Опсесивно - компулсивно нарушување

Член од
5 април 2013
Мислења
3
Поени од реакции
5
Да не заборавам Везилка- , ако сеуште ги имаш истите опсесии, можеш да превземеш консултации затоа што штетно влијаат на тебе, а со текот на времето стануваат поинтензивни, додека останатите корисници со своите искуства не се застрашувачки и ги има кај сите нас. Тоа е одлика и кај 37% од сериските убијци. Тоа претставува траума, што пациентот ја доживеал и не сака повторно да ја доживее, но не во сите случаеви. На пример, поединецот што страда од опсесивно-компулсивно растројство, може да биде очевидец на некој настан кој му се врежал во потсвесниот дел, но со својот свесен дел знае дека тоа не е логично но неможе да одолее да не го направи ритуалот. Најчесто се појавува кај педантни и уредни луѓе, кои што се грижат за тревата во градината дали малку повеќе е порасната или бојата на куќата малку е гребната. Ова опсесивно-компулсвно растројство е составен дел со сериските убијци, затоа што морат да го направат убиството по концептот што си ги замислиле и вршат серија на убиства со ист концепт. Јас ќе дадам еден пример: Трговец кој поради работата мора да патува, поминувајќи покрај мост помислува: "ОВА ТИ БЕШЕ ПОСЛЕДНОТО ПРЕМИНУВАЊЕ ПРЕКУ ОВОЈ МОСТ", на билетара касиерот му наплаќа 55 центи, и во мозокот му се испишуваат зборовите: " ЌЕ УМРЕШ НА 55 ГОДИНИ", поради ископана длабока јама покрај патот тој помислува: "ПРЕД ДА БИДЕ ЗАТРУПАНА, ТВОЈОТ АВТОМОБИЛ ЌЕ СЕ ЗАЛЕТА ПРАВО ВО ОВАА ЈАМА И ТИ ЌЕ ЗАГИНЕШ". Покрај тоа што гледаме дека кај поединецот овие опсесивни -компулсивни растројства немаат никаква поврзаност, тој ги извршува во вечерните часови се враќа на местото за да помине и да се осигура дека нема да загине и тогаш може мирно да спие. Но да не продолжувам затоа што во стручна литература има повеќе, па тие што страдаат пожелно е да се обратат кај стручно лице.
 
G

garthok

Гостин
Точно е дека од тоа не се умира, но е многу напорно и тешко да живееш со тоа пореметување. Да направиш една работа а да неможеж со сигурност да потврдиш дека си ја направил, па мораш да одиш да провериш, и кога ќе провериш, пак не си сигурен, гледаш како да негледаш, неможе да ти влезе во глава, па пак проверуваш, и така неколку пати , а свесен си дека тоа што го правиш не е во ред, дека мораш да престанеш, но неможеш лесно да се отргнеш од тој маѓепсан круг, затоа што и ако речеш - доста е што сака нека биде не проверувам веќе, во главата ти надоаѓаат нови застрашувачки мисли дека баш поради тоа што не си проверил на пример дали е исклучен шпоретот може да се случи пожар, а тоа пак те враќа назад и уште еднаш да проверуваш, па пак уште еднаш, така да на моменти ти се чини дека полудуваш.
Апсолутно точно и најдобро објаснето.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Dali e potreben lektor?Ne se veli filosofija,tuku filozofija,blagodaram:pos:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Дали миење раце по милион пати е симптом на COD?
Да не бидам dick, ама е симптом и ако не превземеш нешто, најверојатно ке стане уште полошо со тек на време..

Пред да излезам некаде по 5-6 пати проверувам дали усм изгасил греалка и шпорет.
Секоја вечер ја гасма греалката од штекер иако е изгасната од копче
На секој 5-6 минути се фаќам за десен чеб на панталоните(мобилниот)лев чеб на панталони(др мобилен),и десен чеб на јакна(цигарите).Буквално секогаш така ги носам.
Кога идам до шупа се враќам по 2 пати да проверам дали сум заклучил.

Тежок случај сум а? :(
Ти си далеку од тежок случај. Ретко кој на форумов има претстава што всушност значи OCD. Сваќам дека има најразлични форми на OCD и кај секој поединец е скроз различно, ама проверувањето кваки, брави и шпорети по 5 пати е далеку од она што OCD може всушност да стане, во споредба со други форми...Една негова форма е членот над ова што го цитирав со миењето раце.. Ова растројство е многу не сериозно сфатено, иако повеќето случаеви кај нас остануваат во сенка поради тоа што пациентите кријат дека го имаат истото па затоа неможе да се каже процентот на лица што го имаат растројството. Иако сум сигурен дека бројките се страшно големи. Колку за пример, се смета дека дури 5% од населението на САД го има ова, па види ти колку е тоа од 300.000.000 народ.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
86
Поени од реакции
41
Првите две страни ги прочитав само, и мора да кажам дека повеќето од акциите во постовите не се поврзани со компулсивно нарушување...
Тоа проверка за дали си ја заклучил вратата или нешто слично, сигурно не е кп..

Јас на пример имам проблем, со тоа што ненормално премногу пати ги мијам рацете, некогаш дури станувам и сред јадење (ако сум земал нешто со раце), убавезно се мијам ако допрам нешто што мислам дека "не чини" (не знам како да објаснам). И особено го мразам допирот на железо, како на пример кога ќе допрам пари/клучеви и слично, ми создава непријатност (вознемиреност) додека не се измијам..
Ова не го сметав јас како компулсивно нарушување, туку како нешто што е вообичаено, и покрај тоа што бев доста "критикуван" дека премногу се мијам (претежно од семејството, бидејќи нормално, чудно им е..)
Сум имал и други компулсивни навики, но ова е она што највејќе се изразува...

Како нарушување дознав дека ми е кога почнав да се лечам од социјална фобија (еве веќе неколку месеци сум на терапија од апчиња, и се осеќам доста подобро од тоа што бев :) ).

Така да мала исповед од моја страна :) но ова го кажувам отворено (и покрај тоа што ми е непријатно на било кој начин да кажам дека имам социјална фобија) затоа што мислам дека кон психолошките нарушувања кај нас се гледа како кон табу, а тоа е доста погрешно размислување. Да знаев дека можев да се излечам од социјална фобија (и дека воопшто како термин го има, бидејќи се мислев дека Само Јас сум таков на светов), ќе имав многу поубав младешки живот - Сигурно ќе видев многу повеќе од моите 4 ѕида во собата....
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Една моја другарка се оправи од тежок OCS (opsesive compulsive sindrom) и тоа само со хомеопатски лекови. Џабе и беа психијатри и други гачки. Сега е неверојатно добро. На скала од 100, таа беше 100, а сега е 20. Јас на пример бројам се во пар, плочки, прозори, балкони, фиоки... И тоа е OCS ама очекувам само да исчезне со тек на време. Оваа болест најчесто луѓето ја имаат интензивно и не толку интензивно во зависност од проблемот кој го таложат во себе. Кога не можат да најдат решение на некој проблем, спас бараат во нешто што им ги преокупира мислите за да не мислат на тоа што ги мачи и тоа им станува рутина. Лошо е, а гледам дека за жал OCS станува се почеста болест и кај нас :(
 
Првпат слушам за ова ОCS но најверојатно е истото.. Ве молам разликувајте БОЛЕСТ од НАВИКА...Твоите работи што ги наброја се само маааааааааааааааааала блага форма на OCD. Во споредба со другите... Што да кажат оние кои буквално по 3-4 саати во денот мијат раце... Или оние на кои од соба во кујна им требаат 10 минути да стигнат ради компулсиите и опсесиите што ги имаат.. Или на некој што му требаат 10 минути да пише мислење на форум..
 
--- надополнето: 12 април 2013 во 17:47 ---

Да, на истото мислиме. И јас не се жалам, јас порано миев раце на работа по милион пати, а прекинував кога ќе влезеше некој во тоалет. Среќа нон-стоп некој одеше во ВЦ, па ја завршував рутината побрзо. Е тоа беше исцрпувачки, но помина (затоа не ни напишав за миењето раце, туку напишав за броењето затоа што уште бројам ;)). Не се разбравме, јас во коментарот не сакав да се жалам воопшто и мислам дека моето искуство е минорно во однос на останатите кои имаат посериозни проблеми, како на пр. другарка ми или други луѓе од форумов. Знам како е и од мое и од туѓо искуство и знам дека има чаре. Тоа беше поентата.. Позз :)
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Пример:​
Јас гледам ова со мене не е во ред, но тоа е посилно од мене. Се почна неприметно се малку по малку. Прво забележав дека се почесто ги мијам рацете, па се почесто ги перам моите алишта... потоа ја мијам чешмата... подоцна се повеке и повеке .. Цела ден цела ноќ не ги вадам рацете од вода.. Кога се мијам, прво ги мијам рацете, па потоа го мијам лицето, па повторно ги мијам рацете затоа што мислам дека се извалкале од лицето. Чешмата ја мијам неколку пати, па дури тогаш ја отварам за да земам вода за перење... Ги перам алиштата се додека не ми се вкочанат рацете, а потоа ке падне на нив некоја трошка и јас повторно перам.... Ноќе не можам, да спијам само мислам што е валкано па кога веќе не можам да издржам станувам скришно, да не ме види никој и повторно перам. Ако палтото ми го допре дете со чисти раце јас се вознемирувам и едвај издржувам да стигнам до дома и да го перам. Маче ке ме допре со опашката и веднаш ги соблекувам чорапите и перам.. Ако не ги исперам почнувам да се нервирам, сета поцрвенувам, се потам, срцето ми чука силно испашена сум и веднаш почнувам да перам, тогаш ми станува полесно.​

Често пати овие неврози не можеме да ги разликуваме до опсесивните фобии. Опсесивната фобија е слична на опсесивно-компулсивните неврози, поради појавата на чувството на страв.​
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
--- надополнето: 12 април 2013 во 17:47 ---

Да, на истото мислиме. И јас не се жалам, јас порано миев раце на работа по милион пати, а прекинував кога ќе влезеше некој во тоалет. Среќа нон-стоп некој одеше во ВЦ, па ја завршував рутината побрзо. Е тоа беше исцрпувачки, но помина (затоа не ни напишав за миењето раце, туку напишав за броењето затоа што уште бројам ;)). Не се разбравме, јас во коментарот не сакав да се жалам воопшто и мислам дека моето искуство е минорно во однос на останатите кои имаат посериозни проблеми, како на пр. другарка ми или други луѓе од форумов. Знам како е и од мое и од туѓо искуство и знам дека има чаре. Тоа беше поентата.. Позз :)
Јасно.. генерално, нема лек кој 100% го лечи пореметувањето, но со различни терапии и лекови, најверојатно се ублажува до степен каде што може да се води нормален живот. Но, најефективниот лек според мене е самиот себе. Има една емисија со неколку епизоди снимено специјално за ова, каде пациенти со различни видови на ОCD се изложени на тестови. Со познат американски психолог/или психијатар, не е битно, д-р Толин. Разгледајте ги, "The OCD Project" се викаат. Може многу да помогнат.
Исто така има еден филм As Good as It Gets со Џек Николсон на оваа тематика...Исто и ОВОЈ пост на некој форум може доста да помогне. Извини, те цитирав тебе но наменето е за сите кои имаат вакви или слични проблеми... Со среќа..
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Да, ја имам гледано The OCD Project на TLC тоа се баш екстремни случаи, ама знам и дека тие што имаат ептен слични симптоми со луѓето од емисијата, не сакаат да ја гледаат затоа што се свесни колку лошо изгледа од страна. А филмот, врв :cuc:. Не е проблем за цитирањето. Уживај ;)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Bump дечки. Го има ли некој растројствово?
 
Член од
17 февруари 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Еве неколку мои такви нарушувања :)
Од дома до местото каде што сум тргнала ги имам броено шахтите.
Со воз од прилеп до битола ги имам броено бандерите покрај пруга.
Обавезно газам на полни коцки и се нервирам ако настапам на линијата.
Тротоарите ги мерам да ми се точно по 2 чекора.
А да, и последниот. Ги знам сите регистрации на жолтите матизи и спаркови низ градот. Незнам зошто баш на тие.
Едит, уште една опасно глупава опсесија. Бројам катови од згради ама во парен број, почнувајќи од приземје па нагоре. 2,4,6,8,10...

Жалосно. Него, сериозно е ова? Мислам, може да прерасне во нешто сериозно?
Ne Moon Child, ne e nishto seriozno tvoevo. Mnogu, MNOGU postrashni rituali treba da si imash zadadeno, bez tvoja volja, najchesto nerazumni za okolinata... Tvoevo e "sekojdnevno" sueverie... Dokolku nemash neshto dopolnitelno, vo red si. Nemash potreba za grizi voopsto. Dokolku si od Prilep, i si krajno zagrizen, poseti go Pandora ( opsta bolnica, 5ti kat) ili Dr. Johan Georgieski ( isto na psihijatrija) ili obrati se kaj mene za nekakvo sovetuvanje :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom