ги има многу, можам од секоја фирма мин по 10 да набројам. Но кога би морал да одберам од сите тие милиони модели ке го издвојам Сименс А55 - лудница телефон, едноставен и мал и има многу фабрички мани кои тешко се сервисираат доколку не си стручен и немаш добар супортер. Ко ке ми текне на времето (2002/2003) кои пари ги праевме оти у Мкд само 2ца можеа да декодираат лол...
и до ден денес сеуште ми доагаат и покрај тоа што е 5 години стар ко модел за исти дефекти само денеска неможеш да набијаш на цени ко порано појке од 3/400 никој не дава за сервис а најчести мани му се Wrong Battery, Wrong Software, Battery Empty, контрастите на екрано се спуштаат до минимум што неможеш да влезеш преку мени да ги појачаш
декодирање - па..па.. т-мобиле ги пушти за многу ефтина цена тие телефоничња ама сите беа кодирани по 600 денари ко алва се декодираа дури и ги сонував едно време тие телефони. Е сеа интересна работа - зошто многу малце ги сервисираа тоа време а и денеска ретко кој сервис сам ги поправа сименсите, претежно ги носат на други сервиси кај колеги за било каква ситница. Затоа што чим му смениш некој хардверски дел мора да се флешува,ако не ке ти кажуе вронг софтвер или само ке трепка телефонот и нема да се подигне софтверто, а за флешување требаше да се сече тест поинот кој изглеа вака(а и после флешување треба да се декодира и во принцип да се закрпи тест поинтот т.е. повторно да се поврзе - за да не ти се врати после некој ден муштеријата )
:
(тоа време информацијата многу вредеше иако беше за ситници прескапо се наплакаше - денеска скоро се се наога преку интернет, дури и тест поинт сликава можеш на гугл да си ја најдеш, а порано плакаш супорт од 25 евра месечно само за да ти кажуваат финти
)
e вака не излгеа нешто многу страшно но ако со жилетот/скалпелот повлечеш малце подоле ке го умртвиш, ако стиснеш малце посилно ке го пробиеш и вториот слој, ако не стиснеш ко што треба нема да биде пресечен тест поиното - абе лудница!!!