Од секоја тастатура, не бива „новинар“

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Во овој „медиум“ работат истите луѓе од Сител. Немаат Твитер за жал, ама ќе ги дриблам малку на ФБ.
ОМГ...Латасова школа значи. Не ме ни чуди на неписменоста. Тој пола дневник на српски го води.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Да, се користат и двата збора. Не сакам да одам оф топик, ама еве повеќе за Божик vs. Божиќ.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C118013238D60A4C95B1040F297BC9E9
Да да точно е дека се користат и двата збора. Само што ете не сме навикнати на Божик :pipi: па ни изглеа смешно ко да напише некој:шекер, леп....
Само она што ме иритира е што не се договорени како ќе го пишуваат сите вработени Божик или Божиќ. Еден наслов е Божик, следниот е Божиќ :S
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Некад коа ги читам нашиве сајтови се осеќам, да споредам со кајганџиски ликови, како да читам пост од bucio препишан од Gglloorrijja или како и да беше.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.295
Поени од реакции
15.512
Слабо ги читате спортските портали изгледа :)

Јас можам да разберам еден обичен портал воден од неколку лица да не биде лекториран, али Вечер, Макфакс етц... е непрофесионално и несериозно.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Трагично е што ваквата состојба во нашите електронски и печатени медиуми повеќе не служи само за фаќање сеир и исмејување, туку има и подлабоки последици. Понекогаш кога гледам вести или читам весник и кога ќе најдам маана, некој ќе ми рече: дај не ципидлачи. Како неписменоста полека, но сигурно да станува стандард.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Јаооо ултимејт фејспалм :facepalm:


ФОТО: Адриана Лима го честиташе Божиќ на Македонски јазик


Адриана Лима е српска снаа, па од таму, јасно е дека е наменета за Србите. Како и да е, ние ја разбираме и ништо не се разликува од нашата. Епа Адриана.. Вистина се роди !!!

 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Ова нема крај, човече :D :

Кмаења во Косово и за српскиот министер Богдановиќ


Активисти на „Самопределување“ вчера се обидоа да го спречат доаѓањето на српскиот прседател Борис Тадиќ во косовскиот манастир „Високи Дечани“, каде ги минува божиќните празници
Возилото на српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ денеска е каменувано во центарот на местото Дечани, додека минувало покрај насобрана група активисти на косовското националистичко движење „Самоопределување“.
По инцидентот Богдановиќ изјави дека неговото возило било погодено со три камења, при што напукнало едно од стаклата на автомобилот.
Според Богдановиќ, возилото било гаѓано со камења додека минувало покрај група од 200 до 300 активисти на „Самопределување“. Тој нагласи дека косовската полиција го обебзедувала патот по кој тој се движел, а дека камењата долетале од масата луѓе кои биле собрани позади кордонот полицајци.
Активисти на „Самопределување“ вчера се обидоа да го спречат доаѓањето на српскиот прседател Борис Тадиќ во косовскиот манастир „Високи Дечани“, каде ги минува божиќните празници

бунар: Неписмени24
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Не можам да замижам пред еден куп печатни грешки, дезинформации и контрадикторности во македонските интернет страни, пред се информативните...
Дали тоа се должи на неписменоста на авторите, брзањето да се објави некоја информација прв, не знам, но сепак мислам дека треба да има некој задолжен за правописот и "лапнувањето" на букви во текстот. Во најмала рака делува непрофесионално, аматерски.
Треба да се провери па дотера и после да се објави.
evakiranje.jpg

Еве примери за тоа...ќе следуваат и други како што ќе се појавуваат. ;)
Ставете и вие некои, па можи ќе им текни на авторите на текстовите да се потрудат да не ги прават истите грешки.
 

Attachments

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.525
Поени од реакции
33.718
Да, ова седи сигурно повеќе од 2 часа а пред то пишуваше дека се врши администрација на страната и дека за брзо ќе биди повторно достапна....
Не ми ја уништувај шегата, алудирав на тоа дека како појава е грешка, маскота е за интернет страниците со чепатни грешки. :гик:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom