Општи вело муабети, прашања, совети

Дискусија во форумот 'Велосипедизам' започната од Anonymus1, 2 јули 2005.

  1. Rocker05

    Rocker05

    Член од:
    7 јуни 2013
    Мислења:
    56
    Допаѓања:
    36
    За жал натаму уште не сум бил, летово здравје со некоја тура можеби бидејќи касно купив опрема (башка уште кацига не сум земал) и доста време ми требаше да се навикнам од стариот (26-ка) на новиот (29-ка) точак.

    Мене ми заличи малце на патот на десно после Лешочкиот манастир што оди накај Брезно. Како овој што го спомна исто има голем успон (не знам точно колку) со 2-3 делови каде што се израмнува. Со кола над втора брзина нема шанси да го извозиш нагоре.

    Уште сега планирам една тура напролет до таму со новиот точак, само да најдам уште некоја будала како мене што ќе може да весла до горе. :D
     
  2. Martinmkd

    Martinmkd Roadie

    Член од:
    20 мај 2009
    Мислења:
    209
    Допаѓања:
    297
    Ако сакаш предизвици со јаки успони, имаме уште појаки тури во полошкиот регион. Најстрашната е до село Корито, 10 километри со просечен успон од 9%:

    https://www.strava.com/segments/11046504

    Јас искрено немам муда да го возам ова, затоа и никогаш не сум го пробал - веројатно нема ни да го пробам. :)
     
  3. Rocker05

    Rocker05

    Член од:
    7 јуни 2013
    Мислења:
    56
    Допаѓања:
    36
    Може, ако примате со MTB :D
     
    На Martinmkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. D_T

    D_T Чорбаџи Димко

    Член од:
    8 март 2009
    Мислења:
    1.946
    Допаѓања:
    1.470
    Другар, сподели искуство за болдираново.
    Вреди ли веднаш да се направи преминов или пишман (беше) си сега и те фаќа носталгија за 26-ка?! Баш ме интересира за колкав временски период мислиш на ова доста време. Можеби е прашање на вкус и индивидуална ствар, но вреди да се прочита мислење на патилец :D

    ..................
    Каков брутален сегмент е ова бе... :несвест: на повеќе места преку 30% угорница оди, а на еден дел и 60% е. Да се замислат и професионалци дали да го возат.
     
  5. Rocker05

    Rocker05

    Член од:
    7 јуни 2013
    Мислења:
    56
    Допаѓања:
    36
    Зависи како и каде претежно возиш.
    За мене отпрвин беше чудно, како да се качуваш од мала кола во џип, ама за две недели ќе го навикнеш на кривини и избегнување дупки а за уште две недели максимум останатото.

    Мислам дека нема потреба да кажувам колку е поспор и потромав на брзи реакции од 26-ка и повисоката позиција на возење.
    За преносот гледај задната касета да ти е со повеќе запци а предниот запчаник да биде помал бидејќи со 29-ка имаш поголема маса за придвижување од место ако планираш да го возиш на рамно или на угорници и дополнителен замор при возење од пошироките гуми и поголема целовкупна тежина на која не секој може да се навикне.
    Јас на пример имав колку толку кондиција набиено уште од 26-ката (бидејќи ми се расипа левиот шалтер и некако успеав да го заглавам на најголемиот запчаник и на 6-та позади па така го возев две години и на рамно и на успон додека не најдов замена) па не ми дојде многу тешко наеднаш.

    На 26-ката се враќам од време на време кога ќе биде слободна бидејќи мајка ми си го присвои за на работа, и секој пат кога ќе ја возам макар и до продавница се воодушевувам како лежи на кривини при високи брзини и колку брзо можеш да ја маневрираш низ дупки и гужви (зборуваме за челични рамови), а поготово за паркирање немам ништо лошо да кажам - секаде ја собира.

    Поради гореспоменатото земав уште една 26-ка од форумџија кој е моментално во процес на средување и планирам да известувам за прогресот викендов кога ќе го почнам.

    Да пробаш директно да ги споредиш е како да споредуваш Свифт со Соренто. Едното го бива повеќе за по град, другото за на планина. Најдобро е да позајмиш од некого 29-ка за неколку возења по рамно и планина па самиот да донесеш одлука дали би се "апгрејднал"
     
    На D_T му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hack3ngin3

    hack3ngin3 I Love ..................... (‿ˠ‿) & (。 Y 。)

    Член од:
    24 април 2010
    Мислења:
    905
    Допаѓања:
    1.535
    Ќе ве замолам да ми кажете продавница каде што би можел да купам некој средна класа амортизер/дампер, не ми е за точак туку ми треба за друг проект.
     
  7. Martinmkd

    Martinmkd Roadie

    Член од:
    20 мај 2009
    Мислења:
    209
    Допаѓања:
    297
    Единствени во Скопје што може да чуваат таква роба на лагер се Pro Sport, Бајкстоп и ново-отворените Nomad Mobility.

    - Про Спорт се наоѓаат во околина на грчка амбасада, уличката покрај Plaset донерџилницата излага буквално на продавницата.
    - Бајкстоп се на Орце Николов, веднаш карши влезот на Боемска улица, тешко е да се промаши нивната реклама.
    - Nomad Mobility се наоѓа на местото на поранешниот салон за BMW, Мак Кар, до Аутомакедонија.

    Ако ти е за експериментирање и не ти се даваат многу пари, убаци се во групава на фејсбук и пиши си пост дека бараш амортизер (претпоставувам заден).
    - https://www.facebook.com/groups/1678303075781557/
     
    На hack3ngin3 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: