Читам последните неколку саати, сфатив дека ова е повисока класа на точак по брзините, хидраулика и по цената која што ја имал кога искочил.
Ме плашат само потеницијалните давачки ако купам велосипед кој мене би ми изгледал ОК кога ќе го видам а реално му е потребен поголем сервис.
Сум купувал компјутери, телефони, таблети на старо ама друго е кога се разбираш во нешто и знаеш што може да биде дефектот а со точациве сум тотален нуб.
На што би требало да обрнам внимание при основната проверка и дали има уопште начин да приметам дали е некој битен дел дефектен?
Фала уште еднаш
@Martinmkd.
Основна проверка ти е:
Дали има луфта во главините (ќе го мрднеш лево-десно и предниот и задниот бандаж, ако осеќаш дека клати тогаш лагерите се за менување)
Дали се бандажите прави (ќе го превртиш наопачки точакот, сега не знам дали тие со хидраулични кочници можеш да ги превртуваш сум слушнал дека може да си направиш проблеми, и ќе ги свртиш рачно предниот и задниот бандаж и ако не ти е страв стави го прстот на рамот блиску до обрачот и полека доближувај го се додека немаш 1 милиметар растојание помеѓу бандажот и прстот и ако гледаш дека ти се оддалечува па доближува до прстот тоа значи дека е крив, и додека се врти бандажот слушај дали произведува некаков звук на гребење, и проверка на затегнатост на шпиците така што ќе фатиш две една до друга и полека ќе ги притиснеш со раката)
Дали се роторите прави (додека е превртен сврти ги бандажите и ѕирни во шепите дали роторот шета лево десно)
Дали има луфта во виљушката и дали функционира како што треба (ќе ја фатиш за долниот дел и исто напред-назад, лево-десно, горе-доле и ќе ја стиснеш предната кочница и ќе го мрдаш точакот напред назад, ако има ремонт ти е од 1000-1500 а некогаш не се ни исплати)
Дали ланецот и запците на касетите се изедени (за ланецот има специјален алат, а запците ќе ги споредиш со слика од интернет или на изглед ако се врвовите доста изедени тоа укажува дека се бајаги возени)
Дали има луфта во средната осовина (фати ги рачките од педалите и пробај да ги мрднеш лево-десно)
После ова следува тест-возење и дополнителна проверка на амортизерот/ите, кочниците, шалтерите во сите брзини и на крај визуелна инспекција на сите делови за површинска или подлабока оштета.
Ова е најосновното што мора да го провериш, другото не е толкав проблем и не би било многу скапо за поправање. Ако сум пропуштил нешто слободно дополнете ме.