Погледни ги табовите горе и кажи ми дали сум размислил убаво.
Се изгубив, буквално. На ново освен entry level bike, друго ништо не може да очекувам за до 25000, но на старо гледам дека има премногу избор и тоа велосипеди многу малку возени некои освен асфалт не ни виделе кал или офроуд.
Половно другар најубаво од овие швајцарскиве,германски итн.НЕколку продавачи кај нас имаат лоша заработка поради увозот на велосипеди од горе.Едноставно имаат јака конкуренција.
Јас три точака сум земал до сега половни(ако може така и да ги наречам) и сите три а особено последните два беа речиси гланц нови.
Не се согласувам дека сите велосипеди половни се ок,но ако бидеш упорен и бараш можеш да најдеш убави велосипеди.Сум го споменал Орце многупати до сега,дека кај него нема промашување,моделите некогаш и најнови 2014,а цените се тхе бест,но за жал еднаш годишно носи човекот,така да он отпаѓа во моментов,освен ако не ти се чека до август а можда и до другиот август.
Не се знае јбг.
Втора опција Би проверил кај Ристо,но за жал ретко се наоѓаат понови модели барем по фејсбук што гледам,обично носи постари модели,и некои како што гледам ги сервисира.
Сепак има некои неверојатно сочувани велосипеди што сум ги гледал.
Значи треба да внимаваш од кого зимаш.Реално тука велосипеди што се возени,а да се продаваат евтино не би ги ни погледнал,бидејќи нашиве ретко ги одржуваат велосипедите или пак кога ќе се расипе нешто а е скапо за оправка,тогаш ги продаваат.
Така да некој ако носи половни од Швајцарија,а да не го возел тука,и да не го сервисира би ти бил ок критериум за пребарување.Па и да има ситен дефект,а да би имал добра цена пак би ти било супер работа.
И нека не те плашат.Не е толку зезнато да купиш половен велосипед како колите.За неколку минути се проверува велосипедот дали е во ред или не.Значи се се гледа,колку и како е потрошено.Механика е,не е електроника,Така да некој што се разбира најубаво со тебе и немаш грешка
Така да дека може да се зезнеш и да купиш полиран(зар и вакво нешто има)
шансите се 0.5%
Потоа само можеш да си го однесеш да ти го подмачкаат и стегнат(онаму каде што ти сакаш,а не да си лимитиран на една продавница кога би го купил нов и да чекаш по 3-4 дена да дојдеш на ред за сервис)
Се си има своја предност,но јас за наш стандарт повеќе предност давам на половните(кои во мојот случај беа нови)
Предности на новите.
Предности на половен(овде мислам на велосипеди од надвор,а не тука возени)и се разбира сочуван примерок
- Возиш поквалитетен велосипед наменет за западен пазар
- Добиваш појаки делови за цената
- Добиваш повеќе на перформанси бидејќи возиш повисока класа.
- Си го носиш каде сакаш на сервис,за разлика од новиот каде си лимитиран од
- таму кај што си го купил,инаку губиш гаранција,а верувај ова е факт кој луѓето го занемеруваат,а е страшно битно особено во тек на сезона кога треба да дојдеш на сервис за исправање на тркало,а пред тебе има 20 точака и си одиш дома пеш оставајќи го точакот на сервис.А баш златни денови за возење губиш.
- За парите си докупуваш опрема,која препорачувам да е нова и да не се штеди на неа.
Значи јас би предложил половен но што е можно подобро сочуван примерок.Верувај дека за до 20000 денари правилото ново е ново не важи воопшто.Бидејќи за тие пари добиваш велосипед со слаби делови,потешки делови,слаби обрачи на тркалата кои ќе се виткаат итн.
Кај половниот пак Напротив ако одбереш добар примерок на половен велосипед со јаки делови шансите да одиш на сервис се помали од нов.Имаат појаки обрачи,полесни делови,така да маките би се сведеле на минимум.[DOUBLEPOST=1425703566][/DOUBLEPOST]
Мене селекција ми е тоа кога ќе отворам на фејсбук кој го продава точакот и ако имаме повеќе од 5 заеднички пријатели го исклучувам веднаш од изборот.
Проблемот е што не можеш да знаеш дали и колку е возен како што спомна зоц ако добро го издрифтаат ланец, осовини и го исполираат.
Има дечки кои дрнкаат по планини 3000 км. годишно и за една, две години ќе ги потрошат деловите додека рамката изгледа беспрекорно.
Некогаш за да смениш добра гарнитура на опрема ќе потрошиш повеќе од 20.000, ако е потрошена и виљушката тогаш појде околу 30.000.
Затоа некои се одлучуваат да пуштат точак по поефтина цена, потоа дадат некој денар плус и земат нов точак и возат две сезони активно.
Има и добри точаци ефтино, ама пред да го купиш распрашај се дали човекот што го продава е некој што активно се занимава со велосипедизам.
Би се сложил половичнио со тебе со тоа што велиш дека ако имаш 5 заеднички пријатели дека не би чинел.
Во право си дека може да е отиден,но не значи дека со оној што немаш заеднички пријател дека ќе биде нов.
Напротив.Доколку не се разбира голема е веројатноста да го упропасти велосипедот.Пример можам да го споменам колегата.Тој вика,јас немам поима од велосипеди.Направете ми само да го возам.Знаеш колку пати му се раштелувал менувачот и го возел меѓу запчаници,и колку пати му прерипувал ланецот.Колку пати го возел со полуиздишана гума до работа.Дури кога ќе стигне на работа јас му ја пумпам гумата или штелувам брзините.А од дома до работа колку пати само му прерипувал ланецот или се кривел бандажот додека да дојде.
Така да има се.Има луѓе кои ќе купат и нов велосипед.На пример татко ми има еден пријател кој си работи на убаво работно место и си е материјално средн.Типов во години човек 50-60 си вели мене не ми се проблем 20000 денари и ќе купам поубав точак,да не возам Собим и да ми се расипува.Овој оригинал повеќе ќе трае.И така човеков си го купил велосипедот Трек 4300 уште пред 4-5 години,па може и повеќе.Значи човеков нема врска од велосипеди,туку ете решил да си купи алуминимуски поубав точак.Отишол во продавница и рекол што ќе ми препорачате и тоа земал
Знаеш ли кога го видов пред некое време каков беше точакот и што човекот се не ми кажа.
Мислам во ред е точакот.Си вози,ама знаеш што вели.Јас не се ебавам со крпа да го бришам туку им давам на едни вулканизери во комшии по 20-30 денари и ќе го поминат еднаш со вап и како нов е.
Гумици за кочење одам еднаш вика кај дац и ми вика 400-500 денари.Ех си викам.На пазар се две за 50 денари.Ќе си купам и сам ќе си ги наместам(и можеш да замислиш како ги наместил)
Обрачи криви.Ги центрира еднаш годишно.Луфта на волан и што уште не.
Така да еве ти пример за човек кој не се занимава со возење низ водно и други планини дека има 10 пати полош точак од тебе и мене сигурно.За него он смета дека купил скап точак и дека не треба ништо да чепка и ќе му трае 20 години.Некој менталител од Југославија веројатно.
И замисли сега одиш и велиш типов е прв газда,точакот квалитетен.Дај ќе го земам.А тој пуштил душа уште одамна.