Ја загледав
The Newsroom и сега за сега сум hooked. После завршувањето на GoT, најдов нова серија поради која чекам да дојде недела. На кратко, серијата прикажува што се случува позади камерите во една американска телевизиска станица специјализирана за вести. Во центарот на приказната е Вил Мекевој, новинар кој се враќа на екраните по тримесечна рехабилитација, предизвикана од (не)професионален испад.
Креатор, продуцент и сценарист на серијата е Арон Соркин, познат по A Few Good Men, Social Network, West Wing и според мене одличната Studio 60 on the Sunset Strip. Малку и потсеќа на неа поради тоа што се занимава со збрките позади кулисите, и нормално, поради типичниот дијалогот. Токму дијалогот е најјаката страна на The Newsroom, начинот на кој ликовите комуницираат, брзината на интеракциите. Сето ова придонесува турбулентната работна средина да изгледа реално, а ликовите да личат на луѓе од секојдневието. Исто, тука е и одличниот кастинг на чело со Џеф Даниелс, кој овде е феноменален, иако до сега првата асоцијација за него ми беше
ова.
Серијата веќе доби дозвола за втора сезона, а до сега се излезени три епизоди. Толку за сега, да заврши сезоната па ќе пишам во темата за рецензии.