И јас мислев ко тебе. Како прво, нема врска дали си професионалец ти или си само лаик. Како мене на пример. Професионални велосипеди знам дека има и од 6000 евра. Ко на пример комшијата мој шо си купи половен од 3700 евра. Шо ми е поентата ?
За тие пари ќе си купиш точак, половен (да, половен, бидејќи повеќе ќе ти трае) од колку нов Випер или Карпиоло, на кои составните делови, опремата им е само за украс, особено аморитезерите. За тие пари до 15000 денари можеш да најдеш зачуван велосипед на реклама5 или на двете групи на фб каде секојднено се апдејтуваат по 15ина нови велосипеди. Ако си спремен да дадеш до таа горна сума околу 24000 денари, тогаш не само што ќе најдеш квалитетен велосипед, истиот ќе има и одлична опрема.
Јас на пример, купив Cube Ltd Pro Race 21' (Германска марка) за (му го намалив од 30000 заради ситни грешки во огласот) 24000 денари, кој воопшто не беше возен. Донесен од Германија, два месеци возен, нов си купил. Само амортизерот од мојот точак е околу 200-250 евра шо се вика зборот. Накратко, за тие пари барај марки како Стивенс, Трек, Крос па се наоѓа и добар Кјуб. Поентата ми е ако земиш некој од овие и по 3-4 години ќе можеш да ги продадиш по супер цена за разлика од Вајперот кој ќе се расклата и расштима по само една година (на брат ми дома точакот е Вајпер).