно, затоа што со финансирање (употреба на услуги) се форсираат и некои други неубави работи.
Добро е што се согласивме околу фактите дека нема причина да остане нелегална. Сега да видиме кои се неубавите работи кои се форсираат со финансирање.
Не ми е позната и не прашувам каква е брачно-семејната состојба на дискутантите но она што знам е дека 100% од вас (кои имате ќерки) не би сакале ќерката да зарвши како "сексуална работничка".
Има една поговорка - Патот до пеколот е поплочен со добри намери.
Многу судбини се уништени од оваа намера да се наметне ,,најдобриот" избор за детето. Којзнае колку успешни правници, економисти, лекари се создадени како маска позади која се крие несреќен човек.
Нема врска примерноста и функционалноста на семејството, се работи за слободата на избор. Не смее слободата да биде жртва на морални стереотипи.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.355
Поени од реакции
8.139
Не ми е позната и не прашувам каква е брачно-семејната состојба на дискутантите но она што знам е дека 100% од вас (кои имате ќерки) не би сакале ќерката да зарвши како "сексуална работничка".
ова е нешто слично со темата за хомосексуалност. Дали син ти, ќерка ти...што не е пак соодветно на темата за правна рамка на оваа дејност. И покрај вака условно да кажам нормални секојдневни семејства, и покрај законските санкции, проституција од сите видови постои. Треба да се запрашаме дали казните кај нас воопшто влијаат (можеби има истражувања за Македонија, не сум запознаен). Таа не зависи од мојата желба, најчесто не зависи ниту од желбата на многу родители, зависи од низа околности на кои некогаш можеме, некогаш не можеме да влијаеме. Но реално продавање, проституција, финансиска корист постои.
 
Наќо Скопски

Поручуе
Член од
3 април 2017
Мислења
4.263
Поени од реакции
7.542
казниво е ама у државава све е возможно
по интернетов све и свашта се продавава а никој нит плаќа придонеси нит даноци па пак не се чепнати

Sent from my iPhone using Tapatalk
Не само у државава,у сите држави каде што не е легална,се толерира од страна на властите
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.316
Поени од реакции
1.149
Треба да се легализира ем не те брка полиција ем тече стаж данок за држава и слично.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
14.960
Поени од реакции
12.237
Дечки, знатете ли дали снимање порно филм е легално кај нас..и ако е легално, како тогаш проституцијата не е легална!?:rolleyes:
Легално е снимање порно филмови, и да, добра забелешка која оди во прилог на тоа дека нелегалноста на проституцијата од правен аспект е апсурдна и неоснована. Порно актерите имаат секс за пари, суштински тоа во ниеден аспект не се разликува од проституција.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
5.651
Поени од реакции
3.538
Vo uslovi koga imame demokratsko ureduvanje, takvo kakvo sto e, treba so zakoni i propisi se da bide uredeno bez ogranicuvanje. Jas sum za totalno drug sistem, ako moze taka da se narece ama toa e druga prica.
Ovde ne spagja samo prostitucija, tuku upotreba na drogi, otrovi, boi i lakovi i t.n.
Stom na sekogo mu e dozvoleno na 16 god. da bide roditel onda ne gledam pricina zosto nekoj nekogo bi ogranicuval na bilo koj nacin.

Ne vikam ne, moze toa ke vodi do nekoja kulturoloska propast, ama jbg mislam deka e vreme da se ostavat lugjeto da si pravat taka kako sto mislat....normalno bez da povredat drugi.
Ne mozam da se pofalam deka ova go mislam od poodamna....do ova soznanie dojdov skoro, pred nekoj mesec i ne mislam deka bi go smenil mislenjeto.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.067
Поени од реакции
3.458
По тие критериуму и дрогата е неосновано забранета. Не предизвикува материјална штета, не повредува никого, наркоманите доброволно се дрогираат и на крај не се работи за никаква измама.
Повредувањето ја вклучува и самата личност така да за дрогата не би рекол дека важи ова. Освен тоа под дејство на дрога се прават несвесни дела кои можат да бидат доста штетни за оној кој ја зема и тие околу него.

Во секоја професија има одреден ризик и во проституција и во рударство ама тоа е свесен избор ова е уствари самиот минимум потребен за да има разлика.

Кај дрогата т.е наркоманите најчесто не е избор туку принуда.(се мисли кога веќе се навлечени не од прва доза)
Автоматски споено мислење:

И проституцијата влијае на менталното и психичкото здравје а секако и на физичкото здравје оти никогаш нема 100% сигурна заштита. И алкохолот го разорува психичкото и физичкото здравје, дури понекогаш и многу побргу и поопасно од дрогата па не гледаме причина да биде забранет. Зборот ми беше дека наркоманите, алкохоличарите.... си штетат на самите себе исто како и проститутките што си штетат самите на себе. Друго е работата. Секогаш до легализација доаѓа кога некоја апла лоша појава неможе да се сотре, па ако неможе да се сотре тогаш е подобро да се стави во некои законски рамки и барем некој ќар да има државата. Јас сум за борба против проституцијата, колку и резултатите да не се охрабрувачки. На оние кои дошле во ситуација да го продаваат своето тело треба да им се помогне да излезат од таа каша а не да им се олесни проституирањето па на нивната мака државата да ќарела и данок... Не е злато се што сјае ниту пак е добро се што е од ,,западот,,. Во легалната проституција ке бидат опфатени само оние гревови од улиците, но што правиме со онаа нелојална конкуренција која нема да се опфати а која се состои од девојки за кои мислиме дека се убиваат од работа по министерства и други фирми и кои за неколку години купуваат по неколку стана, кабриолети, викендици.... тоа е поголема и поопасна проституција и вистинското прашање е како да ја оданочиме таа проституција. Таа висока проституција е избор додека онаа уличната која ке заврши во бордели е далеку од избор.....
Проблемот тука е што релативизираш. Кога дискутираме дали е штетно се подразбира дека зборуваме и колку е штетно. Не е тајна дека на пример од алкохол еден куп луѓе си го имаат уништено животот, но за разлика од дрогата ако пиеш алкохол во мали дози да речеме по една чашка вино на ден не само што не е штетно туку според некои студии е и доста корисно,

Од друга страна со само неколку дози на тешка дрога за повеќето луѓе нема назад.

П.С Кога зборуваме за дрога мислиме на тешки дроги. Мое лично мислење е, пошто немам читано студии за ова, е дека алкохолот е поштетен од марихуаната иако неам пушено марихуана.
 
Последно уредено:
На врв Bottom