Од секоја тастатура, не бива „новинар“

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Како што тргнале, никогаш нема ни да им дојде памет. И ја така на страната на Вечер нон-стоп им пишував коментари дека се неписмени (нормално, не со тие зборови). А ова за на твитер не ти е лоша идеја. На секоја неписмена статија да им удрам реплај: најдете си лектор.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ако на доктори на науки им треба лектура (а им треба!), тури му пепел на се`. Денес монополот на информации е потешко изводлив, па писменоста и не е веќе нужно поврзана со формалното образование и акредитиви. Во напливот на fly-by-night приватни универзитети, академии и високи школи се изнаштанцаа дипломи и титули. Резултатите се поразителни. Жално е, ама во комунистичка Македонија имаше повисок стандард по однос на писменоста во медиумите.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Ако им дојде памет и си најдат лектор, на шо ќе се смееме? :icon_lol:
Ахам и тоа што викаш, ама ептен боде очи, а и ме иритира фактот што изиграваат не знам какви „новинари“.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 00:37 ---
Како што тргнале, никогаш нема ни да им дојде памет. И ја така на страната на Вечер нон-стоп им пишував коментари дека се неписмени (нормално, не со тие зборови). А ова за на твитер не ти е лоша идеја. На секоја неписмена статија да им удрам реплај: најдете си лектор.
Да, слободно. Ја се закачив ептен со нив и малку `ко да ми се налутија. :D
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 00:38 ---
Ако на доктори на науки им треба лектура (а им треба!), тури му пепел на се`. Денес монополот на информации е потешко изводлив, па писменоста и не е веќе нужно поврзана со формалното образование и акредитиви. Во напливот на fly-by-night приватни универзитети, академии и високи школи се изнаштанцаа дипломи и титули. Резултатите се поразителни. Жално е, ама во комунистичка Македонија имаше повисок стандард по однос на писменоста во медиумите.
Во комунистичка Македонија даскалот ги шамараше неписмените, денес не смее да ги пипне, затоа ќе читаме после шкрабаници.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Во комунистичка Македонија даскалот ги шамараше неписмените, денес не смее да ги пипне, затоа ќе читаме после шкрабаници.
Не е до шамарањето, причините се подлабоки. Неписменоста не е грев, само не и` е место во јавните медиуми. Ама, во демократски дијалог секој сака да учествува, нали...

Причините се во образовниот систем кој фунцкионира како услужна дејност. Студентот е клиент, а образовната институција пружа образовни услуги. А клиентот е секогаш во право, макар бил тотално неписмен...

Ова не е проблем само во Македонија. Западниот свет е одамна преполн со ѓомити универзитети со чии дипломи тешко се наоѓа асална работа. Такви се на пример виртуелните онлајн универзитети. А пост-комунистичките општества речиси беспоговорно го копираат западниот свет.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
кај што има печатни грешки туку е зборено те прво лице еднина те трето лице еднина... ја сваќам на форум да се прават печатни грешки ама ало на страница на медиум или пак на весник каде што искача печатена копија? е тоа е веќе недозовлливо.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Не е до шамарањето, причините се подлабоки. Неписменоста не е грев, само не и` е место во јавните медиуми. Ама, во демократски дијалог секој сака да учествува, нали...

Причините се во образовниот систем кој фунцкионира како услужна дејност. Студентот е клиент, а образовната институција пружа образовни услуги. А клиентот е секогаш во право, макар и бил неписмен...
Да, почетокот на проблемот е во образовниот систем. Професорите повеќе не се замараат дали знаеш или не знаеш. Но зошто побогу ги вработиле да пишуваат текстови во медиуми !? Е тоа не можам никако да го разберам.

Зар нема пробен период !? Зар нема „ај да видиме како пишуваш“ !? Срамота е ова.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Вакви испади особено не смеат да и' се случат на Макфакс, првата новинска агенција во Македонија од која вестите ги зимаат останатите медиуми.
Затоа и го поставив ова, они треба пример да бидат нивните вести и надвор ги превземаат.Ама веројатно и таму фали лектор.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Зар нема пробен период !? Зар нема „ај да видиме како пишуваш“ !? Срамота е ова.
Може има и работа од љубов, па поради слепост на газдата на медиумот (колку се труди неговиот вработен да напише текст без пари) се праат намерни печатни грешки
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Лелеее... текстов за Божиќ ако не го пишувал истиот „новинар“, еве на:

Православните Христијани денеска го празнуваат Божиќ


Во соборниот храм „Св Климент Охридски“ утре ќе се одржи Златоустова литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан
Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се Македонската православна црква, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот - синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16. век сите христијани Божик го славеа истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавија разлики. Првите векови во православните и протестантските земји се држеа според стариот календар, кој подоцна постапно се менуваше. На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат „Вистина се роди“.
Името Христос е превод на еврејското Месија, што значи Помазаник. Овој Помазаник, овој Христос, на луѓето им беше ветен уште од времето на Адам. За него пророкуваа многу еврејски пророци, а неговата појава во тоа време ја очекуваа и многу други народи. Пророците го прорекоа како времето кога ќе се роди, така и местото Витлеем. Во тоа мало гратче во Јудеја, денешен Израел, се роди Исус, наречен Христос, т. е. Помазаник, и тој беше исполнување на пророштвата. Подоцна се откри и стана позната низ целиот свет надумната тајна на неговата богочовечка личност. Исус Христос на човештвото му ја даде силата и власта да ги победи гревот и смртта. Заради тоа Христа го нарекуваме спасител. Уште повеќе, влегувањето на Бога во историјата значеше почеток на откривањето на сите тајни и на радоста на вечниот живот.
Божиќ се празнува во спомен на раѓањето на Исус Христос, синот божји кој е роден во пештера во Витлеем, поради задолжителниот попис кој римјаните го одржувале во тој период во Јудеја. Веднаш по неговото раѓање три мудреци од Истокот, следејќи ги ѕвездите, го пронашле и му се поклониле, принесувајќи му дарови. Ангели Божји истовремено им ја соопштиле радосната вест и тие дошле да му се поклонат на Спасителот. Така Христос на овој свет бил пречекан како истовремени од најмудрите и наједноставните. Овој празник е матица на сите други црковни празници бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
Во соборниот храм „Св Климент Охридски“ утре ќе се одржи Златоустова литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан

пак од Неписмени24
------------------------

Првин го пишува како Божиќ, па после Божик, па после пак Божиќ. Знам дека двете форми се точни, ама кога се зема една форма само една се користи.

Второ набројувањето му е како на дете од 8 години, плус нема две точки пред набројувањето.
Али врв на се е ова „Божиќ се празнува во спомен на раѓањето на Исус Христос, синот божји кој е роден во пештера во Витлеем, поради задолжителниот попис кој римјаните го одржувале во тој период во Јудеја.:tapp:

Каде со тој памет бе дечко/девојко. Ова е брука невидена. Роден е во пештера поради попис. :tapp:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Првин го пишува како Божиќ, па после Божик, па после пак Божиќ. Знам дека двете форми се точни, ама кога се зема една форма само една се користи.
Божик ?

 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Во овој „медиум“ работат истите луѓе од Сител. Немаат Твитер за жал, ама ќе ги дриблам малку на ФБ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom