Ај да се вратиме назад на темата а тоа за ОМО-Илинден пирин.
И да ве прашам сега испадне да во септември сепак се соберат 5000 потписи, и тоа им дава за право да формираат политичка партија.
И вие тука ништо не можете да направите, и бидете сигурни во едно нешто Р. Македонија нема намера да се меша и да ја финансира таа партија туку таа партија ќе си се финансира од членството.
Ќе видиме и колкаво членство ќе има и како ќе се одрази на политичкиот живот во Р. Бугарија.
А дали тоа според вас е правилно или дали тоа вам ви се допаѓа или не тоа ќе си остане за вас, ама факт ќе биде дека сепак постои политичка партија од луѓе кои се сметат за Македонци кои го зборат Македонскиот јазик, а не некој бугарски дијалект.