Општи вело муабети, прашања, совети

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Дечки што предно светло имате? Ми треба идеа не знам што да акнам да сија =D
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Убаво си кажа и Зоц и други членови да не ги потенцирам сите неколку страни наназад, внимавајте со кого си фаќате работа се најдуваат и ок и ептен батал точаци.
Само да пренесам едно искуство од пријателче, германски точаци од "баби" возени, модел на Унивега, на сервис му ја отворија виљушката (зш се пожали дека не работела ко шо требит), внатре шо ќе видат, виљушката туршија сторена и пукнатинка на истата колу едно влакно од коса.
Така да си зеде нова виљушка, која верижно му повлече и смена на нова предна главина (зато шо старата не лежела баш најдобро) му го преплетија и бандажот му склопија се и сега си тера.
На постоечката цена, си потроши уш едно мало богатство за да биде сигурен и безбеден кога ќе вози.
Добро е и точак што добил некаков.Јас ќе дадев пари за Ауди,а на крај ни знакот од Ауди немаше да го добијам. Нешто у случај како Фиком становите:lut:[DOUBLEPOST=1427018712][/DOUBLEPOST]
Дечки што предно светло имате? Ми треба идеа не знам што да акнам да сија =D
Сакаш да ти осветлува или само да ти трепка и да те гледаат тие од спротива.

АКо е за првото ќе треба да дадеш едно 500 денари.Второто може да поминеш на пазар и за 150 денари имаш комплет позади и напред и се доста прилагодиви.Само ги закачуваш и возиш.Нема ни стегање ни штрафови ни ништо.Ептен комотна работа.
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Да се убацам и јас во дискусија за MTB до 30.000 денари. Го продадов road-от што сам од рамка го склопив за да се префрлам на MTB - 29er поради разновидноста која може да се постигне со велосипед со такви тркала. Имено, голем дел од 29-ките собираат гуми од road (ефективно ист дијаметар 622 или 700c само малку поширок обрач) и со тоа можам комотно да упасирам 700-28c гуми и да не изгубам многу на брзина по асфалт.

Е, тука почињаат проблемите. :) За 30.000 денари во Македонија се продаваат точаци кои на ново пред 2 години чинеле 40.000 денари, а опремата им е тиња тињосана. Со самото тоа што јас треба да ја дадам стипендијата за тој точак, гледам дека јас во Македонија нема да ги потрошам тие 30.000 денари.

Спасот е Србија, каде и онака треба да идам фамилијарно во наредниов месец. Си бендисав едно Кјубче со S рамка (јас сум на граница меѓу S и M) со RockShox Reba Air амортизер за под 500 евра. Иако е увезен и поим немам како е возен, поквалитетен е од нешто со Acera и XCT амортизер. Ако ми закачат царина, јебига, таква ми била среќата. :)

Поентата ми е, се додека македонецот се понаша како македонец и пробува да ќари абнормална сума пари на нешто што вреди пола од вредноста, нема да пазарувам тука. Ако сте во можност да донесете нешто од Србија, не чекајте тукашни понуди. Единствено нешто во моментов, кое вреди за парите е KTM-от постиран малку погоре, но со толкава рамка си има и ограничен број на купувачи.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Добро е и точак што добил некаков.Јас ќе дадев пари за Ауди,а на крај ни знакот од Ауди немаше да го добијам. Нешто у случај како Фиком становите:lut:[DOUBLEPOST=1427018712][/DOUBLEPOST]
Сакаш да ти осветлува или само да ти трепка и да те гледаат тие од спротива.

АКо е за првото ќе треба да дадеш едно 500 денари.Второто може да поминеш на пазар и за 150 денари имаш комплет позади и напред и се доста прилагодиви.Само ги закачуваш и возиш.Нема ни стегање ни штрафови ни ништо.Ептен комотна работа.
Имам веќе задно црвено, сега сакам и напред да додадам за да ми свети доколку имам потреба да осветлам пред мене а и опција за трепкање. Ги читам спецификациите и сите ми се whatever (пошто ништо не разбирам). Мислев од искуство некој да препорача конкретен модел/производител пошто не сакам да купам нешто што ќе се расипе на првиот дожд или да прекинува да свети на нерамен терен. Цената е споредна ама еве да речеме 1-2к доволно за солиден модел?
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
А овој што шитка KTM (кај Палма во K4), има ли официјален сајт, Facebook fan page, нешто такво? Ај ако некој знае нека пише.
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Имам веќе задно црвено, сега сакам и напред да додадам за да ми свети доколку имам потреба да осветлам пред мене а и опција за трепкање. Ги читам спецификациите и сите ми се whatever (пошто ништо не разбирам). Мислев од искуство некој да препорача конкретен модел/производител пошто не сакам да купам нешто што ќе се расипе на првиот дожд или да прекинува да свети на нерамен терен. Цената е споредна ама еве да речеме 1-2к доволно за солиден модел?
Сосема доволно, побарај во Outdoor, имаа доста голем избор на Sigma светла. Имаш и од Topeak во Проспорт.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Може ли некој што возел SRAM и Shimano менувачи, да ми каже која е реалната разлика помеѓу различните actuation ratios (cable pull : derailleur movement)? Нели кај Shimano e 1:2, кај SRAM е 1:1. Кои се pros и cons кај едните и другите системи?
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
1:2 системот на Шимано е уствари следниот принцип: ти го влечеш/буткаш шалтерот 1цм, он преку механизми се движи 2цм. Тука имаш многу помала толеранција на раштелувани менувачии и cable stretch кој неизбежно се појавува со време.

Системот на СРАМ е теоретски поотпорен на овие работи и ако некогаш ти заглави меѓу брзини (заради раштелување или слично), со самиот шалтер со 1/4 притискање можеш да погодиш точно да легне во брзина.
Кај Шимано 1/4цм притискање на шалтер значи 1/2цм движење во менувачот и многу е потешко да се вози раштелуван систем, затоа си бара секогаш да биде во тип топ состојба.
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Што извадив од подрум само. Ептен ретро Peugeot PH18M модел од 1984 година. Сменив задна внатрешна гума, извадив динамо и предно светло, стегнав малце и сум спремен сега за пролет. :D

IMG_20150321_130139.jpg
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Што извадив од подрум само. Ептен ретро Peugeot PH18M модел од 1984 година. Сменив задна внатрешна гума, извадив динамо и предно светло, стегнав малце и сум спремен сега за пролет. :D

Прегледај го приврзокот 117409
Супер точаче и во добра состојба, ако си педантен земи си едно волнено крпче, на него напрскај по малку WD-40 и исполирај го полека.
 
Член од
29 март 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сакам да го купам точаков и ме интересира мислење и дали е реална цената. Ќе се користи за низ град, значи воглавно асфалт и дупки. Како што гледам предниот амортизер е со локаут, задниот диск е хидраулика. Ме интересира и дали е премногу замарање со дискојве т.е одржување, штеловање и сл.

"Specialized HRXC golemina S 15"
CENA 13.000 denari."

 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Сакам да го купам точаков и ме интересира мислење и дали е реална цената. Ќе се користи за низ град, значи воглавно асфалт и дупки. Како што гледам предниот амортизер е со локаут, задниот диск е хидраулика. Ме интересира и дали е премногу замарање со дискојве т.е одржување, штеловање и сл.

"Specialized HRXC golemina S 15"
CENA 13.000 denari."
Цената е ниска дури за опремата што ја има, ама најверојатно точакот си е извозен солидно.

Може да имаш проблем ако се роторите искривени и се веќе истрошени барем што се однесува на дисковите.
Пакните се потрошен материјал и тие ќе ги промениш ако се потрошени.

Многу важна работа е што е ова мал рам и е за висина до кај 160.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom