Дечки , има некои искуство со купување на Evans Cycles ,праткава испратена е на 12 Јануари , сеуште не е стасана.Одбрав опција без tracking поефтина беше сеа незнам ни дали влегла у државава нит бутур.Од Customer support викаат контактирај пошта.Прашав неколку пати во поштавава во Карпош ама нема ни трага ни глас.
Пратките уредно си пристигнуваат, барем до сега сум немал проблем и сите биле без код за пратење. Главно пристигнуваат од 2 до 3 недели. Но сум имал и пратка која ја чекав поќе од 4 недели, истото ми се има случено и со CRC. Почекај да заврши оваа недела, па види ако не ја добиеш пак, обрати се на customer сервисот. (Или ќе ти ги испратат производите повторно или ќе ти ги вратат парите назад).
Можни се следниве ситуации:
1. Пратката да е изгубена (шо чисто сумљам)
2. Тотална "ажурност" на фиром царина и пошти (таму ти е све калакурница)
3. Да и го имат некој пикот фрљено од горе набедените служби
Во секој случај, не се нервирај и свиркај си, Еванс ти се ептен професионални ќе најдат решение.
Пиши упдејт шо стори и пофали ни се шо имаш нарчано ко ќе стигнет