Точно е дека од тоа не се умира, но е многу напорно и тешко да живееш со тоа пореметување. Да направиш една работа а да неможеж со сигурност да потврдиш дека си ја направил, па мораш да одиш да провериш, и кога ќе провериш, пак не си сигурен, гледаш како да негледаш, неможе да ти влезе во глава, па пак проверуваш, и така неколку пати , а свесен си дека тоа што го правиш не е во ред, дека мораш да престанеш, но неможеш лесно да се отргнеш од тој маѓепсан круг, затоа што и ако речеш - доста е што сака нека биде не проверувам веќе, во главата ти надоаѓаат нови застрашувачки мисли дека баш поради тоа што не си проверил на пример дали е исклучен шпоретот може да се случи пожар, а тоа пак те враќа назад и уште еднаш да проверуваш, па пак уште еднаш, така да на моменти ти се чини дека полудуваш.