Општи вело муабети, прашања, совети

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
На МТБ можам и само со шорцеви или па гел-подлога, а можам и без двете, но на Road Bike на првата тура како будала ги послушав советите на форумот и чекав 2 дена да ми помине воспалението (возев со вело-шорцеви, времетраење 3 часа). На следната тура ја ставив и гел подлогата, извозaв 4 часа, без никакви воспаленија. После неа имав уште неколку такви долги тури, ист ефект -> максимална комоција. Вчера дури возев со Road Bike-ot само со гел-подлога, без вело-шорцеви 4 часа, се вратив без никакво воспаление. Затоа, на сите што имаат проблем со седиштето и препоните, ич не читајте совети од нас форумџиите, купувајте. НЕ ШТЕДЕТЕ. Од екипата што возиме, не сум единствен што користи и подлога и шорцеви. Имаме целодневни рути понекогаш, никој не се жали на болки :)

Btw, напиша добро седиште, но јас викам гел-подлогата ти е поевтина варијанта за да не вложуваш во ново седиште што ќе нуди помала комотност од неа. Добро седиште ќе те кошта +1000 денари, а подлогата околу 300.

На крај, не сме тркачи на Тур Д Франс ебаго. Гледајте си здравје и комоција :D
Подлогата е добра само за љуѓе кои возат довде-донде, малско продавниче или маркет, до на пазар, до на пошта... Зато шо управуваат со наједонставен точак (кој и нема воопшто кизнајт си какви спецификации), се движат од точка А до точка Б само за да завршат било каква работа, се чуствуваат некомотно и се одлучуваат на тие 300та денари, зато шо цената на едно седло им ја надминува половина цена од нивиот точак.
За многу сати и долги денови поминати на седлото, оваја подлога е најлошо нешто шо можит да се користит а воедно имат и најголема улога врз здравјето, било машко или женско, настрана "комоцијата" која се осеќат, која ние мислиме дек се нудит. Првенствено одма можам да ти кажам дека на веќе постоечко седло+ваква подлога на одредени точки или порции на пелвисот (по нашки то ти е карлицата) кои доаѓаат во интеракција со наведеното се ствара огромен притисок врз нив (кој ти моментално не го чуствуваш, но веројатноста дека мојт да ти се одразит понатака е голема) а тој притисок нажалост нема каде да се ослободит. Е сега ај кажи ми ти шо мислиш, кај удират и кај се концетират најмногу тој притисок? Размисли малку, ак не ти е мака, ако мојш барем логички, поврзи си. Карлицата ти е поврзана со рбетниот столб и замисли сега ко ќе си седнат ти на седлото а цел тој терет/тежина на торзото (кој е под одреден агол, во зависност од позцијата кај си поставен на рачките/воланот) заедно со динамиката на мобилност на карлицата (значит педалиш константно) во каква интеракција се со седиштето и кои точки или порции ги опфаќаат.
Е сега чим си слушал форумџии, а си имал воспаление да го дефинираме какво е? Мускулно? Болка на седечките и срамните коски? Вкочанетост во пределот на генеталиите или воспаление? Иритација на кожа од триење? Триење на препоните со носот од седиштето? Болка во долниот дел на грбот или кај опашот?
Доколку купуваш нов точак, препорачувам менувачот да е Shimano Altus 27 брзини (3 х 9). Останатото од опремата не е толку битно :)

Машинско масло ти е евтина опција, а да има сличен ефект на велосипедско масло (многу поскап е). Прво убаво исчисти го ланецот со сунгер/крпа и сјај за садови, за да нема никакви црнила :D После тоа подмачкај. Изгледај некој клип на јутјуб како да го направиш сево ова.
Има далеку поважни делој него ли менувачот дали ќе е Алтус или не. Немојш да оцениш точак по то каков менувач имат.
Машинско масло пуздер ќе напрајт и пренос и касета и машинка. Не е ниту блиску до масло за синџир.
Shimano Tourney е предобар менувач, но спаѓа во најниска класа. Но, многу е издржлив. Јас лично го користам во МТБ. Ако купи со таков менувач, точакот треба да вреди најмногу 20 000. Над таа цена е претплатување.
Турнеј е најосновен менувач, добар за основни модели на точаци, дека е за МТБ то мало сутра.
Автоматски споено мислење:

Што користите за подмачкување на ланецот, ептен ми е зарѓан и крчи при возење ?
Ак е рѓосан пожелно е да си го смениш за нов.
Ако сакаш да ја остраниш рѓата или корозијата на истиот, тогаш мојш со анти-рост едно мачкање, па сушење па уште едно мачкање па сушење. Го миеш после то или мојш да го одмастиш ако имаш средство по дома, па го бришиш да биде сув и подмачвиш. Најдобро е да го истајш да го средиш па да го вратиш назад.
Рѓата мојш исто да ја скиниш со фина шмиргла, но ова одземат доста време.
Али ко шо реков подобро е да си го однесиш да го сменат за нов и да напрајш еден мал основен сервис, вака е подолготрајно и за компонентите кои се опфатени со работата на синџирот.
Mucoff dry lube, Shimano PTFE, Finish Line или Weldite или Morgan Blue сите се достапни и се одлични. Зависит милитражата и цената е различна.
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Подлогата е добра само за љуѓе кои возат довде-донде, малско продавниче или маркет, до на пазар, до на пошта... Зато шо управуваат со наједонставен точак (кој и нема воопшто кизнајт си какви спецификации), се движат од точка А до точка Б само за да завршат било каква работа, се чуствуваат некомотно и се одлучуваат на тие 300та денари, зато шо цената на едно седло им ја надминува половина цена од нивиот точак.
За многу сати и долги денови поминати на седлото, оваја подлога е најлошо нешто шо можит да се користит а воедно имат и најголема улога врз здравјето, било машко или женско, настрана "комоцијата" која се осеќат, која ние мислиме дек се нудит. Првенствено одма можам да ти кажам дека на веќе постоечко седло+ваква подлога на одредени точки или порции на пелвисот (по нашки то ти е карлицата) кои доаѓаат во интеракција со наведеното се ствара огромен притисок врз нив (кој ти моментално не го чуствуваш, но веројатноста дека мојт да ти се одразит понатака е голема) а тој притисок нажалост нема каде да се ослободит. Е сега ај кажи ми ти шо мислиш, кај удират и кај се концетират најмногу тој притисок? Размисли малку, ак не ти е мака, ако мојш барем логички, поврзи си. Карлицата ти е поврзана со рбетниот столб и замисли сега ко ќе си седнат ти на седлото а цел тој терет/тежина на торзото (кој е под одреден агол, во зависност од позцијата кај си поставен на рачките/воланот) заедно со динамиката на мобилност на карлицата (значит педалиш константно) во каква интеракција се со седиштето и кои точки или порции ги опфаќаат.
Е сега чим си слушал форумџии, а си имал воспаление да го дефинираме какво е? Мускулно? Болка на седечките и срамните коски? Вкочанетост во пределот на генеталиите или воспаление? Иритација на кожа од триење? Триење на препоните со носот од седиштето? Болка во долниот дел на грбот или кај опашот?

Има далеку поважни делој него ли менувачот дали ќе е Алтус или не. Немојш да оцениш точак по то каков менувач имат.
Машинско масло пуздер ќе напрајт и пренос и касета и машинка. Не е ниту блиску до масло за синџир.

Турнеј е најосновен менувач, добар за основни модели на точаци, дека е за МТБ то мало сутра.
Автоматски споено мислење:

Ак е рѓосан пожелно е да си го смениш за нов.
Ако сакаш да ја остраниш рѓата или корозијата на истиот, тогаш мојш со анти-рост едно мачкање, па сушење па уште едно мачкање па сушење. Го миеш после то или мојш да го одмастиш ако имаш средство по дома, па го бришиш да биде сув и подмачвиш. Најдобро е да го истајш да го средиш па да го вратиш назад.
Рѓата мојш исто да ја скиниш со фина шмиргла, но ова одземат доста време.
Али ко шо реков подобро е да си го однесиш да го сменат за нов и да напрајш еден мал основен сервис, вака е подолготрајно и за компонентите кои се опфатени со работата на синџирот.
Mucoff dry lube, Shimano PTFE, Finish Line или Weldite или Morgan Blue сите се достапни и се одлични. Зависит милитражата и цената е различна.
Вака како што те читам, ми личиш на лик што продава точкови, па гледа да го фали само најскапото. Демек сѐ што е поевтино и алтернативно не чини, без разлика што од позитивното искуство ти пишуваат. Нај на крај постои опција google, барем имаш милион извори за секое прашање. Сигурно пред да почнам да мачкам машинско масло не ми текна туку така, туку направив истражување :)
 
Член од
19 март 2014
Мислења
571
Поени од реакции
864
Момци ми треба совет, сакам да го продадам МТБ и да преминам на друмски. Немам идеја која цена да му ја ставам на мојот па би ве замолил за помош...
Scott Scale 770 27.5
IMG_20200330_181104.jpg IMG_20200330_181112.jpg IMG_20200330_181117.jpg IMG_20200330_181124.jpg IMG_20200330_181143.jpg IMG_20200330_181136.jpg
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Има добра опрема (за тоа време кога е купен). Ми изгледа амортизирано, судејки по гребките по рачките и кочнииците, па и по рамот. Задната гума е сменета, што укажува на активно возење на точакот. Не очекувај многу да добиеш за него. Пазарот е преплавен со половни (но квалитетни точоци), па така и цената оди доста долу. Со среќа.
 
Колку вреди реално, за да не залутам со цената, баш ради тоа прашав
 
G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Момци ми треба совет, сакам да го продадам МТБ и да преминам на друмски. Немам идеја која цена да му ја ставам на мојот па би ве замолил за помош...
Scott Scale 770 27.5
Прегледај го приврзокот 251378Прегледај го приврзокот 251380Прегледај го приврзокот 251382Прегледај го приврзокот 251383Прегледај го приврзокот 251385Прегледај го приврзокот 251386
250 во најдобар случај.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Вака како што те читам, ми личиш на лик што продава точкови, па гледа да го фали само најскапото. Демек сѐ што е поевтино и алтернативно не чини, без разлика што од позитивното искуство ти пишуваат. Нај на крај постои опција google, барем имаш милион извори за секое прашање. Сигурно пред да почнам да мачкам машинско масло не ми текна туку така, туку направив истражување :)
Не. Целта ако добро читаш ми е да те едуцирам.
Истражувањата кои ги прајш ти се тотално нерелавантни, истите те водат во погрешен правец, а и пред да коментираш или пишиш одма одговор, воздржи се. Апла си почетник, а и то се позават, си слушнал нешто ама не си дослушнал, добро е шо имаш желба за возење но треба да се едуцираш повеќе тоа е реалноста.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
При големи угорници ми се здрвува пенисот, не добива крв од поголем напор. До сега немав ваков проблем, но последните два пати до Водно и Козјак ми се појави овој проблем.
Како го решавате овој проблем? Не користам никакви велосипедски шорцеви, гелови. Дали тие помагаат? Дали е до положбата на седење или положбата на седиштето?
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.136
При големи угорници ми се здрвува пенисот, не добива крв од поголем напор. До сега немав ваков проблем, но последните два пати до Водно и Козјак ми се појави овој проблем.
Како го решавате овој проблем? Не користам никакви велосипедски шорцеви, гелови. Дали тие помагаат? Дали е до положбата на седење или положбата на седиштето?
Цело искочување седиш на седиштето? :confused:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Дечки се двоумам меѓу 2 велосипеди, едиствена разлика меѓу нив е што едниот е 29ка големина на гуми и има 21 брзина, а другиот е 27.5 инчи гума, но има 24 брзини. Исто така кај вториот менувачот е ист како кај првиот, што значи користи менувач за 7 брзини, а има 8ма брзина, што не знам дали би можело да е проблем. 174-175cm сум висок, велосипедот би ми требал за еднаш во неделата ако треба од точка А до точка Б да се стигне, евентуално некои пократки рути еднаш - два пати во годината до Матка, Катланово, Куманово или слично.

1. 29:

2. 27.5:
 
29 без двоумење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom