Убаво рекоа луѓево winffucker.И јас сум за 29ки,особено ако се купува нов.Сепак нели тоа е ствар на вкус.Некој му се допаѓаат 26ки,на некои обратно.
Еве кои се предности на 29ките според мене.
Да претпоставиме дека човекот ќе купува нов велосипед и нема да го менува подолго време.
1.Тренд се 29ките.Во иднина ќе има делови за надградба,за разлика од 26ките каде ќе биде лимитиран со делови(на пример амортизери).Читав дека веќе рок шок ќе го стопира производството на Reba i Recon за 26ки рамови од 2016 година и ќе се насочи исклучиво кон 27.5 и 29ки.
Ова едноставно не верувам да ќе биде некаков проблем ако човек купи сега велосипед.
Просечен век на траење на еден МТБ со возење офрод е околу 3 години, во случај и кога би се прекинало производство на виљушки сега би можел да најдеш во продажба најмалку во наредните 5 години.
Тука е секако и опцијата половна виљушка.
2.На ново цените се веќе речиси исти како 26ките.Кога испаднаа беа многу поскапи
Ако беше така воопшто и не дискутиравме за ова, му посочив на дечкото велосипед 26ка со класа подобра опрема за истата цена, затоа и дојде до дискусија што е подобро.
3.Масовно се произведуваат за разлика од 26ките кај кои згаснува производството на велосипеди
Ова погоре го дискутиравме, ова е цела индустрија и не верувам дека тука-така ќе не можат да се најдат делови.
Ако нема рош шок 26-ки ќе има сантур, но во секој случај нема да се остане без резервни делови.
4.Нагоре одат подобро.Се разбира дека има од велосипед до велосипед разлика,но најчесто 29ките се подобри(поголеми гуми имаат т.е тркала)
Не верувам дека одат нагоре подобро, би рекол дека тоа е на прав пат...Многу се подобри 26ките за агресивно возење нагоре оти имаат подобар стартен момент.
Пробај да тргнеш со 29ка на угорница од 10-12% ќе видеш колку е многу потешко да го направиш тоа.
Плус одбегнување на препреки за време на качување е многу полесно со 26-ка.
Од друга страна пак за спуст 29ките имаат подобар момент на спуст од причина што имаат поголема нагазна површина и ти треба помалку техника за слегување по камен, карпи и слични препреки.
Си имаат и едните предности и мани, лично би одбрал 27.5 ако можам да бирам во моментот, но и со 26ка сум задоволен.
5.29ки и 26ки би ги споредил со телевизори на пример.29ките се Лцд телевизори,а 26ките ЦРТ т.е од големите.Ако би купувал нов телевизор и кога веќе има можност да се бира зашто тоа да CRT телевизор,кога знаеш дека ќе се исфрлат и испаднат од мода.
Пак идиме до моментот што е во мода и различниот пристап на гледишта што го имаме за велосипедите.
Лично не возам велосипед за да бидат во мода и шик, туку од хоби.
Што утре ако излезат да бидат одново во мода 26ките пример и кажат дека 29ки се аут? (нешто као ретро мода од 70ти)
Што знам, мене ми е детско тоа размислување.
Предности кои ако можат да се кажат така кај 26ките е можеби подобрата управливост
Но и тоа зависи од точак до точак.Трек 3700 26ка нормално дека нема да биде подобар од cube ellite 29ka на пример.Деловите си го прават своето и многу други работи
Сепак мислам за да се даде комплетно мислење треба да се споредат да речеме 2 велосипеди од врвната класа и 2 од просечната од двете големини и тогаш да се увиди разликата.
Вака настануваат забуни.Некој што возел на пример 26ка скот scale 10 со врвна опрема и седнал на мала проба на пример на 29ка scott aspect неможе да биде веродостоен показател.
Геометрии се во прашање и класи.
Се согласувам дека има разлика во класи во точаци...Лично пробав 29ка Фокус со комплетна SLX опрема и воздушен амортизер кое е за 4 класи подобар од мојот мизерен 26ка и некако не ми беше пријатно за возење.
Претпоставувам ако повозам недела-две би ми легнал истиот и би се чуствувал комфорен, ама не го гледам цело тоа воодушевување околу 29ките.
Си правиме чиста дискусија,и ќе ве замолам без никакви вреѓања.Напротив сакам и да слушнам мислења и од други членови
Јас возам сеуште 26ка,но да бидам реален во прва прилика би го сменил за 29ка иако искрено би имал малку носталгија кон сегашниов Giant кој го возам.
Нема никакви навреди, не гледам ниту причина за тоа...
Ми се чини дека е индивидуално каков велосипед би одбрал човек и каков би му лежел за возење.
Овде само беше дилемата дали би купил човек 29ка МТБ или пак 26-ка со една класа подобра опрема за некаков буџет.
Советувам да одат со 26ка со подобра опрема, ти советуваш да одат со 29ка со послаба опрема. Тоа е цела оваа наша дискусија со тебе.
Кога би немал проблем со буџетот некој што бара совет, тогаш би му советувал да седне на сите типови што се продаваат и да одбере тоа што би му лежело него.