Оптички интернет во цела Македонија

Член од
24 април 2008
Мислења
11.034
Поени од реакции
12.554
Некогаш лудоста изгледа нормална, за жал во овој случај тебе ти изгледа така. Во најголем дел од нормалните земји, регулативата вика дека инфраструктурата ја поставува самата општина/град или пак државна агенција која стопанисува со телекомуникациската канализација, а операторите само рентаат. Во нашава вукојебина кога го продаваа Телеком, го продадоа комплет, па после донесоа закон за Легализација во кој пробаа со еден член да извршат национализација на нешто што го градел приватник и пак не му доаѓа памет.
Ти пиша и @santelli погоре, си имаат договори и си плаќаат комуналии за поставувањето, единствено Телеком и ЕВН добиваат пари и за дислокациите што се поради проширување на булевари/улици.
Јас воопшто не го оспорив фактот дека градот/општината/државата соработуваат со телекомуникациските оператори и компаниите за електрична енергија, туку потенцирав дека компаниите претежно се шлепаат врз јавните инвестиции.

Еве на пример изминативе 2 месеца ЕВН раскопува кај ќе стигне низ Скопјево за да пушти кабли за струја за тие полначите за батерии на електрични автомобили кои почнаа да ги поставуваат низ паркинзите, и кај мене пред паркингот на зградата поставија лани.

И како што лани ниту општината, ниту град Скопје, ниту државата асфалтираа, ниту вршеа било какви градежни работи кај мене низ населба, туку ЕВН целосно си ги плати ископувањата и враќањата на улиците, тротоарите и паркинзите во првобитна состојба, така и денес ЕВН раскопува и пушта електрични кабли низ улици кои воопшто не се опфатени од јавни инвестиции.

Поентата ми е дека им текнало да го одврзат кесето за да платат за ископувањата и за градежните работи.

Кристално иста беше ситуацијата и со Македонски Телеком кога ги пуштаа своите подземни цевки, па потоа низ нив подземните црева, па на крај низ нив доводните оптички кабли кај мене низ населба, ископувањата и градежните работи од почеток до крај ги заврши целосно Фибернет, без било какво шлепање врз јавна инвестиција.

Кристално иста е ситуацијата и денес кога Адра и Јуспром вршат ископувања и градежни работи за А1 Телеком низ Скопјево, повторно без било какво шлепање врз јавна инвестиција.

Така да, точно е тоа дека градот/општината/државата соработува со телекомуникациските оператори и со електричните компании секој пат кога реализира било каква јавна инвестиција на терен, но истовремено точно е и тоа дека телекомуникациските оператори и електричните компании не мораат да чекаат за да се шлепаат врз јавна инвестиција за да ги прошират своите телекомуникациски/електрични мрежи.

Тоа што си го опишал дека има 8 станови, а оставаат 12 влакна е бидејќи каблите што се користат имаат најчесто 12 влакна по туба, операција на туба ретко кој работи во дравава и најчесто ја сечат целата и ги лепат само тие влакна што им требаат (4те стојат тука оти не се исплати да ги лепат за спратот погоре, ем ќе мешаат 2 туби на еден кат, ем имаат дупло лепење на претходниот кат).
Грешка си, има станбени згради во кои Македонски Телеком има пуштено доводни оптички кабли со 8 влакна, а да имало повеќе од 8 станови поврзани на едно катно сандаче. Токму поради ваквиот лапсуз, имаат пуштено по два доводни оптички кабли со по 8 влакна во едно исто катно сандаче - очигледно немале доводен оптички кабел со 12 влакна, па затоа пуштиле два доводни оптички кабли со по 8 влакна, доброто е во тоа што ќе останат резервни влакна.

Околу подземна/надземна, некогаш и самите општини му налагаат да градат одреден тип на мрежа, а некогаш е поради X причини и процена на самите проектанти/проект менаџери.

До зградите треба да стигаат по правилникот на АЕК со подземна инсталација, а до куќите ќе си остане воздушно, така е и во остатокот од светот не само кај нас.
Тогаш те молам објасни како и зошто во повеќе скопски населби - не само во Центар каде што се обидуваат да се ослободат од бандерите, туку и во други населби - Македонски Телеком, а и А1 Телеком, имаат пуштено подземни туби веднаш до самите влезови на некои куќи ?

Зошто се замарале со фрлање на пари за ископување на цели улици и тротоари само за да пуштат црево или туба до капијата или до влезот на секоја куќа на таа улица, кога полесно е да се оди преку бандера ?

Во мојата населба има улица со повеќе продавници и тука се практикуваше да се пушта бакарна инсталација преку бандера, но кога Фибернет ги пушташе подземните цевки, подземните црева и доводните оптички кабли на Македонски Телеком низ населбата, до секоја продавница оставија подземна туба. Истото го направија и кај малкуте куќи кои останаа во населбата - иако има бандери, сепак донесоа подземни туби до куќите.

Очигледно му поминал животниот век на тоа правило дека до куќа се оди преку бандера, не само кај нас, туку и во остатокот од светот.

Лично имам видено во Чаир на булевар Христијан Тодоровски Карпош станбени згради во кои Македонски Телеком уште од поодамна има пуштано бакарни инсталации преку бандера - преку бандера во станбена зграда - а за жал и денес го практикуваат истото со оптички инсталации преку бандера во станбена зграда. А веднаш до влезот на станбената зграда има ормарче од А1 Телеком со празни подземни црева низ кои допрва ќе бидат пуштани доводни коаксијални и оптички кабли. Ова го имам забележано кај повеќе станбени згради на булевар Христијан Тодоровски Карпош, да не испадне дека станува збор за некаков редок исклучок.

На мене лудоста воопшто не ми делува нормална, но мислам дека телекомуникациските оператори ја имаат прифатено лудоста како нормална.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Јас воопшто не го оспорив фактот дека градот/општината/државата соработуваат со телекомуникациските оператори и компаниите за електрична енергија, туку потенцирав дека компаниите претежно се шлепаат врз јавните инвестиции.

Еве на пример изминативе 2 месеца ЕВН раскопува кај ќе стигне низ Скопјево за да пушти кабли за струја за тие полначите за батерии на електрични автомобили кои почнаа да ги поставуваат низ паркинзите, и кај мене пред паркингот на зградата поставија лани.

И како што лани ниту општината, ниту град Скопје, ниту државата асфалтираа, ниту вршеа било какви градежни работи кај мене низ населба, туку ЕВН целосно си ги плати ископувањата и враќањата на улиците, тротоарите и паркинзите во првобитна состојба, така и денес ЕВН раскопува и пушта електрични кабли низ улици кои воопшто не се опфатени од јавни инвестиции.

Поентата ми е дека им текнало да го одврзат кесето за да платат за ископувањата и за градежните работи.

Кристално иста беше ситуацијата и со Македонски Телеком кога ги пуштаа своите подземни цевки, па потоа низ нив подземните црева, па на крај низ нив доводните оптички кабли кај мене низ населба, ископувањата и градежните работи од почеток до крај ги заврши целосно Фибернет, без било какво шлепање врз јавна инвестиција.

Кристално иста е ситуацијата и денес кога Адра и Јуспром вршат ископувања и градежни работи за А1 Телеком низ Скопјево, повторно без било какво шлепање врз јавна инвестиција.

Така да, точно е тоа дека градот/општината/државата соработува со телекомуникациските оператори и со електричните компании секој пат кога реализира било каква јавна инвестиција на терен, но истовремено точно е и тоа дека телекомуникациските оператори и електричните компании не мораат да чекаат за да се шлепаат врз јавна инвестиција за да ги прошират своите телекомуникациски/електрични мрежи.
Поентата е дека треба да соработуваат и дека уште многу има да се работи на ова поле.
За добра соработка треба да биде позната и усогласена динамиката за следната година уште неколку месеци пред почеток на истата (ако веќе се дозволува секој да гради своја инфраструктура).
т.е како прво не смее да се испланира ниедна улица/булевар/проширување и т.н без да бидат унапред исцртани коридорите за: водовод, атмосферска, канализација, струја, телекомуникации + да неколку месеци пред почеток на проектот да се започне со координативните состаноци на кои секој од учесниците треба да биде запознаен и согласно предметната предмер пресметка да ги снабди материјалите што ќе ги вградува таму.
Друга работа се и усогласување на АЕК со општините и АКН при носење на правилници и закони, кај нас и ова е тотално неусогласено и затоа имаш едвај 10 објекти упишани во АКН.
Згора на се во моментов во државава повеќе кошта проектирање/документација за изведена/комуналии/упис отколку што кошта целиот објект.
Грешка си, има станбени згради во кои Македонски Телеком има пуштено доводни оптички кабли со 8 влакна, а да имало повеќе од 8 станови поврзани на едно катно сандаче. Токму поради ваквиот лапсуз, имаат пуштено по два доводни оптички кабли со по 8 влакна во едно исто катно сандаче - очигледно немале доводен оптички кабел со 12 влакна, па затоа пуштиле два доводни оптички кабли со по 8 влакна, доброто е во тоа што ќе останат резервни влакна.

Тогаш те молам објасни како и зошто во повеќе скопски населби - не само во Центар каде што се обидуваат да се ослободат од бандерите, туку и во други населби - Македонски Телеком, а и А1 Телеком, имаат пуштено подземни туби веднаш до самите влезови на некои куќи ?

Зошто се замарале со фрлање на пари за ископување на цели улици и тротоари само за да пуштат црево или туба до капијата или до влезот на секоја куќа на таа улица, кога полесно е да се оди преку бандера ?

Во мојата населба има улица со повеќе продавници и тука се практикуваше да се пушта бакарна инсталација преку бандера, но кога Фибернет ги пушташе подземните цевки, подземните црева и доводните оптички кабли на Македонски Телеком низ населбата, до секоја продавница оставија подземна туба. Истото го направија и кај малкуте куќи кои останаа во населбата - иако има бандери, сепак донесоа подземни туби до куќите.

Очигледно му поминал животниот век на тоа правило дека до куќа се оди преку бандера, не само кај нас, туку и во остатокот од светот.

Лично имам видено во Чаир на булевар Христијан Тодоровски Карпош станбени згради во кои Македонски Телеком уште од поодамна има пуштано бакарни инсталации преку бандера - преку бандера во станбена зграда - а за жал и денес го практикуваат истото со оптички инсталации преку бандера во станбена зграда. А веднаш до влезот на станбената зграда има ормарче од А1 Телеком со празни подземни црева низ кои допрва ќе бидат пуштани доводни коаксијални и оптички кабли. Ова го имам забележано кај повеќе станбени згради на булевар Христијан Тодоровски Карпош, да не испадне дека станува збор за некаков редок исклучок.

На мене лудоста воопшто не ми делува нормална, но мислам дека телекомуникациските оператори ја имаат прифатено лудоста како нормална.
Оставањето на резервата и дизајнот на мрежата е тотално небитно за крајниот корисник, на крај тебе брзините и стабилноста ќе ти зависат од тоа колку корисници има предвидено и терминирате на ОЛТ портата, а не од тоа колку резерва ти оставиле на спратот.

Некои општини налагаат да се оди подземно и затоа имаш и куќи поврзано подземно, инаку не е исплатливо.
Во мешани подрачја ако се работи за мала метража сигурно нема да вадат столбови, ќе се ископа комплет и за куќите.

Инаку разгледај ќе видиш дека и во западни земји се гради воздушна мрежа, не само кај нас.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.034
Поени од реакции
12.554
Поентата е дека треба да соработуваат и дека уште многу има да се работи на ова поле.
За добра соработка треба да биде позната и усогласена динамиката за следната година уште неколку месеци пред почеток на истата (ако веќе се дозволува секој да гради своја инфраструктура).
т.е како прво не смее да се испланира ниедна улица/булевар/проширување и т.н без да бидат унапред исцртани коридорите за: водовод, атмосферска, канализација, струја, телекомуникации + да неколку месеци пред почеток на проектот да се започне со координативните состаноци на кои секој од учесниците треба да биде запознаен и согласно предметната предмер пресметка да ги снабди материјалите што ќе ги вградува таму.
Друга работа се и усогласување на АЕК со општините и АКН при носење на правилници и закони, кај нас и ова е тотално неусогласено и затоа имаш едвај 10 објекти упишани во АКН.
Згора на се во моментов во државава повеќе кошта проектирање/документација за изведена/комуналии/упис отколку што кошта целиот објект.
Хехе, коментарот ти е целосно на место, но ај потсети се каде живееме и какви правила важат надвор на терен, а не на хартија.

За почеток до денешен ден немаме подземен катастар - еден од основните услови за понатамошен современ урбан развој на градовите и на општините. Намерно го употребив зборот современ за да потенцирам дека има и други видови на развој, како на пример примерот од Букурешт.

Па дури и откако ќе добиеме функционален подземен катастар, тоа ништо не гарантира во поглед кон урбаниот развој бидејќи секогаш ќе ги има луѓе кои си следат свои правила, без разлика дали истите тие правила се спротивни на законот или не.

Како добар пример за ова би навел една улица во Чаир во која локален жител си истера своја инвестиција пред некоја година - си изградил куќа директно до улицата, си го покрил и тротоарот, а по пат ја бутнал и бандерата на која имало поврзани корисници на Македонски Телеком, па дури тогаш кога останаа десетици корисници без сигнал, конечно им текна на Македонски Телеком да одат подземно, па ај по пат кога веќе одат подземно, нека биде подземен оптички доводен кабел наместо подземен бакарен доводен кабел. Им текна да отепаат две муви со еден удар - ем нова подземна телекомуникациска мрежа, ем оптичка ја направија да биде, кога веќе ќе мора да се копа.

Ако ме прашуваш мене, повеќе благодарни треба да му бидеме на локалецот кој ја бутна бандерата, отколку на општинските власти или на Македонски Телеком што конечно им текна да ја воведат својата телекомуникациска мрежа на таа улица во Чаир во 21-от век.

Оставањето на резервата и дизајнот на мрежата е тотално небитно за крајниот корисник, на крај тебе брзините и стабилноста ќе ти зависат од тоа колку корисници има предвидено и терминирате на ОЛТ портата, а не од тоа колку резерва ти оставиле на спратот.

Некои општини налагаат да се оди подземно и затоа имаш и куќи поврзано подземно, инаку не е исплатливо.
Во мешани подрачја ако се работи за мала метража сигурно нема да вадат столбови, ќе се ископа комплет и за куќите.

Инаку разгледај ќе видиш дека и во западни земји се гради воздушна мрежа, не само кај нас.
Никогаш не оспорив дека и во западните држави се практикува инсталирање на воздушна оптичка телекомуникациска мрежа, туку само спомнав дека доколку е изводливо, се оди подземно за да личи населбата на нешто нормално и современо, а не на висока атмосферска сушара за алишта.

Конкретно примерот кој го спомнав за Чаир на булевар Христијан Тодоровски Карпош говори дека општината тука не наложила да се оди подземно, но ете на еден телекомуникациски оператор му текнало сепак да оди подземно, додека на друг телекомуникациски оператор му текнало да оди преку бандера. Или некој не си ја сфатил работата сериозно - на долг рок, се разбира, на краток рок секако дека најлесна опција е пуштањето на воздушна оптичка инсталација преку бандера - или има некаква пристрасност и двојни аршини во начинот на кој општината ги спроведува и применува правилата кои ги вовела.

Резервата и дизајнот на мрежата не го/ја засегнуваат лично корисникот/корисничката, тој/таа си поднел(а) барање за услуга за која ќе плаќа и очекува услугата да му/и` стане достапна, а како ќе му/и` стане достапна услугата воопшто не му/и` е важно. Добро, има исклучоци, на пример ако треба да се буши и да се пуштаат кабли низ станот/куќата, има корисници кои откажуваат во последен момент поради естетски причини.

Но од практична гледна точка, достапната резерва е од огромна важност, бидејќи доколку нема доволно слободни оптички влакна за сите корисници, тогаш наредна опција е или поставување на оптички разделник на искористено влакно од веќе постоечки корисник - што само го слабее сигналот и може во иднина да придонесе за технички проблеми, а истовремено достапно е само за во објекти поврзани преку подземна оптичка телекомуникациска мрежа - или дополнително пуштање на нов доводен оптички кабел, а верувај ми, ретко кој оператор се нафаќа на таков потег.

Еве во Железара на пример - сосема случајно ми текна бидејќи вчера ја спомнав улица Коце Металец - на соседната улица Гемиџиска која се вкрстува со Коце Металец, на некои места воопшто нема техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Поточно имало до пред некој месец техничка можност, но бидејќи во тој дел од улицата бројот на воздушни оптички изводи е мал и сите се искористени до максимум - не низ целата улица, туку само во овој дел - има куќи кои сеуште не се поврзани со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком и нема да можат да бидат поврзани доколку поднесат барања поради сегашниот недостаток на слободни приклучоци во тој дел од улицата.

Како што и ти самиот спомна дека при проектирање на улица мораат да се испланираат инфраструктурни коридори, така и при проектирање на техничко решение за оптичка телекомуникациска мрежа мора да се испланира бројот на достапни приклучоци за потенцијалните корисници.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Хехе, коментарот ти е целосно на место, но ај потсети се каде живееме и какви правила важат надвор на терен, а не на хартија.

За почеток до денешен ден немаме подземен катастар - еден од основните услови за понатамошен современ урбан развој на градовите и на општините. Намерно го употребив зборот современ за да потенцирам дека има и други видови на развој, како на пример примерот од Букурешт.

Па дури и откако ќе добиеме функционален подземен катастар, тоа ништо не гарантира во поглед кон урбаниот развој бидејќи секогаш ќе ги има луѓе кои си следат свои правила, без разлика дали истите тие правила се спротивни на законот или не.

Како добар пример за ова би навел една улица во Чаир во која локален жител си истера своја инвестиција пред некоја година - си изградил куќа директно до улицата, си го покрил и тротоарот, а по пат ја бутнал и бандерата на која имало поврзани корисници на Македонски Телеком, па дури тогаш кога останаа десетици корисници без сигнал, конечно им текна на Македонски Телеком да одат подземно, па ај по пат кога веќе одат подземно, нека биде подземен оптички доводен кабел наместо подземен бакарен доводен кабел. Им текна да отепаат две муви со еден удар - ем нова подземна телекомуникациска мрежа, ем оптичка ја направија да биде, кога веќе ќе мора да се копа.

Ако ме прашуваш мене, повеќе благодарни треба да му бидеме не локалецот кој ја бутна бандерата, отколку на општинските власти или на Македонски Телеком што конечно им текна да ја воведат својата телекомуникациска мрежа на таа улица во Чаир во 21-от век.

Никогаш не оспорив дека и во западните држави се практикува инсталирање на воздушна оптичка телекомуникациска мрежа, туку само спомнав дека доколку е изводливо, се оди подземно за да личи населбата на нешто нормално и современо, а не на висока атмосферска сушара за алишта.

Конкретно примерот кој го спомнав за Чаир на булевар Христијан Тодоровски Карпош говори дека општината тука не наложила да се оди подземно, но ете на еден телекомуникациски оператор му текнало сепак да оди подземно, додека на друг телекомуникациски оператор му текнало да оди преку бандера. Или некој не си ја сфатил работата сериозно - на долг рок, се разбира, на краток рок секако дека најлесна опција е пуштањето на воздушна оптичка инсталација преку бандера - или има некаква пристрасност и двојни аршини во начинот на кој општината ги спроведува и применува правилата кои ги вовела.

Оставањето на резервата и дизајнот на мрежата не го/ја засегнуваат лично корисникот/корисничката, тој/таа си поднел(а) барање за услуга за која ќе плаќа и очекува услугата да му/и` стане достапна, а како ќе му/и` стане достапна услугата воопшто не му/и` е важно. Добро, има исклучоци, на пример ако треба да се буши и да се пуштаат кабли низ станот/куќата, има корисници кои откажуваат во последен момент поради естетски причини.

Но од практична гледна точка, достапната резерва е од огромна важност, бидејќи доколку нема доволно слободни оптички влакна за сите корисници, тогаш наредна опција е или поставување на оптички разделник на искористено влакно од веќе постоечки корисник - што само го слабее сигналот и може во иднина да придонесе за технички проблеми, а истовремено достапно е само за во објекти поврзани преку подземна оптичка телекомуникациска мрежа - или дополнително пуштање на нов доводен оптички кабел, а верувај ми, ретко кој оператор се нафаќа на таков потег.

Еве во Железара на пример - сосема случајно ми текна бидејќи вчера ја спомнав улица Коце Металец - на соседната улица Гемиџиска која се вкрстува со Коце Металец, на некои места воопшто нема техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Поточно имало до пред некој месец техничка можност, но бидејќи во тој дел од улицата бројот на воздушни оптички изводи е мал и сите се искористени до максимум - не низ целата улица, туку само во овој дел - има куќи кои сеуште не се поврзани со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком и нема да можат да бидат поврзани доколку поднесат барања поради сегашниот недостаток на слободни приклучоци во тој дел од улицата.

Како што и ти самиот спомна дека при проектирање на улица мораат да се испланираат инфраструктурни коридори, така и при проектирање на техничко решение за оптичка телекомуникациска мрежа мора да се испланира бројот на достапни приклучоци за потенцијалните корисници.
На кратко:

постојат двојни аршини, особено е трагично што сеуште постојат мали оператори за кои јавна тајна е дека пуштаат канали на диво и не се замараат со ништо. Шкупи пример во Чаир не го чепка никој и не смее да го чепне, да не именувам ги има многу.

Од аспект на воздушната мрежа, секаде постои ова што се прави тука (рентање на столбови и реискористување), но си има специјални правила и од тоа зависи комплетниот дизајн. Односно, не смееш да пуштиш повеќе од ХХ распони помеѓу два столбови, не смее да поставиш понизок столб од Х висина, не смееш да поставиш кутија пониско од Y висина, резервите не смеат да бидат на столб туку мора извод и окно до столбот и тн. Кај нас постојат вакви работи во правилникот за изградба на мрежи од АЕК, ама на терен приказната е поинаква (особено со тие дивите).

Околу сплитањето на сигналот не се прави баш така, али да не влегуваме во технички детали, кај зградите лесна е работата со бројот на влакната, потешка е надвор каде што денес било куќа, а утре рипнала зграда со 50 станови, па треба уште 1-2 влакна до сплитерите.

Околу изградбата не очекувај да се забрза нешто барем уште 2-3 години, многу фактори се причина за ова (еден е исплатливоста, друг бавно оди градењето и тн).
 
Мило ми е бидејќи се разбравме.

Единствено да се надополнам за поставувањето на оптички разделник на искористено влакно од веќе постоечки корисник, и јас лично имам поставувано таков оптички разделник во станбена зграда во која немало слободно влакно на доводниот оптички кабел во катното сандаче, а истовремено немало друго катно сандаче во зградата. Затоа велам дека мора да се обрнува внимание на достапната слободна резерва за идните корисници.

И за бандерите исто така слободно можам да потврдам дека се вистински циркус во споредба со правилата напишани на хартија, не само од дивите оператори, туку и од легалните телекомуникациски оператори, во барем два наврати за малку ќе сум изгубел глава поради огромните кутии на А1 Телеком и на Телекабел лошо поставени пониско на бандера.
 
D

Deleted member 53418

Гостин

Дали работиш во фирмиве кои местат оптика?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.643
што се палите на оптика, интернетов кабелски на вип е више него доволен
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.034
Поени од реакции
12.554
што се палите на оптика, интернетов кабелски на вип е више него доволен
Ако им текне на А1 Телеком да воведат Docsis 4 кабелски Интернет, ќе бидат вистинска конкуренција на Македонски Телеком.

Но сепак и нивниот кабелски Интернет функционира преку оптички кабел кој завршува во најблиската локална телекомуникациска централа на А1 Телеком, а од каде што продолжува преку коаксијален кабел до крајниот корисник.

Истовремено да не заборавиме дека и покрај нивниот кабелски Интернет, А1 Телеком исто така инвестираат во сопствената оптичка телекомуникациска мрежа, бидејќи е исплатлива инвестиција на долг рок.
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Здраво дечки.
Во последно време особено со онлајн учењево ми треба добар интернет, а мојов обичен(кабелски) интернет едноставно не е добар. Мн другари ми викаат да платам за оптички интернет. Што мислите, дали вреди или има подобри опции?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.034
Поени од реакции
12.554
Стримаш нешто ?
Па дури и да емитува звучни и/или видео записи преку Интернет, со Docsis 4 кабелски Интернет ќе ги добие истите симетрични Интернет брзини кои би ги добил и преку оптички Интернет, а нема да мора да му се пуштаат нови кабли, туку само да му се даде нов рутер на користење.

Тоа е убавината на кабелскиот Интернет, каблите слободно може да бидат стари и 20 години - кај мене дома конкретно се стари 18 години - а само нова опрема треба да му се даде на корисникот за да добие побрз кабелски Интернет.

Само треба да им текне на А1 Телеком да се нафатат на таква инвестиција и да воведат Docsis 4 кабелски Интернет, не само што ќе му станат конкурентни на Македонски Телеком со таква инвестиција, туку и во најоддалечените села во кои нудат кабелска телевизија ќе можат да нудат Docsis 4 кабелски Интернет со симетрични Интернет брзини исто како и кај оптичкиот Интернет.

Ако ме прашуваше некој мене пред октомври 2017, ќе речев дека оптичкиот Интернет нема конкуренција. Но откако беа воведени техничките спецификации и стандарди за Docsis 4 во октомври 2017, слободно можам да кажам дека за кабелските оператори Docsis 4 е поисплатлива инвестиција отколку оптичкиот Интернет. Секако дека ќе мораат да продолжат да инвестираат во оптичка телекомуникациска мрежа, но во случајот со Docsis кабелскиот Интернет, оптичкиот кабел не завршува кај крајниот корисник, туку завршува во најблиската локална телекомуникациска централа, од каде што Интернет сигналот продолжува и завршува кај крајниот корисник преку коаксијален кабел.

Особено во Македонија, каде што корисниците се претежно несериозни - безброј пати сум се враќал кај корисници кои се жалеле на лош оптички Интернет, за да испадне дека го превиткале оптичкиот кабел, а оптичкиот кабел многу лесно се оштетува и се кине при превиткување - коаксијалниот кабел е поиздржливо решение, ем не може да се исече со обичен нож или со ножици како оптичкиот кабел, ем не се кине така лесно при превиткување или ако му ставиш мебел или било што тешко врз самиот кабел. Кај мене дома имам превиткан коаксијален кабел, па си работи одлично повеќе од 18 години.

Секако дека оптичкиот Интернет е најисплатлива инвестиција на долг рок, но од економска гледна точка, многу поисплатливо за кабелските оператори е да копаат и да пуштаат подземни црева и доводни оптички кабли до локалните телекомуникациски централи, па од таму да продолжуваат и да завршуваат кај крајните корисници со коаксијални кабли, особено со Docsis 4 кабелскиот Интернет кој ги нуди кристално истите симетрични Интернет брзини како и оптичкиот Интернет.

Коаксијалниот кабел е полесен за одржување во случај на кинење, додека оптичкиот кабел бара ептен внимателност и грижа, тоа е една од главните причини зошто постарите техничари вработени во Македонски Телеком - не во приватните фирми подизведувачи, туку во Македонски Телеком, баш тие со решение за работен ангажман на неограничен временски период - не сакаат да работат на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Прифаќаат налози за менување на неисправна опрема или за местење на дополнителна опрема, како на пример втор/трет/четврт/петти рисивер, но бушење по станови и спроведување на оптички кабел, или отстранување на пречки од типот на лош сигнал или скинат оптички кабел, за нив е исто како и темјан за ѓавол, бегаат веднаш во 5-та брзина од такви налози.

Ако им текне на А1 Телеком да инвестираат во Docsis 4, еве добар пример како ќе го престигнат Македонски Телеком: во 2016 година во Радишани, тогашен Вип поставуваше подземни црева и доводни оптички кабли до нивните тамошни локални телекомуникациски централи.

Македонски Телеком најверојатно ќе почне да ја проширува својата оптичка телекомуникациска мрежа кон Радишани во 2021 година, веќе го имаат покриено Бутел 2 и повеќе од половина Бутел. Но доколку А1 Телеком воведат Docsis 4 во 2021 година, веднаш ќе можат да почнат да нудат Docsis 4 кабелски Интернет во Радишани со симетрични Интернет брзини исто како кај оптичкиот Интернет, а нема да мораат да пуштаат нови кабли. Доколку А1 Телеком имаат пуштено доводни оптички кабли и до своите локални телекомуникациски централи во Скопска Црна Гора, со Docsis 4 кабелски Интернет ќе го престигнат Македонски Телеком и таму и сигурно ќе бидат ненадминлива конкуренција барем во наредните 2 години, ако не и подолго - во зависност од тоа кога Македонски Телеком ќе ја прошири својата оптичка телекомуникациска мрежа кон Скопска Црна Гора.

Но останува прашањето дали воопшто ќе им текне на А1 Телеком да воведат Docsis 4 кабелски Интернет или ќе се фокусираат исклучиво на проширувањето на нивната оптичка телекомуникациска мрежа - што секако дека е најисплатлива инвестиција на долг рок, но во меѓувреме, на краток рок, најисплатлива инвестиција би им било воведување на Docsis 4 кабелски Интернет.

Доколку имаш техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, А1 Телеком или Неотел на твојата адреса на живеење, оптичкиот Интернет ти е најдобрата опција. Доколку оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел е достапна на твојата адреса на живеење, слободно отпиши ги, за нив само поплаки се имам изнаслушано.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Здраво дечки.
Во последно време особено со онлајн учењево ми треба добар интернет, а мојов обичен(кабелски) интернет едноставно не е добар. Мн другари ми викаат да платам за оптички интернет. Што мислите, дали вреди или има подобри опции?
Прво пробај да се конектираш со кабел и види дали ќе имаш мака со сецкање и на тој начин (вифито е прв и најчест проблем).
Второ ако веќе мораш ти да стримаш или шеруваш скрин тогаш: опција 1 да си платиш пакет со повеќе од 1мбпс upload (имаш со 3 или 5 кабелски) и тој ќе ти биде доволен, а опција 2 да си ставиш оптички интернет.
Автоматски споено мислење:

Па дури и да емитува звучни и/или видео записи преку Интернет, со Docsis 4 кабелски Интернет ќе ги добие истите симетрични Интернет брзини кои би ги добил и преку оптички Интернет, а нема да мора да му се пуштаат нови кабли, туку само да му се даде нов рутер на користење.

Тоа е убавината на кабелскиот Интернет, каблите слободно може да бидат стари и 20 години - кај мене дома конкретно се стари 18 години - а само нова опрема треба да му се даде на корисникот за да добие побрз кабелски Интернет.

Само треба да им текне на А1 Телеком да се нафатат на таква инвестиција и да воведат Docsis 4 кабелски Интернет, не само што ќе му станат конкурентни на Македонски Телеком со таква инвестиција, туку и во најоддалечените села во кои нудат кабелска телевизија ќе можат да нудат Docsis 4 кабелски Интернет со симетрични Интернет брзини исто како и кај оптичкиот Интернет.

Ако ме прашуваше некој мене пред октомври 2017, ќе речев дека оптичкиот Интернет нема конкуренција. Но откако беа воведени техничките спецификации и стандарди за Docsis 4 во октомври 2017, слободно можам да кажам дека за кабелските оператори Docsis 4 е поисплатлива инвестиција отколку оптичкиот Интернет. Секако дека ќе мораат да продолжат да инвестираат во оптичка телекомуникациска мрежа, но во случајот со Docsis кабелскиот Интернет, оптичкиот кабел не завршува кај крајниот корисник, туку завршува во најблиската локална телекомуникациска централа, од каде што Интернет сигналот продолжува и завршува кај крајниот корисник преку коаксијален кабел.

Особено во Македонија, каде што корисниците се претежно несериозни - безброј пати сум се враќал кај корисници кои се жалеле на лош оптички Интернет, за да испадне дека го превиткале оптичкиот кабел, а оптичкиот кабел многу лесно се оштетува и се кине при превиткување - коаксијалниот кабел е поиздржливо решение, ем не може да се исече со обичен нож или со ножици како оптичкиот кабел, ем не се кине така лесно при превиткување или ако му ставиш мебел или било што тешко врз самиот кабел. Кај мене дома имам превиткан коаксијален кабел, па си работи одлично повеќе од 18 години.

Секако дека оптичкиот Интернет е најисплатлива инвестиција на долг рок, но од економска гледна точка, многу поисплатливо за кабелските оператори е да копаат и да пуштаат подземни црева и доводни оптички кабли до локалните телекомуникациски централи, па од таму да продолжуваат и да завршуваат кај крајните корисници со коаксијални кабли, особено со Docsis 4 кабелскиот Интернет кој ги нуди кристално истите симетрични Интернет брзини како и оптичкиот Интернет.

Коаксијалниот кабел е полесен за одржување во случај на кинење, додека оптичкиот кабел бара ептен внимателност и грижа, тоа е една од главните причини зошто постарите техничари вработени во Македонски Телеком - не во приватните фирми подизведувачи, туку во Македонски Телеком, баш тие со решение за работен ангажман на неограничен временски период - не сакаат да работат на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Прифаќаат налози за менување на неисправна опрема или за местење на дополнителна опрема, како на пример втор/трет/четврт/петти рисивер, но бушење по станови и спроведување на оптички кабел, или отстранување на пречки од типот на лош сигнал или скинат оптички кабел, за нив е исто како и темјан за ѓавол, бегаат веднаш во 5-та брзина од такви налози.

Ако им текне на А1 Телеком да инвестираат во Docsis 4, еве добар пример како ќе го престигнат Македонски Телеком: во 2016 година во Радишани, тогашен Вип поставуваше подземни црева и доводни оптички кабли до нивните тамошни локални телекомуникациски централи.

Македонски Телеком најверојатно ќе почне да ја проширува својата оптичка телекомуникациска мрежа кон Радишани во 2021 година, веќе го имаат покриено Бутел 2 и повеќе од половина Бутел. Но доколку А1 Телеком воведат Docsis 4 во 2021 година, веднаш ќе можат да почнат да нудат Docsis 4 кабелски Интернет во Радишани со симетрични Интернет брзини исто како кај оптичкиот Интернет, а нема да мораат да пуштаат нови кабли. Доколку А1 Телеком имаат пуштено доводни оптички кабли и до своите локални телекомуникациски централи во Скопска Црна Гора, со Docsis 4 кабелски Интернет ќе го престигнат Македонски Телеком и таму и сигурно ќе бидат ненадминлива конкуренција барем во наредните 2 години, ако не и подолго - во зависност од тоа кога Македонски Телеком ќе ја прошири својата оптичка телекомуникациска мрежа кон Скопска Црна Гора.

Но останува прашањето дали воопшто ќе им текне на А1 Телеком да воведат Docsis 4 кабелски Интернет или ќе се фокусираат исклучиво на проширувањето на нивната оптичка телекомуникациска мрежа - што секако дека е најисплатлива инвестиција на долг рок, но во меѓувреме, на краток рок, најисплатлива инвестиција би им било воведување на Docsis 4 кабелски Интернет.

Доколку имаш техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, А1 Телеком или Неотел на твојата адреса на живеење, оптичкиот Интернет ти е најдобрата опција. Доколку оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел е достапна на твојата адреса на живеење, слободно отпиши ги, за нив само поплаки се имам изнаслушано.
Доксисот е ефтин за долгорочно одржување, но како и да се свртиш секогаш ќе биде инфериорен во однос на оптиката.
4.0 за да се пушти на терен не се менува само модемот, туку се менува и целата активна опрема, т.е засилувачи, картици на убр, нодови, филтри, сплитери, што практично е повеќе од пола инвестиција.
FTN ти е доксисот што го гледаш тука, т.е од станица до нод имаш оптички кабел, а потоа коаксијалец.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.034
Поени од реакции
12.554
Доксисот е ефтин за долгорочно одржување, но како и да се свртиш секогаш ќе биде инфериорен во однос на оптиката.
4.0 за да се пушти на терен не се менува само модемот, туку се менува и целата активна опрема, т.е засилувачи, картици на убр, нодови, филтри, сплитери, што практично е повеќе од пола инвестиција.
FTN ти е доксисот што го гледаш тука, т.е од станица до нод имаш оптички кабел, а потоа коаксијалец.
Точно, но праксата говори дека пасивната опрема - каблите - одзема повеќе време за монтажа отколку активната опрема - појачалата, плочите, јазлите, филтрите, разделниците и останатите компоненти.

И точно е тоа дека Docsis кабелскиот Интернет секогаш ќе биде минимум едно ниво под оптичкиот Интернет, бидејќи и самиот Docsis кабелски Интернет е зависен од оптичкиот кабел.

Но како што веќе спомнав, во пракса поголеми се шансите Радишани и Скопска Црна Гора да добијат кабелски Интернет со симетрични Интернет брзини преку Docsis 4.0 во 2021 година, отколку да дочекаат оптички Интернет со симетрични Интернет брзини преку оптичка телекомуникациска мрежа.

На долг рок Docsis 4.0 е исплатлива инвестиција за реоните во кои сеуште нема оптичка телекомуникациска мрежа, само треба да им текне на кабелските оператори да ја воведат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Точно, но праксата говори дека пасивната опрема - каблите - одзема повеќе време за монтажа отколку активната опрема - појачалата, плочите, јазлите, филтрите, разделниците и останатите компоненти.

И точно е тоа дека Docsis кабелскиот Интернет секогаш ќе биде минимум едно ниво под оптичкиот Интернет, бидејќи и самиот Docsis кабелски Интернет е зависен од оптичкиот кабел.

Но како што веќе спомнав, во пракса поголеми се шансите Радишани и Скопска Црна Гора да добијат кабелски Интернет со симетрични Интернет брзини преку Docsis 4.0 во 2021 година, отколку да дочекаат оптички Интернет со симетрични Интернет брзини преку оптичка телекомуникациска мрежа.

На долг рок Docsis 4.0 е исплатлива инвестиција за реоните во кои сеуште нема оптичка телекомуникациска мрежа, само треба да им текне на кабелските оператори да ја воведат.
На долг рок исплатлива инвестиција за: руралните подрачја е 5Г, а за градските подрачја е формирање на агенција која ќе гради инфраструктура и ќе рента на сите оператори, се друго нема математика (особено не со цената на пакетите во мкд).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom