Општи вело муабети, прашања, совети

Дискусија во форумот 'Велосипедизам' започната од Anonymus1, 2 јули 2005.

  1. _BerzerkeR_

    _BerzerkeR_

    Член од:
    29 март 2013
    Мислења:
    2.027
    Допаѓања:
    1.854
    Дечки, дај бе нека помогни некој!
    Барам велосипед до кај 150 евра. Прво, не можам да се одлучам дали нов или на старо (пр. од овие што ги увезуваат од странство), а после не знам што да барам, каква марка и остали работи поврзани со тоа.

    Некој да предложи нешто, да кажи некој совет?
     
  2. Martinmkd

    Martinmkd Roadie

    Член од:
    20 мај 2009
    Мислења:
    209
    Допаѓања:
    297
    Јас морам да ти се извинам што ти се истурив во претходен пост, мислев дека си членот од друг муабет кој поставуваше слично прашање на твоето, и баш исто за кочници прашуваше.
     
  3. Nexon

    Nexon

    Член од:
    30 ноември 2015
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    1
    Не е проблем :) јас велосипедот нема да го користам по некој тешки оффроад патишта, туку по некој асфалтирани патишта со некој поблаги спустови.
     
  4. Acohipmk

    Acohipmk Манипулативна кокошка.

    Член од:
    3 ноември 2008
    Мислења:
    1.269
    Допаѓања:
    1.693
    Да собереш уште 150 евра.
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SATiSFACTiONS

    SATiSFACTiONS

    Член од:
    2 март 2017
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    1
    Decki vo vrska so ishranata, sto e najdobro da se konsumira pred,za vreme i posle naporen trening
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  6. _BerzerkeR_

    _BerzerkeR_

    Член од:
    29 март 2013
    Мислења:
    2.027
    Допаѓања:
    1.854
    И да си купам веспа, ваљда...
    ?
     
    На krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Acohipmk

    Acohipmk Манипулативна кокошка.

    Член од:
    3 ноември 2008
    Мислења:
    1.269
    Допаѓања:
    1.693
    Не се разбирам во веспи баш многу. Ама со 300 евра можеш точак за до пазар да купиш. :)
    Сериозно, не можеш ни на старо да најдеш нешто посаглам за 150 евра. Барем 250-300 евра.
    П.С. Не менувам добар точак за никаква веспа. ;)
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  8. _BerzerkeR_

    _BerzerkeR_

    Член од:
    29 март 2013
    Мислења:
    2.027
    Допаѓања:
    1.854
    Па не ја гледам потреба од 300+ евра за точак, барем за мене...
     
  9. Milanez`

    Milanez` Tutta lα miα vitα...

    Член од:
    6 август 2007
    Мислења:
    13.505
    Допаѓања:
    4.352
    Здраво, сакам да купим точак онаке за низ град-села до 200 евра па ако може некој да стае линк од некој точак... глеав на интернет ама не се разбирам многу со големината на рамојте и гумите незнам каков да наручам... ја сум 1.90 висок
     
  10. M-1

    M-1 Добро утро Махачкала!

    Член од:
    6 септември 2010
    Мислења:
    3.886
    Допаѓања:
    6.528
    Пред
    1.Овесни снегулки+јогурт+мелени семки од лен и сончоглед+сушена боровница (или свежа кога ќе начекам). Ова ми е најконзумирано и омилено, речиси секој ден го јадам и никогаш не ми е досадно.
    2.Ориз варен+банана
    3.Пченица варена+цимет+мелени оревчиња (чат пат кафеав шеќер)
    4. Овес варен+сушена брусница
    За време на возење:
    1. - 1 шише 550мл вода и 1 шише 550мл со електролити
    - Витанова бар од житарица+желе црна рибизла+бела чоколада (на 1 сат по 1 бар од 35гр) +
    - 2 кесички гел (некогаш ги користам некогаш немам ни потреба)
    2. - 1 шише 550мл вода и 1 шише 550мл со електролити
    - 1 банана пресечна на пола и завиткана со стреч фолија
    - Протеинско барче (домашно производство) но ко ќе немам време за готвење тогаш купувам.
    - 2 ќесички гел (некогаш ги користам некогаш немам ни потреба)
    Овие 2 ми се омилени комбинации, за мене функционираат одлично, но правам и други варијации од време на време.
    После
    Протеин најбитно:)
    - Пилешко
    - Риба или Туна
    - Говедско
    со прилог на компир/ориз/сезонски зеленчуци
    Суплементација:
    Пред: 5гр Креатин (таурин и бета аланин за многу напорни тренинзи)
    После: 3 гр Креатин, 5гр Глутамин, Магнезиум директ 375мг кесичка, 1 доза течно Амино.
    Треба да експериметираш со храна и суплементација, све зависит каков дигестивен систем имаш и шо поднесвит стомакот а на шо имаш одбивност.
     
    На Takak4, Dovahkin и Bubache им се допаѓа ова.
  11. RebelMk

    RebelMk ₪ ₪ ₪

    Член од:
    18 октомври 2010
    Мислења:
    1.274
    Допаѓања:
    584
    Не знам како само овесни снегулки ќе ти дадат сила пример доколку возиш 40/50/60км o_O :toe:
    Јас би препорачал пред тренинг нешто макарони/шпагети/јуфки (тестенини) кои брзо се варат и се добива повеќе енергија.
    За останатото се согласувам :) .
     
  12. M-1

    M-1 Добро утро Махачкала!

    Член од:
    6 септември 2010
    Мислења:
    3.886
    Допаѓања:
    6.528
    И 100 километри се врват со овесни снегулки и со овес:)
    Зошто не се согласуваш?
    И зошто препорачуваш пред тренинг тестенини?
    Дискусија да напрајме и да разбиеме некој митој.
    Се интересирам за храна:)
     
    На krkac, Ivica^ и Bubache им се допаѓа ова.
  13. Martinmkd

    Martinmkd Roadie

    Член од:
    20 мај 2009
    Мислења:
    209
    Допаѓања:
    297
    Јас малку поедноставна исхрана имам, ама можда и телото ми е такво. Пред возење ми е битно да јадам било што, зошто често страдам од оној „пад“ на сред возење кај што почнува ненормално да ти се јаде и ти иде да фрлиш и точак и све уп*чкуматерину. :D

    Пред сам почеток на возење, јадам банана, во текот на самото возење, обично по 20-25 километри јадам уште една банана, и третата ја јадам по потреба, или пак на сила после 20-30 километри од втората. Така стомакот во комбинација со вода ми е стално полн и го избегнувам оној погоренаведен момент. Плус, бананата на мојот организам делува енергетски. На подолги вожњи носам и две Витанови со чоколадно дно, сигурно 6-7 месеци се стари зошто никад не ми се разбудила желба да ги изедам. Само ги вадам и ставам во фиока... :D:D:D
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RebelMk

    RebelMk ₪ ₪ ₪

    Член од:
    18 октомври 2010
    Мислења:
    1.274
    Допаѓања:
    584
    Од мене лично тргнувам :)
    Со овесни снегулки се чувствувам изморен/гладен додека кога ќе внесам јаглехидрат имам сила 50+ да извозам :)
     
  15. Makedonec_7

    Makedonec_7

    Член од:
    13 август 2009
    Мислења:
    9.025
    Допаѓања:
    5.240

Сподели преку: