- Член од
- 27 декември 2020
- Мислења
- 74
- Поени од реакции
- 210
Од детска возраст страдам од ОЦД.
Кај мене е изразено на неколку полиња: опсесивна лична хигиена,бидејќи имам паничен страв од непријатни мириси.
Броење (на пример, исклучување и вклучување на светлото одреден број пати), панично избегнување на одредени броеви.
Ако мислам дека нешто ,,не е како што треба'', почнувам одново. На пример, кога читам нешто, ако не сум разбрала добро одреден дел, не почнувам со читање само на тој дел туку на целиот текст. Ако еден дел од мејлот не е добро напишан, го бришам целосно и почнувам одново со пишување.
Подредување на нештата во одреден ред, кој за другите може да изгледа и нелогично. Не станува збор за симетрија или подредување по бои, едноставно се' мора да е наместено така како што јас сум си замислила дека треба.
Повторување на некои зборови или реченици (во себе) со цел да ,,спречам'' нешто лошо да се случи.
Во најлошите периоди, компулсиите ми одземаат неколку часа во текот на денот и е многу мачно, навистина пречи да функционирам како што треба.