Основаност за категоризирање на проституцијата како нелегална

Дали сте за легализација на проституцијата?

  • Вкупно гласачи
    55
D

Deleted member 12196

Гостин
Пошто веќе 8 страни сте изнапишале, значи ја баратите работава, па ме интересира : - Како стојат работите со машката проституција ? Мислам дека се ставени на маргините на опшеството а има толку потентни мажи што би можеле, да речеме, во денот од 8 часа работно време - 6 до 7 жени квалитетно да ги "услужат"....овака "нелегализирано" нивниот потенцијал се уништува плански и константно....освен за екстрмните и упорни работници кои се изложуваат на екстремни услови(скокање од тераси, плаќање во натура(храна) или на почек...(мажот и кога ќе земе плата) etc.....
Не сум сигурен дека има толку потентни мажи кои можат во денот од 8 часа работно време - 6 до 7 жени квалитетно да ги "услужат". Дури и петлите ќе им завидуваат.
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.342
Поени од реакции
3.120
Не сум сигурен дека има толку потентни мажи кои можат во денот од 8 часа работно време - 6 до 7 жени квалитетно да ги "услужат". Дури и петлите ќе им завидуваат.
Не зезај, ние сме најјаки ебачи....само не сакаат да ја "легализираат"...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Нема разлика мажи, жени. Освен минимална возраст која негде читав пример Грција била со над 21 година, така нешто. Што значи истовремено може да се контролира и малолетничката проституција, која ако замижиме, не постои. Све што е вон овие и други одредени рамки треба да е казниво (а сега секој вид мало или полнолетно е казниво за продавачите на секс). Башка како све не се изживуваат врз нив, без никаква можност за заштита, без осигурување без поднесување пријави и слично. И треба да разграничиме-има што сакаат, има што однемајкаде мораат, има класични робови во трговија. Затоа и самите сексуални работници веќе втор или третпат протестираат за права како и во другите занаети.
Во случај на носење вакви закони потребни се не само правници ами специјалисти од разни области, што значи прилично комплексна материја за уредување.
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.342
Поени од реакции
3.120
BTW.....пред некое време прочитав дека грците го измислиле и сексот само од нас виделе дека со жена е поубаво.
P.S.Мажите (проститутки, жиголоа) се дискриминирани....тоа е тоа...
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Не зезај, ние сме најјаки ебачи....само не сакаат да ја "легализираат"...
Ти завидувам и ти честитам. Ти не мора да одиш во Германија. Другите нека одат, ти „услужувај“ им ги жените. Осум на ден, по 50€ = 400€. Плус додека не е легално поскапо ќе плаќаат. За ризикот...
Јас се откажувам. Не сум за така тешка работа. Ќе си живеам со мојата сиромаштија.
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.342
Поени од реакции
3.120
Ти завидувам и ти честитам. Ти не мора да одиш во Германија. Другите нека одат, ти „услужувај“ им ги жените. Осум на ден, по 50€ = 400€. Плус додека не е легално поскапо ќе плаќаат. За ризикот...
Јас се откажувам. Не сум за така тешка работа. Ќе си живеам со мојата сиромаштија.
Што би рекол мојот идол Б.Ц. - " Не можам да постасам секаде."

...Инаку, не ми ги читаш убаво постовите, пишав дека наплатата е оскудна(и заштедите што ги имаат ги "спичкаа" за секс со мене) а тоа влијае на мојата ликвидност и солвентност, како дискриминиран граѓанин на ова заостанато општество.....ако се легализира..........нема емоции,ова -она........ договор, потпис, округли печат, штембил....па ако не ми плати или не се снајде до крајот на моето работно време со пари, ќе се видиме на суд, како сите нормални луѓе....
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.625
Не е точно дека дрогата поминува на тие критериуми. Дрогата итекако му наштетува на организмот, создава зависност, влијае на психичкото и ментално здравје и зависно од тоа за која дрога се работи, предизвикува оштетување на разни органи - срце, црн дроб, бубрези....Тоа ако не е повредување, тогаш што е?
И проституцијата влијае на менталното и психичкото здравје а секако и на физичкото здравје оти никогаш нема 100% сигурна заштита. И алкохолот го разорува психичкото и физичкото здравје, дури понекогаш и многу побргу и поопасно од дрогата па не гледаме причина да биде забранет. Зборот ми беше дека наркоманите, алкохоличарите.... си штетат на самите себе исто како и проститутките што си штетат самите на себе. Друго е работата. Секогаш до легализација доаѓа кога некоја апла лоша појава неможе да се сотре, па ако неможе да се сотре тогаш е подобро да се стави во некои законски рамки и барем некој ќар да има државата. Јас сум за борба против проституцијата, колку и резултатите да не се охрабрувачки. На оние кои дошле во ситуација да го продаваат своето тело треба да им се помогне да излезат од таа каша а не да им се олесни проституирањето па на нивната мака државата да ќарела и данок... Не е злато се што сјае ниту пак е добро се што е од ,,западот,,. Во легалната проституција ке бидат опфатени само оние гревови од улиците, но што правиме со онаа нелојална конкуренција која нема да се опфати а која се состои од девојки за кои мислиме дека се убиваат од работа по министерства и други фирми и кои за неколку години купуваат по неколку стана, кабриолети, викендици.... тоа е поголема и поопасна проституција и вистинското прашање е како да ја оданочиме таа проституција. Таа висока проституција е избор додека онаа уличната која ке заврши во бордели е далеку од избор.....
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950

Не е точно дека проституцијата влијае на менталното и физичко здравје! Да се обидуваш да поистоветиш дрога со проституција е или екстремна глупост или екстремна дволичност.
100% заштита нема ни кај обичниот секс, според твојава логика, треба и сексот да го забраниме затоа што нема 100% заштита.
Нелојална конкуренција има секаде, уште сега на пример јас и ти може да се договориме во 4 очи и јас да ти дадам нешто во замена за пари, без фискална без ништо. Тоа според твојава логика значи дека не треба да има трговија воопшто, бидејќи постои можност за сива економија.
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.342
Поени од реакции
3.120
Криминал, наркоманијата, проституцијата, алкохолизам...на сето тоа....стави му пепел....
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Пак ќе нагласам, заборавате на кој подфорум сте. Вашите лични вкусови не се репер дали нешто е легално или не. Дајте аргументи од правен - легален аспект зошто може или не може проституцијата да биде легална.

Ако има модератор подфорумов, апел до него да не дозволува офтопици и тролови.
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.342
Поени од реакции
3.120
Според новиот закон, секој кого француската полиција ќе го фати дека на проститутки им плаќа за секс ќе мора да плати казна од 1.500 евра. За реконвалесцентите казната ќе се зголемува и до 3.750 евра.

„Ви благодариме што ја гледате проституцијата онаква каква што навистина е, а не онаква каква што би сакале да биде. Ви благодариме што ни дадовте средство за борба против мрежата што ја контролира трговијата со луѓе“, изјавила француската министерка за жени Најат Вало-Белкасем, откако парламентот го изгласал законот.
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:

Подфорумов е за македонското право, не француското. Во Саудиска арабија може да завршиш во затвор и за пиво ако пиеш.
Автоматски споено мислење:

П.С. Многу повеќе средства би се собирале за борба против трговија со луѓе, доколку проституцијата е легална и се плаќаат придонеси.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom