Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
На тие мислев, не ми идеше терминот „кајла“ на памет :) Ако ти се свиѓа како вози тоа старото точаче, не е лошо да го модернизираш. И онака единствен бенефит на старите челичњаци е квалитетот на дампинг на вибрации, за наши улици и тротоари се совршени.

Преносче некое кинеско (да личи на ретро барем), осовина, ако ти се даваат пари - главинчиња некои што вртат мазно, и ќе биде ракета за градски превоз :)
Вози како стар Cadillac. Милина е за умерено темпо ама јас сум навикнат на брзина. Затоа и преферирам точак повеќе од автобус (и понекогаш кола).
За градски превоз го планирам Roveco-то што го земав од MartinK_2, само уште малку да го досредам. Pretis-от е многу тежок и тромав, башка и има само една брзина но многу е ниска за мој вкус.

По некоја случајност и на Roveco-то средната осовина е стигната за правење ама среќа имам делови. Сега уште алати чекам да ми донесат за да ја отворам да видам колку е отидена.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
348
Поени од реакции
368
Знам дека е глупо прашањево, но доколку екој сака да ми даде туторијал за менување на лагерите во средната осовина и каков алат е потребен за менување на истиот, бидејчи оваа година три пати ги менував на пазар и три пати бргу се кварат, а ги менувам на пазар бидејќи и точакот ми е многу стар
А да си купиш нова средна осовина? Мене лагерите ми паднаа, и нова купив. 600 ден со затворени лагери (мислам дека машински се викаа)
Пошто јас немав алат за вадење на истава, мајстор е решение :D
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Колкава е веројатноста да најдам десна шоља со италијански навој низ Скопјево?
Или комплет осовина исто со италијански навој?

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Колкава е веројатноста да најдам десна шоља со италијански навој низ Скопјево?
Или комплет осовина исто со италијански навој?
Кај Денда такви работи.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Бројче, или локација?
Пробај контактирај го преку фејсбук, обично враќа.
https://www.facebook.com/dejan.momirovski?ref=br_rs

Локацијата му е во уличките позади Министерство за економија, ако добро се сеќавам втората уличка. Како и да е, ќе мора да ти објасни он подетално, јас пред 2 години бев и не памтам точно шо како.

П.С. Ако одиш кај него, припреми се вилицата од под да си ја собираш :) :) :)
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Вака:

За сам да ја извадиш осовината, прво ти треба цеваст клуч за да ги извадиш штрафовите, мислам дека се 13ки (можеш и со обичен окаст клуч, ама е ризик да го оштетиш навојот на курблите).

Второ, потребен ти е радапцигер за курбли/педали. Ова е единствениот специфичен алат што ќе ти треба, го има по огласи за 200 денари (и соодветно на тоа, неколку употреби ако не си внимателен). Потребен ти е само за вадење на преносот, за ставање не.

Трето, препорачливо е да имаш соодветен алат за вадење на средна осовина, ама зошто има толку различни типови, не се исплати купувањето. Затоа, ти треба чекан и рамен шрафцигер, со кој ќе ја олабавиш едната страна (која има прстенче, прво тоа се вади, па после шолјата), потоа треба да излезе лесно, со прсти.

Е сега, од тука па натаму имаш три опции:

1. Само да пробаш да ја затегнеш средната осовина и луфтата да се изгуби.
2. Да извадиш се што е внатре, да исчистиш убаво, да ставиш нови лагерчиња кои ќе ги удавиш во маст, да ставиш маст на навојот на шолјата и да ја затегнеш.
3. Да купиш нова, машинска/индустриска средна осовина, нешто како оваа на линкот, и сервисот кај што ќе ја купиш да ја вгради зошто и за неа си треба специфичен алат: Средна осовина VP

Третото решение ти е трајно, но тука треба да се запрашаш дали инвестицијата е вредна (т.е. дали ќе го возиш точакот уште).

Поздрав, се надевам помогнав нешто.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.137

За година-две кога ке соберам пари планирам да купам нов точак, инаку со овој планирам да го возам низ град кога ке ми треба за некоја работа. Инаку фала многу за објаснувањето, должник сум ти ;)
 
Член од
30 ноември 2015
Мислења
47
Поени од реакции
18
Каде можам да најдам некои посолидни пакни за механички диск и која марка да барам ?
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
НАЈГОЛЕМА АКЦИЈА НА ВЕЛОСИПЕДИ, СКИ И ВЕЛОСИПЕДСКА ОПРЕМА! Купон по избор со кој добивате до 40% попуст на облека, велосипеди, скии, опрема и велосипедски додатоци од над 30 познати светски брендови во Nomad

(https://grouper.mk/deal/nomad-najgolem-popust-kupon-po-izbor)

Навалете!

Купон за цел асортиман освен скии и велосипеди - 99 ден.
Купон за скии и велосипеди - 299 ден.

40% попуст на сите производи од брендовите: Campagnolo, Helly Hansen, Dare 2be, F-Lite, HAD, X-Bionic, Savoy, Gerber, Sigg, Ticket To The Moon, Alpina Sports
35% попуст на сите производи од брендот: Kreidler
30% попуст на сите производи од брендовите: Rossignol, Ghost (Mountain Bikes), Haibike (Mountain Bikes), Winora, Micro, Chillafish, SKS, AXA, Silva, Light My Fire, GSI Outdoors, Littlelife, Zainer, Braun, Dynafit
20% попуст на сите производи од брендовите: Ghost (Road Bike), Ghost (E-Bike), Haibike (E-Bike), Suunto
20% попуст на делови и додатоци за велосипеди
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Дечки, ве молам! Ако некој оди во Номад да разгледува или купува, прашајте ми за редовни цени за летни долни биб-шорцеви, со прерамки!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom