Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
6 август 2022
Мислења
4
Поени од реакции
0
Исто планирам и јас но проблем ми е што кај нас нема китови за Ел. конверзија. Ако не е тајна од каде го имаш набавено китот, претпоставувам имаш веќе купено штом прашуваш за мајстор.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
Мајстор најдов но реално нови делови и избор во Македонија нема. ИМа некои импровизации, повеќето со половни делови ама не сакам аматерски да биде. Затоа стапив во контакт со лице кое има фирма во Белград каде работат 8 луѓе и начелно таму договарам да се среди тоа. Проблем ми е транспортот до Белград ама и сам би пошол на ден-два да се заврши работата како треба.
(Може и деловите таму да се купат па некој тука да ги монтира.)
Е сега веројатно на наша граница на излез треба да се пријави велосипедот со сериски број (некоја лична изјава колку разбрав на која цариниците ќе удреле печат) за да нема проблем за враќање.
 
Последно уредено:
C

confusion

Гостин
Препорака за добар катанец за точак? Гледам овие АБУС ги фалат, посебно тие U-Lock ама некако прескапи ми се.
Се мислам помеѓу овие два:
https://velosiped.mk/produkt/abus-4804k-04-x-75-cm-blue/
https://velosiped.mk/produkt/сајла-kross-kzk-200s-z0172/

Како второто имам од Тринкс ама на комбинација и воопшто не ми е сигурно, затоа се мислам дали да земам на клуч.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
327

Зависи каков точак имаш.
Колку поскап точак, толку поскап катанец, U-lock е топ иначе.

Препорака е да не го оставаш на отворено заклучен/незаклучен не е битно,

❌во влез не,

❌во гаража не,

❌ во двор не.

✅Внатре во стан да,
✅во куќа во подрум,гаража да.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.621
Јас имам два точаци, едниот евтин, го користам за превоз, ако одам да плаќам нешто, до банкомат, накратко utility точак. Го заклучувам со евтина сајла и не внимавам на него, воопшто не го држам на око затоа што е тотално невпечатлив, има исти/слични на секој чекор и не верувам дека некој би вложил посебен напор да сече сајла и да го краде...

Другиот е поскап, го користам за спорт/рекреација. Го заклучувам со евтина сајла, ама на кратки временски интервали и го држам на око.

Двата ги чувам во подрум.

Ако морате точакот подолго да го оставате и не сте во можност да го надгледувате, мој совет е не вложувајте во нов точак, туку купете евтин точак на старо, се наоѓаат во многу солидна состојба за многу ниска цена. Во ценовен ранг 4000-7000 ден. сум видел Gary Fischer, Kona, Cilo, Mondia, Giant, Scott, Cannondale итн.

Препорака за добар катанец за точак? Гледам овие АБУС ги фалат, посебно тие U-Lock ама некако прескапи ми се.
Се мислам помеѓу овие два:
https://velosiped.mk/produkt/abus-4804k-04-x-75-cm-blue/
https://velosiped.mk/produkt/сајла-kross-kzk-200s-z0172/

Како второто имам од Тринкс ама на комбинација и воопшто не ми е сигурно, затоа се мислам дали да земам на клуч.
Таа втората сајла и со најмалите ножици за арматура се сече ко од шала... Пазарските се исти и 400 ден. поевтини...
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.964
Поени од реакции
5.822
Препорака за добар катанец за точак? Гледам овие АБУС ги фалат, посебно тие U-Lock ама некако прескапи ми се.
Се мислам помеѓу овие два:
https://velosiped.mk/produkt/abus-4804k-04-x-75-cm-blue/
https://velosiped.mk/produkt/сајла-kross-kzk-200s-z0172/

Како второто имам од Тринкс ама на комбинација и воопшто не ми е сигурно, затоа се мислам дали да земам на клуч.
Ако ти е прескап U lock тогаш ризикот за кражба ти е огромен со поевтините па нов точак ќе ти биде 10 пати поскап од тој U lock.ако ти е за заклучување во град земи некој евтин Max половен до кај 50 евра и него тркалај го.
 
Член од
2 август 2022
Мислења
206
Поени од реакции
121
Член од
21 јануари 2022
Мислења
394
Поени од реакции
2.125
Препорака за добар катанец за точак? Гледам овие АБУС ги фалат, посебно тие U-Lock ама некако прескапи ми се.
Се мислам помеѓу овие два:
https://velosiped.mk/produkt/abus-4804k-04-x-75-cm-blue/
https://velosiped.mk/produkt/сајла-kross-kzk-200s-z0172/

Како второто имам од Тринкс ама на комбинација и воопшто не ми е сигурно, затоа се мислам дали да земам на клуч.
Две препораки од мене:

Прва препорака

https://www.bikemarket.mk/HTTP_SERVERindex.php?route=product/product&path=61&product_id=356

Ми се случи да пробаат да ми го украдат велосипедот пред пола година, за среќа, сајлава издржа, потоа со двајца ликови од обезбедувањето кај мене на работа со клешти папагалки се обидовме да ја исечеме сајлава зашто не можев никако да ја отклучам (крадецот со камен удирал по бравата), им требаа добри 10-15 минути да ја исечат.

Втора препорака

Слична приказна со оваа сајла (овој пат не стануваше збор за обид за кражба туку ми се скрши клучот и остана во бравата) и со обезбедувањето со клешти папагалки ја сечеа исто така добри десетина минути. Единствен минус кај оваа сајла е што на ладно време станува многу крута и е тешка за виткање, па ќе се изнамачиш да ја заклучиш околу велосипедот. Сепак е подобра од обичните сајли.

https://www.bikemarket.mk/HTTP_SERVERindex.php?route=product/product&path=61&product_id=337

Се надевам дека малку помогнав :)
 
Член од
2 август 2022
Мислења
206
Поени од реакции
121
Аха...Најверојатно групата на фејсбук не е од некој отворен карактер.

Ќе го исконтактирам админот таму што ја креираше да дозволи секој да партиципира во неа ако е во можност таква опција.

Инаку еве на кратко штво вклучува таа тура и патеката на истата.

Втора по ред велосипедска прошетка по Прилепско-Мариовско предел на Селечка планина.
http://www.strava.com/routes/1501566
Тргнуваме од центарот на градот и се упатуваме кон превојот Слива,првата пауза ја правиме на Параклисот Св.Петка-Карпата над с.Штавица.После превојот имаме спуст до с.Бонче,каде завршува асфалтот и се искачуваме до Кралската гробницата Старо Бонче на археолошкиот локалитет „Павла Чука''
http://mk.wikipedia.org/wiki/Подмол
После с.Подмол (каде е единствената продавница на турата) се искачуваме кон превојот над с.Марул за да се спуштиме до с.Чумово,па повторно кратко качување до с.Волкосело (тие што сакаат можи да се качат до Манастирот Св.Никола - с.Прилепец на уште 4км.угорница) па се спуштаме низ с.Селце и продолжуваме кон Манастирот Св.Димитрија (последната угорница) каде што го завршуваме маратонот со ручек и пијалаци за освежување обезбедени од наша страна.
Останува уште 3 км. асфалтен спуст до центарот на градот.
Секој учесник треба да има технички исправен велосипед , резервна гума и заштитна кацига.
Секој учесник вози на сопствена одговорност.
Освежителните пијалаци , доручек и ручек се бесплатни и ќе бидат обезбедени за секој учесник.
Бонче
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519
Две препораки од мене:

Прва препорака

https://www.bikemarket.mk/HTTP_SERVERindex.php?route=product/product&path=61&product_id=356

Ми се случи да пробаат да ми го украдат велосипедот пред пола година, за среќа, сајлава издржа, потоа со двајца ликови од обезбедувањето кај мене на работа со клешти папагалки се обидовме да ја исечеме сајлава зашто не можев никако да ја отклучам (крадецот со камен удирал по бравата), им требаа добри 10-15 минути да ја исечат.

Втора препорака

Слична приказна со оваа сајла (овој пат не стануваше збор за обид за кражба туку ми се скрши клучот и остана во бравата) и со обезбедувањето со клешти папагалки ја сечеа исто така добри десетина минути. Единствен минус кај оваа сајла е што на ладно време станува многу крута и е тешка за виткање, па ќе се изнамачиш да ја заклучиш околу велосипедот. Сепак е подобра од обичните сајли.

https://www.bikemarket.mk/HTTP_SERVERindex.php?route=product/product&path=61&product_id=337

Се надевам дека малку помогнав :)
Sajlite se samo za predno trkalo da zaklucis na ramka a ne za cel tocak.
 
Член од
2 август 2022
Мислења
206
Поени од реакции
121
До Катланово идеш по патот што возат градските автобуси (Маџари, Трубарево ,Јурумлери... Петровец , Катланово.) Таму поминуваш преку мостот од другата страна на Пчиња и цепаш нагоре преку планината (покрај викендиците, пуста кула... Велес) . До пола имаш асфалт, после тоа е раскопан пат и земја. Со роуд бајк нема шанси, мора маутин бајк да возиш. Од Велес до Штип е еден пат (регионалниот) и по него може да се вози велосипед мислам. Патот е доста тесен и треба многу да се пазиш од камиони и автобуси.
Пчиња
 
Член од
9 ноември 2014
Мислења
11
Поени од реакции
13
Здтаво на сите!!
Ако може препорака за надворешни тубелес гуми за off road.Моментално користам maxxis crossmark 2 ама не ме бендисува. Па ако може ваше искуство и препорака.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.073
Поени од реакции
7.160
Здтаво на сите!!
Ако може препорака за надворешни тубелес гуми за off road.Моментално користам maxxis crossmark 2 ама не ме бендисува. Па ако може ваше искуство и препорака.
Задната ако ти е Кросмарк, не ја менувај. Напред инвестирај само. Не можам да ти препорачам бидејќи не сум ги пробал, но од тоа што сум читал и слушал искуства од други, вреди да побараш информации за High Roller II, Forekaster и DHF.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom