K
Kicky
Гостин
Вака, еден мал вовед во темава, да знаете за што се работи:
Опсесивно компулсивна невроза е пореметување на личноста која ја карактеризираат присилни идеи и мисли кои се неприфатливи, бесмислени за личноста. Меѓутоа личноста не може да ги контролира па не знае од каде доаѓа нивното настанување. Компулсивното однесување често се одликува со ритуално повторување на определени работи. Личноста смета дека доколку не ги повтори тие работи може да и` се случи нешто лошо.
Мене често ми се случува ова што дури и ме тера да се плашам да не станам невротична и да не ми премине во опсесија. Кога ќе излезам од дома за да одам на школо се враќам по неколку пати за да проверам дали е заклучена вратата, дали сум ја оставила пеглата вклучена или дали сум го затворила прозорецот од собата кога никој нема дома. Затоа ја отворив и темава, можеби и некому му се случува истово.
Можеби секој човек го има искусено ова, прави некои бесмиселни работи по неколку пати само за да се осигура.
Ми кажаа не е опасно доколку не се случува често, меѓутоа ако е доста често се лекува со психотерапија.
Ме интересира дали на некому од вас му се случува слично?