Општи вело муабети, прашања, совети

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Мене селекција ми е тоа кога ќе отворам на фејсбук кој го продава точакот и ако имаме повеќе од 5 заеднички пријатели го исклучувам веднаш од изборот. :D

Проблемот е што не можеш да знаеш дали и колку е возен како што спомна зоц ако добро го издрифтаат ланец, осовини и го исполираат.
Има дечки кои дрнкаат по планини 3000 км. годишно и за една, две години ќе ги потрошат деловите додека рамката изгледа беспрекорно.
Некогаш за да смениш добра гарнитура на опрема ќе потрошиш повеќе од 20.000, ако е потрошена и виљушката тогаш појде околу 30.000.
Затоа некои се одлучуваат да пуштат точак по поефтина цена, потоа дадат некој денар плус и земат нов точак и возат две сезони активно.

Има и добри точаци ефтино, ама пред да го купиш распрашај се дали човекот што го продава е некој што активно се занимава со велосипедизам.
Тоа е тоа, за тоа зборев.[DOUBLEPOST=1425634704][/DOUBLEPOST]
Дечки што лепите-ставате на рамот одоздола да не се оштетува од прскањето од камчињата од предното тркало.
Ништо, сум возел безброј пати офроуд, мавале камчиња, ама не сум приметил некои сериозни оштетувања на бојата. Инаку може да залепиш пластифицирана фолија во боја на точакот, ја има по студијава за графика и отпорна е на временски влијанија.
 
Последно уредено:
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620

Погледни ги табовите горе и кажи ми дали сум размислил убаво.
Се изгубив, буквално. На ново освен entry level bike, друго ништо не може да очекувам за до 25000, но на старо гледам дека има премногу избор и тоа велосипеди многу малку возени некои освен асфалт не ни виделе кал или офроуд.
Половно другар најубаво од овие швајцарскиве,германски итн.НЕколку продавачи кај нас имаат лоша заработка поради увозот на велосипеди од горе.Едноставно имаат јака конкуренција.

Јас три точака сум земал до сега половни(ако може така и да ги наречам) и сите три а особено последните два беа речиси гланц нови.
Не се согласувам дека сите велосипеди половни се ок,но ако бидеш упорен и бараш можеш да најдеш убави велосипеди.Сум го споменал Орце многупати до сега,дека кај него нема промашување,моделите некогаш и најнови 2014,а цените се тхе бест,но за жал еднаш годишно носи човекот,така да он отпаѓа во моментов,освен ако не ти се чека до август а можда и до другиот август.:)Не се знае јбг.
Втора опција Би проверил кај Ристо,но за жал ретко се наоѓаат понови модели барем по фејсбук што гледам,обично носи постари модели,и некои како што гледам ги сервисира.
Сепак има некои неверојатно сочувани велосипеди што сум ги гледал.

Значи треба да внимаваш од кого зимаш.Реално тука велосипеди што се возени,а да се продаваат евтино не би ги ни погледнал,бидејќи нашиве ретко ги одржуваат велосипедите или пак кога ќе се расипе нешто а е скапо за оправка,тогаш ги продаваат.

Така да некој ако носи половни од Швајцарија,а да не го возел тука,и да не го сервисира би ти бил ок критериум за пребарување.Па и да има ситен дефект,а да би имал добра цена пак би ти било супер работа.

И нека не те плашат.Не е толку зезнато да купиш половен велосипед како колите.За неколку минути се проверува велосипедот дали е во ред или не.Значи се се гледа,колку и како е потрошено.Механика е,не е електроника,Така да некој што се разбира најубаво со тебе и немаш грешка

Така да дека може да се зезнеш и да купиш полиран(зар и вакво нешто има)o_O шансите се 0.5%

Потоа само можеш да си го однесеш да ти го подмачкаат и стегнат(онаму каде што ти сакаш,а не да си лимитиран на една продавница кога би го купил нов и да чекаш по 3-4 дена да дојдеш на ред за сервис)

Се си има своја предност,но јас за наш стандарт повеќе предност давам на половните(кои во мојот случај беа нови)

Предности на новите.
  • Возиш најнов модел 2015
Предности на половен(овде мислам на велосипеди од надвор,а не тука возени)и се разбира сочуван примерок

  • Возиш поквалитетен велосипед наменет за западен пазар
  • Добиваш појаки делови за цената
  • Добиваш повеќе на перформанси бидејќи возиш повисока класа.
  • Си го носиш каде сакаш на сервис,за разлика од новиот каде си лимитиран од
  • таму кај што си го купил,инаку губиш гаранција,а верувај ова е факт кој луѓето го занемеруваат,а е страшно битно особено во тек на сезона кога треба да дојдеш на сервис за исправање на тркало,а пред тебе има 20 точака и си одиш дома пеш оставајќи го точакот на сервис.А баш златни денови за возење губиш.
  • За парите си докупуваш опрема,која препорачувам да е нова и да не се штеди на неа.

Значи јас би предложил половен но што е можно подобро сочуван примерок.Верувај дека за до 20000 денари правилото ново е ново не важи воопшто.Бидејќи за тие пари добиваш велосипед со слаби делови,потешки делови,слаби обрачи на тркалата кои ќе се виткаат итн.

Кај половниот пак Напротив ако одбереш добар примерок на половен велосипед со јаки делови шансите да одиш на сервис се помали од нов.Имаат појаки обрачи,полесни делови,така да маките би се сведеле на минимум.[DOUBLEPOST=1425703566][/DOUBLEPOST]
Мене селекција ми е тоа кога ќе отворам на фејсбук кој го продава точакот и ако имаме повеќе од 5 заеднички пријатели го исклучувам веднаш од изборот. :D

Проблемот е што не можеш да знаеш дали и колку е возен како што спомна зоц ако добро го издрифтаат ланец, осовини и го исполираат.
Има дечки кои дрнкаат по планини 3000 км. годишно и за една, две години ќе ги потрошат деловите додека рамката изгледа беспрекорно.
Некогаш за да смениш добра гарнитура на опрема ќе потрошиш повеќе од 20.000, ако е потрошена и виљушката тогаш појде околу 30.000.
Затоа некои се одлучуваат да пуштат точак по поефтина цена, потоа дадат некој денар плус и земат нов точак и возат две сезони активно.

Има и добри точаци ефтино, ама пред да го купиш распрашај се дали човекот што го продава е некој што активно се занимава со велосипедизам.
Би се сложил половичнио со тебе со тоа што велиш дека ако имаш 5 заеднички пријатели дека не би чинел.

Во право си дека може да е отиден,но не значи дека со оној што немаш заеднички пријател дека ќе биде нов.

Напротив.Доколку не се разбира голема е веројатноста да го упропасти велосипедот.Пример можам да го споменам колегата.Тој вика,јас немам поима од велосипеди.Направете ми само да го возам.Знаеш колку пати му се раштелувал менувачот и го возел меѓу запчаници,и колку пати му прерипувал ланецот.Колку пати го возел со полуиздишана гума до работа.Дури кога ќе стигне на работа јас му ја пумпам гумата или штелувам брзините.А од дома до работа колку пати само му прерипувал ланецот или се кривел бандажот додека да дојде.

Така да има се.Има луѓе кои ќе купат и нов велосипед.На пример татко ми има еден пријател кој си работи на убаво работно место и си е материјално средн.Типов во години човек 50-60 си вели мене не ми се проблем 20000 денари и ќе купам поубав точак,да не возам Собим и да ми се расипува.Овој оригинал повеќе ќе трае.И така човеков си го купил велосипедот Трек 4300 уште пред 4-5 години,па може и повеќе.Значи човеков нема врска од велосипеди,туку ете решил да си купи алуминимуски поубав точак.Отишол во продавница и рекол што ќе ми препорачате и тоа земал

Знаеш ли кога го видов пред некое време каков беше точакот и што човекот се не ми кажа.
Мислам во ред е точакот.Си вози,ама знаеш што вели.Јас не се ебавам со крпа да го бришам туку им давам на едни вулканизери во комшии по 20-30 денари и ќе го поминат еднаш со вап и како нов е.
Гумици за кочење одам еднаш вика кај дац и ми вика 400-500 денари.Ех си викам.На пазар се две за 50 денари.Ќе си купам и сам ќе си ги наместам(и можеш да замислиш како ги наместил)

Обрачи криви.Ги центрира еднаш годишно.Луфта на волан и што уште не.

Така да еве ти пример за човек кој не се занимава со возење низ водно и други планини дека има 10 пати полош точак од тебе и мене сигурно.За него он смета дека купил скап точак и дека не треба ништо да чепка и ќе му трае 20 години.Некој менталител од Југославија веројатно.:)

И замисли сега одиш и велиш типов е прв газда,точакот квалитетен.Дај ќе го земам.А тој пуштил душа уште одамна.
 
Последно уредено:

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
И нека не те плашат.Не е толку зезнато да купиш половен велосипед како колите.За неколку минути се проверува велосипедот дали е во ред или не.Значи се се гледа,колку и како е потрошено.Механика е,не е електроника,Така да некој што се разбира најубаво со тебе и немаш грешка.
Мислам дека не ја сфати поентата на напишаното. Не ги споредив колите и точаците технолошки (електроника и механика) :ROFLMAO: !!! Стварно ме насмеа. :) Туку изговорот т.е. убедувањата на некои продавачи на стари точаци дека " ич не се возени" e исто со тоа кога купуваш кола на старо и ти речат "топ е, баба ја возела". Тоа беше муабетот, старо е старо и ново се и ново. Ете, сега ти е јасно.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Член од
21 јули 2010
Мислења
352
Поени од реакции
320
Еве јас како почетник да се вклучам во темата околу половен/нов бајк, чисто да ја споделам мојата случка- можеби ќе помогнам на некого околу дилемата-ново/половно.
Значи голема желба ми беше од градскиот да преминам на нешто поквалитетно со кое ќе можам да отидам до Средно или околните тури околу Скопје.Минатата година околу април, дечко ми после мн време собирање пари реши да земе бајк, но сакаше исклучиво нов. Го свртевме цел град, на крај само кај Џими во бајкстоп имаше 15-16 инчен за цената што можеше да си ја дозволи. Му даде солиден попуст и си зема X calibar 4. Се сеќавам во тој момент си реков, никогаш нема да можам и јас да си дозволам таков точак. Ме фасцинираше убавината, иако во тој момент не ни знаев ништо околу деловите и мн ми беше чудно точак да чини 30к :D

Дојде мај, си седам на фб и одеднаш се појавува Merida Matts 10 на спорти сејл, моите бои , 16 " рамка, цена 12.000. Викам ова е тоа, сосема неочекувано. Се снајдов за пари, отидов и го купив, точакот беше нов во однос на тоа дека немаше ни гребнатинка. Нормално возен, али една сезона, модел 2013 со гаранција сеуште. Деловите речиси беа исти со Трекот со единствена разлика дека на Меридата немаше дискови, ама сега и цената доста различна. Го извозев 2 месеци, средина на Јуни морав да заминам во странство, бајкот ми остана дома.
Се вратив во септември, го возев уште некое време и дојде зима.

Декември, си седам повторно на фб.....одеднаш се појавува Мерида на спорти сејл, повторно моите бои, али без никакво инфо. Точакот од мн чудна страна беше сликан, чак и тука го постирав али со консултација на zocc, решив во бајкмаркет да им пишам да ми кажат за кој модел се работи....... Merida big seven 2014 модел, ми пишува Дац. Утредента идење до Куманово, влагање во подрумот на дечкото, точаков буквално сијааа од што е нов. Ми го симнува на 11.000, викам дај да идеме додека не се предомислил :) Буквално не ми се веруваше што начекав, го однесов во бајкмаркет, ми проверија се, штелуваа тоа што требаше, се за 500че.
Јас пресреќна, дечко ми крајно изнервиран :D А првата Мерида успеав да ја дадам за 12.000
Неколку пати го проба и толку му требаше да се нафура дека сака од V-brake да премине на хидрулика, и еве сега ќе го продава Трекот и ќе зима пак нешто на ново, а уште е во долгови од првиот.

Муабетот ми е , може да се начекаат и добри работи на старо, а сосема сочувани и нови модели. Можеби ова мене што ми се случи е и мн повеќе е среќа, но некогаш и вреди да се почека и да не се избрзува. Работата е што мн луѓе пишуваат тука : собрав околу 22к сакам точак на ново, a и тие едвај ги собрале со позајмувања и сл. Не е само да го купиш точакот на ново, а каде е дополнителната опрема ? Јас со првиот точак немав ни кацига, ни маичка соодветна ни ништо, што крајно не е ок. После една година успеав да си набавам дополнителна опрема и тоа комбинација алиекпрес и нешто поквалитетно ама сепак потребни се минимум 3-4000 за основни работи. Така да, дали да се вози нов точак без никаква опрема или половен а сепак добар со опрема што е неопходна, одлучете :)

Се извинувам за долгиот пост :)
 
Последно уредено:
Член од
8 септември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
5
Сакам да купам половен велосипед од германија, до 200 евра, на што треба да внимавам?
која марка е најдобра? како да се провери дали е се во ред..и слично...
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
352
Поени од реакции
320
Преубави се езерата, кога одите нагоре по патот не може да ги видите, на некој 200 метри под врвот, скршнето десно, во дупката се под врвот.
Ете, се најдовме :) А баш сакав да те цитирам пред некој ден, да ми кажеш каде поточно се наоѓаат езерцава ?
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804

Езерцата се наоѓаат под врвот Убава, ова е патеката по која јас се движев
http://www.bikemap.net/en/route/2753493-pd-karadzhitsa-begovo-pole-salakovi-ezera-tsrn-vrv/

инсталирај си ја апликацијата bikemap на мобилен, напрај си акаунт на bikemap и селектирај си ја мапава во омилени и автоматски ќе ти ја отвори во мобилен преку апликацијата, е сеа јас лани со другарот малце се зезнавме, тргнавме да ја возиме во обратен правец, од Скопје дирекно за езерата, при што искочи прилично тешко, доста угорно, обично ја возеле турата преку Караџица, Бегово поле и до езерата, подолго но благ успон...али пак често знаеле и да се изгубат низ Бегово поле и со гармин...додека кога се оди дирекно преку Црни врв, нема кај да залуташ, одиш цело време кон врвот, имаш зададен правец.

http://www.makpetrol.com.mk/planinari/ReportsMk/Ubava-okt-2006.asp
еве добар текст за теренот

на фоткава кај црвената линија е патот по кој се движиш и не можеш да ги видиш езерата, но на некој 200 метри под врвот има разгазена патека во десно која води до езерата
 
Attachments

Член од
21 јули 2010
Мислења
352
Поени од реакции
320
Супер, фала мн. Јас би се паркирала кај Марков манастир и од таму : кроце-кроце и назад пак. Преубаво делува местово, а и воопшто не е делаку од Ск.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Еве јас како почетник да се вклучам во темата околу половен/нов бајк, чисто да ја споделам мојата случка- можеби ќе помогнам на некого околу дилемата-ново/половно.
Значи голема желба ми беше од градскиот да преминам на нешто поквалитетно со кое ќе можам да отидам до Средно или околните тури околу Скопје.Минатата година околу април, дечко ми после мн време собирање пари реши да земе бајк, но сакаше исклучиво нов. Го свртевме цел град, на крај само кај Џими во бајкстоп имаше 15-16 инчен за цената што можеше да си ја дозволи. Му даде солиден попуст и си зема X calibar 4. Се сеќавам во тој момент си реков, никогаш нема да можам и јас да си дозволам таков точак. Ме фасцинираше убавината, иако во тој момент не ни знаев ништо околу деловите и мн ми беше чудно точак да чини 30к :D

Дојде мај, си седам на фб и одеднаш се појавува Merida Matts 10 на спорти сејл, моите бои , 16 " рамка, цена 12.000. Викам ова е тоа, сосема неочекувано. Се снајдов за пари, отидов и го купив, точакот беше нов во однос на тоа дека немаше ни гребнатинка. Нормално возен, али една сезона, модел 2013 со гаранција сеуште. Деловите речиси беа исти со Трекот со единствена разлика дека на Меридата немаше дискови, ама сега и цената доста различна. Го извозев 2 месеци, средина на Јуни морав да заминам во странство, бајкот ми остана дома.
Се вратив во септември, го возев уште некое време и дојде зима.

Декември, си седам повторно на фб.....одеднаш се појавува Мерида на спорти сејл, повторно моите бои, али без никакво инфо. Точакот од мн чудна страна беше сликан, чак и тука го постирав али со консултација на zocc, решив во бајкмаркет да им пишам да ми кажат за кој модел се работи....... Merida big seven 2014 модел, ми пишува Дац. Утредента идење до Куманово, влагање во подрумот на дечкото, точаков буквално сијааа од што е нов. Ми го симнува на 11.000, викам дај да идеме додека не се предомислил :) Буквално не ми се веруваше што начекав, го однесов во бајкмаркет, ми проверија се, штелуваа тоа што требаше, се за 500че.
Јас пресреќна, дечко ми крајно изнервиран :D А првата Мерида успеав да ја дадам за 12.000
Неколку пати го проба и толку му требаше да се нафура дека сака од V-brake да премине на хидрулика, и еве сега ќе го продава Трекот и ќе зима пак нешто на ново, а уште е во долгови од првиот.

Муабетот ми е , може да се начекаат и добри работи на старо, а сосема сочувани и нови модели. Можеби ова мене што ми се случи е и мн повеќе е среќа, но некогаш и вреди да се почека и да не се избрзува. Работата е што мн луѓе пишуваат тука : собрав околу 22к сакам точак на ново, a и тие едвај ги собрале со позајмувања и сл. Не е само да го купиш точакот на ново, а каде е дополнителната опрема ? Јас со првиот точак немав ни кацига, ни маичка соодветна ни ништо, што крајно не е ок. После една година успеав да си набавам дополнителна опрема и тоа комбинација алиекпрес и нешто поквалитетно ама сепак потребни се минимум 3-4000 за основни работи. Така да, дали да се вози нов точак без никаква опрема или половен а сепак добар со опрема што е неопходна, одлучете :)

Се извинувам за долгиот пост :)
Oва е тоа што многупати сум го зборувал до сега.Има и стари добри само треба да се начека и внимателно при купување,особено ако човекот е непознат.За 30000 во продавница неможе ништо повеќе од стандарт да се добие.Не би се сложил само за облеката.
Таа останува,и квалитетот на неа е многу битен.Пеџа треска спорт има прифатливи цени,а квалитетна роба.

За Томас и да не зборувам.Си земав Castteli Roso Corsa.Сега малку скапички,ама револуционерен квалитет.
Неверојатно,не ми се веруваше пред да ги земам,но сега можам да кажам дека вредат секој денар.

Реално чичко али и сличните не ги погледнувам повеќе.За 10 евра квалитет едноставно неможе да има.[DOUBLEPOST=1425945645][/DOUBLEPOST]

За Томас и да не зборувам.Си земав Castteli Roso Corsa.
Kaков квалитет се.Неверојатно,не ми се веруваше пред да ги земам,но сега можам да кажам дека вредат секој денар.Кога дојде време за перење (пази ова)ги ставив во ладна вода и веднаш испадна прљавштината од нив.Ги извадив од вода.Абе викам ова нема потреба да оди во машина или пак да им ставам прашок.Овие и вака се веќе чисти.:cuc:

Ми остана да си земам само уште долни сега и пак ќе земам од кастели.И не се многу пари за облека која стварно вреди секој можен денар

Реално чичко али и сличните не ги погледнувам повеќе.За 10 евра квалитет едноставно неможе да има.А кастеливо се 1и 200 нули после единиците подобри од овие кинески :гомце:
 
Последно уредено:
Член од
21 јули 2010
Мислења
352
Поени од реакции
320
Oва е тоа што многупати сум го зборувал до сега.Има и стари добри само треба да се начека и внимателно при купување,особено ако човекот е непознат.За 30000 во продавница неможе ништо повеќе од стандарт да се добие.Не би се сложил само за облеката.
Таа останува,и квалитетот на неа е многу битен.Пеџа треска спорт има прифатливи цени,а квалитетна роба.

За Томас и да не зборувам.Си земав Castteli Roso Corsa.Сега малку скапички,ама револуционерен квалитет.
Неверојатно,не ми се веруваше пред да ги земам,но сега можам да кажам дека вредат секој денар.

Реално чичко али и сличните не ги погледнувам повеќе.За 10 евра квалитет едноставно неможе да има.[DOUBLEPOST=1425945645][/DOUBLEPOST]
Aпсолутно се согласувам за облеката. Кога го спомнав али мислев пред се на додатоци од типот на : светло, торбички и некои поситни работи. За облека повеќе од јасно дека си е потребно нешто поквалитетно. Особено за поголеми тури. Jaс си меркам едни Race Face шорцеви, ама здравје.А Пеџа супер е, стално ми дава голем попуст :D а и force е солиден бренд, со пристапни цени.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Вчера во Џамбо гледав заден држач за на автомобил (за 2 велосипеда). Цена 1199 денари. Вреди ли да се купи? Поефтино нема никаде :) Ми треба мислење од некој кој веќе го има купено и користено држачот. Благодарам.
 
Последно уредено:
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Вчера во Џамбо гледав заден држач за на автомобил (за 2 велосипеда). Цена 1199 денари. Вреди ли да се купи? Поефтино нема никаде :) Ми треба мислење од некој кој веќе го има купено и користено држачот. Благодарам.
Го купив јас лани, го имам користено на 3 тури со два велосипеди на него иако носивост има до 45кг, сега за сега е добар но внимателно затегај ги каишите, на турата во Маврово на еден дечко му се скрши, долните каиши не ги затегнал убаво и при дупка од ударот држачот се цвикнал...

Иначе за опрема само http://www.decathlon.bg/ , на обиколницата на Софија, цените се многу ефтини а опремата врвен квалитет.

@neonka21
Добро што го спомна Марков Манастир, ќе забораев да го пишам тој дел...таму не знам можда порано имало добар пат, чим некој бил и ја снимил патекава, но јас кога бев, после манастирот во Малчиште патот завршува и има еден огромен успон, камењанрник при што точакот 15 минути на грб го носевме, не може ни да се гура, карпи се... па на враќање го избегнавме тој дел, има асвалтен пат, еве фотка од него и се до селото Црни Врв е многу добар асвалт.
 
Attachments

Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Вчера во Џамбо гледав заден држач за на автомобил (за 2 велосипеда). Цена 1199 денари. Вреди ли да се купи? Поефтино нема никаде :) Ми треба мислење од некој кој веќе го има купено и користено држачот. Благодарам.
Другар јас мојот го купив 3400 денари ако се сеќавам добро.За 1200 денари е живо џабе.Фала богу дека не е како мојот но пак за цената би требало да си врши работа.Јас да немам во моментов би зема.Така да мое мислење земи си слободно.

Туку на кој му треба роад бајк еве две интересни понуди.Ретко кога има добри тркачи по огласиве,дали испаѓаат по 2-3 во цела година.А еве сега во два дена гледам убави понуди.Ах да не бев женет.Ќе земев сигурно роад бајк сега.:oeoeoe:

http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1972174-TREK-madone-3-5-velosiped-road-bike-novo

http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1972721-Velosiped-Trkacki-Full-Carbon-so-Shimano
 
Kajgana Shop

На врв Bottom