Општи вело муабети, прашања, совети

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
У Вучко пред некое време (чинам уште) стоеше карбон Sprint точак. Кошташе 1000 евра. И имаше солидна опрема. Што е многу евтино за карбон, ама па, Спринт е. :D
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678

Баш така, затоа и цената му е толку ниска. :)[DOUBLEPOST=1416862441][/DOUBLEPOST]
Само ако пишува МАДЕ in Macedonia и да го има сонцето.
Иначе доаѓаме до она што го мисла дека џабе ти е добра рамка со слаба опрема и обратно. Е сега кога би правел компромис при избор на велосипед и би имал ограничен буџет, јас би земал она што има подобра опрема за сметка на послаб бренд рамка.
Добра рамка и слаба опрема никогаш не одат (фабрички) заедно. Тоа го прават (ти што би земал) послабите брендови за да се држат рамо до рамо со супербрендовите. На пример на цел точак со Deore/Alivio опрема, за заден менувач ставаат ХТ. Има луѓе се залетуваат на тој маркетингшки трик и ги купуваат. Или пак кога ќе видам дека ја вградуваат најниската класа на Shimano M395 хидро кочници, ми се темни. Ама сепак ќе имаш колку да се рече хидро кочници и заден ХТ менувач. Нели... :D

Мене лично ми е побитна рамката, деловите кога сакаш ќе ги смениш/надградиш за подобри. И така се потрошен материјал, посебно ако доста возиш офроуд. Логично е, зошто би возел Deore XT ако возиш само низ град/асфалт. :)
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.645
Поени од реакции
35.506
Настрана муабетот за диспропорцијата на компонентите, но нели е консенсузот дека ниските класи на Shimano кочниците се меѓу најдобрите во тие категории?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.791
Поени од реакции
5.577
Баш така, затоа и цената му е толку ниска. :)[DOUBLEPOST=1416862441][/DOUBLEPOST]
Добра рамка и слаба опрема никогаш не одат (фабрички) заедно. Тоа го прават (ти што би земал) послабите брендови за да се држат рамо до рамо со супербрендовите. На пример на цел точак со Deore/Alivio опрема, за заден менувач ставаат ХТ. Има луѓе се залетуваат на тој маркетингшки трик и ги купуваат. Или пак кога ќе видам дека ја вградуваат најниската класа на Shimano M395 хидро кочници, ми се темни. Ама сепак ќе имаш колку да се рече хидро кочници и заден ХТ менувач. Нели... :D

Мене лично ми е побитна рамката, деловите кога сакаш ќе ги смениш/надградиш за подобри. И така се потрошен материјал, посебно ако доста возиш офроуд. Логично е, зошто би возел Deore XT ако возиш само низ град/асфалт. :)
Јас имав исто мислење како твоето се додека не се решив да сменам делови на мојот и како верижно почнаа еден дел да повлекува друг и на крај останав само со рамката од стариот велосипед. Искрено не се залетувам да купам ефтина рамка на кој само 1 дел ќе му отскокнува како што наведе, би ги гледал сите да се во иста класа. Иначе во право си логично е дека би требало подобра рамка зашто деловите ќе се истрошат ќе ги смениш, ама па и рамката можеш лесно да ја смениш ако сакаш :). Ама добро е затоа сме тука да споделиме мислења.
А од друга страна па како поддршка за твоето мислење оди во прилог податокот што јас кога менував се префрлав од вбрејк на диск па затоа имаше милион компликации, а далеку е полесно кога би имал дискови од почетокот помалку измени и не би велел можеби дека е подобро јака опрема со послаба рамка.
 
Не викам не, се менува и рамката, но нова квалитетна/лесна алуминиумска рамка чини доста пари, да не речам колку еден основен модел на МТ бајк со дискови. Карбонските не сакам ни да ги споменувам. :)[DOUBLEPOST=1416865677][/DOUBLEPOST]
Настрана муабетот за диспропорцијата на компонентите, но нели е консенсузот дека ниските класи на Shimano кочниците се меѓу најдобрите во тие категории?
Во кои категории ?? Во споредба со Tektro, Hayes или механичките на Avid, да можеби.
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.791
Поени од реакции
5.577
Не викам не, се менува и рамката, но нова квалитетна/лесна алуминиумска рамка чини доста пари, да не речам колку еден основен модел на МТ бајк со дискови. Карбонските не сакам ни да ги споменувам. :)
Прав си ама па и добри делови се колку основен модел на МТБ, јас за деловите кога ги менував дадов нешто над 50к искрено се каам што не дадов тогаш уште некој 15-20к денари сега ќе имав 2 велосипеди :).
Ама ќе ми беа џабе зашто сигурно ќе зимав пак МТБ тогаш а сега сакам некој градски или хибрид.
Иначе приближно исти пари излегува без разлика дали ќе менуваш делови понатака или рамка и квалитетна рамка чини пари, а и квалитетна опрема е изгор скапа.
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Прав си ама па и добри делови се колку основен модел на МТБ, јас за деловите кога ги менував дадов нешто над 50к искрено се каам што не дадов тогаш уште некој 15-20к денари сега ќе имав 2 велосипеди :).
Ама ќе ми беа џабе зашто сигурно ќе зимав пак МТБ тогаш а сега сакам некој градски или хибрид.
Иначе приближно исти пари излегува без разлика дали ќе менуваш делови понатака или рамка и квалитетна рамка чини пари, а и квалитетна опрема е изгор скапа.
Добро сега, ако човек купи поосновен модел на МТ бајк, нормално дека ќе го чини многу за надградба.
Истото ќе ти се случи и со точак со квалитетни делови, кога ќе им дојде време за менување. Останува или да ги смениш или да си купиш нов.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.791
Поени од реакции
5.577
Добро сега, ако човек купи поосновен модел на МТ бајк, нормално дека ќе го чини многу за надградба.
Истото ќе ти се случи и со точак со квалитетни делови, кога ќе им дојде време за менување. Останува или да ги смениш или да си купиш нов.
Ова е најточно, иначе мене ме чешаа тогаш паричките и сакав дискови ама тие дискови повлекоа да морам да сменам се освен рамката и амортизерот :)
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Тие дискови и мене ме мачат. Не ми се исплати на мојов да дадам толку пари и да го надоградам, а па пари за нов точак моментално немам.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.791
Поени од реакции
5.577
Тие дискови и мене ме мачат. Не ми се исплати на мојов да дадам толку пари и да го надоградам, а па пари за нов точак моментално немам.
Ако го возиш само низ град веривај не ти требаат (или 1-2 тури на планина ти се залудно фрлени пари). Јас пред да ги ставам возев доста често на планини и викам ајде ќе ставам ми требаат. Како ги ставив на крај на сезона пред почетокот на новата прекинав да возам, за после 2 години од тогаш да се вратам во градов и да почнам пак да возам ама само низ град и сега ми е жал што возам дискови а неам баш време за да летнам некаде надвор на планина и да ги извозам онаму каде им е намената.
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Ако го возиш само низ град веривај не ти требаат (или 1-2 тури на планина ти се залудно фрлени пари). Јас пред да ги ставам возев доста често на планини и викам ајде ќе ставам ми требаат. Како ги ставив на крај на сезона пред почетокот на новата прекинав да возам, за после 2 години од тогаш да се вратам во градов и да почнам пак да возам ама само низ град и сега ми е жал што возам дискови а неам баш време за да летнам некаде надвор на планина и да ги извозам онаму каде им е намената.
Возам планини, низ град само ако треба да претрчам до некаде. Не ми се исплати да одам на дискови, подобро нов точак. А следниот точак планирам да ми биде нешто поскап и поквалитетен. А тоа во блиска иднина нема да се случи и сум некако разочаран.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Ова погоре го дискутиравме, ова е цела индустрија и не верувам дека тука-така ќе не можат да се најдат делови.
Ако нема рош шок 26-ки ќе има сантур, но во секој случај нема да се остане без резервни делови.

ќе има да можеби сантур,но изборот ќе биде тој.За 29ки ќе има од сите избор вклучувајќи ги и рок шок.

Пак идиме до моментот што е во мода и различниот пристап на гледишта што го имаме за велосипедите.
Лично не возам велосипед за да бидат во мода и шик, туку од хоби.
Што утре ако излезат да бидат одново во мода 26ките пример и кажат дека 29ки се аут? (нешто као ретро мода од 70ти)
Што знам, мене ми е детско тоа размислување.
Си видел некој да се врати од ЛЦД на ЦРТ телевизор??Јас како што гледам и овие лцд ги исфрлаат веќе.Така да ЦРТ телевиозор или монитор за компјутер нема веќе никогаш да биде во мода.

Така е и со 26ките.Завршена приказна се.Трек оваа година извади нови 43 модели на hardtrail рамки со 29 големина,а само 11 модели со 26ка.Најдобрата рамка од 26ка која ја имаат во понуда е трек 3700.

Тоа е врвот оваа година.Ако сакам да земам нова 26ка тој ми е изборот.Едноставно подобро нема.Јасно е веќе дека заминува 26ката.Оваа година е најдобар показател за тоа.
Или ќе возиме половни 26ки или едноставно ќе мора да се пребациме на 29 т.е 27.5
[DOUBLEPOST=1416889568][/DOUBLEPOST]
У Вучко пред некое време (чинам уште) стоеше карбон Sprint точак. Кошташе 1000 евра. И имаше солидна опрема. Што е многу евтино за карбон, ама па, Спринт е. :D
Спринт и ShoxBlaze ги прави една иста фабрика во Бугарија.Имаат страшно добри велосипеди.
Е сега Sprint го рачунаат за пониска класа на велосипед од Shoxblaze,наменет за пониска класа на купувачи.А далеку од тоа дека таа фабрика не прави јаки точаци.
Едноставно си има класи и тоа е.МАХ бајк инаку се вика

Неодамна кога поминував во Бугарија на еден билборд имаше ваква реклама.

Имаме за сите имаме точаци.од 2 па до 102 години.

Инаку чисто за карбонот спринт.Тежи повеќе од еден стандарт алуминиум Scott Scale.:)[DOUBLEPOST=1416889905][/DOUBLEPOST]
Настрана муабетот за диспропорцијата на компонентите, но нели е консенсузот дека ниските класи на Shimano кочниците се меѓу најдобрите во тие категории?
Додека постои Авид и Магура,јас шимано кочница нема да ставам веќе на точак.
Ја утнале шимано работава со кочниците во сите класи.Пробај намести тркало.Отиде денот:( Eдинствено Shimano го ставам само пред Hayes кое е најголемо ѓубре од кога знам за велосипедизмот
 
Последно уредено:

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Возам планини, низ град само ако треба да претрчам до некаде. Не ми се исплати да одам на дискови, подобро нов точак. А следниот точак планирам да ми биде нешто поскап и поквалитетен. А тоа во блиска иднина нема да се случи и сум некако разочаран.
Види ако најдеш кај Лазе механички диск кочници Avid BB7, кочат подобро од ефтините хидро кочници, пробано. (y) Дури ако ги начекаш половни (сочувани) се исплати. Е сега, може да ти биде проблем штелувањето на плочките, кое се врши рачно од двете страни, но тоа е со механичките кочници.
Ова ти е една алтернатива да ставиш добри диск кочници а да не ти го оптеретат буџетот.
 
Последно уредено:
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
користам avid elixir 5, и пред скоро време ги сменив пакните стаив најчкарт, најефтините што беа :)
http://www.bikestop.com.mk/components.php?lang=2&mb=22&id=273#/0

пошто за убавите цената им беше 1200 па нагоре, овие дупло поефтини и ај ги одбрав овие, ама саботата и неделата прв пат да ги пробам на спуст од Водно на ладното, иако предходно ги возев на Водно, немаше проблем, али саботава и неделава, не знам што им се деси, конкретно на задните пакни, свиреа, буџеа како воз со 100 вагони, буквално урлаше цел точак, ми се тресеше не само цело задно тркало туку дури и до воланот го осеќав, мислев дискот ќе ми рокне...

е сеа не ми е јасно малце, тоа е до пакниве што ги одбрав најчкартните, не ги бива за ниски температури или има некој друг проблем ?
 
Можно е да е до пакните. На тие кочници не се ставаат било какви пакни, зошто имаат јак стисок. Провери да не си ја стопил/прегреал пакната и пребриши го дискот со чист алкохол, со чисто крпче. Исто така може да користиш спреј за чистење дискови на предходно изваден диск. Го има во Пробајк и Бајкмаркет.
Друга работа, да ти се контаминирани/замастени плочките. Ако е така, им нема лек. Ни шмирглање, ни печење, ништо не помага, се е тоа привремено. Со време пак ќе почнат да шкрипат. Ке треба нови да купиш, нормално, од поскапите. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom