Одлично! Супер изгледа, ми се свиѓа што си се одлучил за погон со една ѕвезда напред. Помалку зезанции, помалку одржување.
Зараза е репарацијава, јас веќе средив два точаци и барам трет проект сега
Првиот беше швајцарски точак кој го добив на подарок, многу сличен на твојот. Тоа ми беше прв проект и фрлив преку 9000 денари во него, по што го извозив околу 2500 километри и го продадов - за чудо без загуба.
Вториот го најде сестра ми на терасата од станот во кој се всели минатово лето. Газдата немаше поим чив е точакот, па нормално јас си го земав, го префарбав, го наштелував, подмачкав и сега си е топ. Се тоа ме кошташе 600 денари, и сеа татко ми си има градски точак со корпа, ако му притреба
Следен проект ми е женски точак (женска рамка) или пак ROG Pony, зависи што ќе улета. Тој точак ќе го средам по пропис со пластифицирање во Златна рака, квалитетни делови и нови потрошни материјали, и ќе го чувам за мене за градски (префрлајќи нога преку машкиве рамови, скинав 2 пара фармерки кои не беа баш ефтини, затоа сега барам женски рам
)
П.С. За следниот проект (ако воопшто се нафаќаш), челична четка на бормашина е супер за вадење боја, да не мораш да шмирглаш 3 дена и после да китираш.
Голиот метал го прскаш со некоја основна боја за метал, после со шприц кит, шмирглаш и фарбаш со боја за беспрекорен финиш.