На Он.нет не му е доволно тоа што ме малтретира со непостојан и неквалитетен линк кон Интернет, како и со тоа што, наместо да ми ги даде испечатени, ме тера секој месец да пополнувам сини уплатници, еве сега се закануваат и дека ќе го исклучат мојот WADSL затоа што, според нив, не сум платил 2 сметки во последниве 6 месеци. Да е идиотизмот поголем, не напишале за кои месеци наводно не сум платил. А уште полошо, како и секогаш, НИКОЈ не се јавува на нивните телефонски броеви (не само на „главните“ броеви, туку ни на локалите од продажните салони).
Нормално, тоа не е точно и ќе го припишам на неспособноста на Он.нет да си ги провери уплатите. Сега треба да копам и барам дали сум зачувал копија од уплатниците, па да им ги праќам по факс или email. Ако не ги најдам (можно е да сум ги фрлил), веројатно ќе бараат да ги платам повторно. Хм, имам само 2 дена да сторам нешто, бидејќи писмото со лаги и уцени дојде денес, а рокот за плаќање е задутре. А кога ќе ми текне дека на Он.нет се префрлив (демек) затоа што се поевтини - сега и ќе платам, и ќе добијам полоша услуга отколку од МТ.нет.
Е значи за резил сте, шарлатани едни.
Преземено од
http://mislam.blogspot.com/2007/10/blog-post_24.html