Лелеее... текстов за Божиќ ако не го пишувал истиот „новинар“, еве на:
Православните Христијани денеска го празнуваат Божиќ
Во соборниот храм „Св Климент Охридски“ утре ќе се одржи Златоустова литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан
Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се Македонската православна црква, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот - синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16. век сите христијани Божик го славеа истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавија разлики. Првите векови во православните и протестантските земји се држеа според стариот календар, кој подоцна постапно се менуваше. На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат „Вистина се роди“.
Името Христос е превод на еврејското Месија, што значи Помазаник. Овој Помазаник, овој Христос, на луѓето им беше ветен уште од времето на Адам. За него пророкуваа многу еврејски пророци, а неговата појава во тоа време ја очекуваа и многу други народи. Пророците го прорекоа како времето кога ќе се роди, така и местото Витлеем. Во тоа мало гратче во Јудеја, денешен Израел, се роди Исус, наречен Христос, т. е. Помазаник, и тој беше исполнување на пророштвата. Подоцна се откри и стана позната низ целиот свет надумната тајна на неговата богочовечка личност. Исус Христос на човештвото му ја даде силата и власта да ги победи гревот и смртта. Заради тоа Христа го нарекуваме спасител. Уште повеќе, влегувањето на Бога во историјата значеше почеток на откривањето на сите тајни и на радоста на вечниот живот.
Божиќ се празнува во спомен на раѓањето на Исус Христос, синот божји кој е роден во пештера во Витлеем, поради задолжителниот попис кој римјаните го одржувале во тој период во Јудеја. Веднаш по неговото раѓање три мудреци од Истокот, следејќи ги ѕвездите, го пронашле и му се поклониле, принесувајќи му дарови. Ангели Божји истовремено им ја соопштиле радосната вест и тие дошле да му се поклонат на Спасителот. Така Христос на овој свет бил пречекан како истовремени од најмудрите и наједноставните. Овој празник е матица на сите други црковни празници бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
Во соборниот храм „Св Климент Охридски“ утре ќе се одржи Златоустова литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан
пак од
Неписмени24
------------------------
Првин го пишува како Божиќ, па после Божик, па после пак Божиќ. Знам дека двете форми се точни, ама кога се зема една форма само една се користи.
Второ набројувањето му е како на дете од 8 години, плус нема две точки пред набројувањето.
Али врв на се е ова „
Божиќ се празнува во спомен на раѓањето на Исус Христос, синот божји кој е роден во пештера во Витлеем, поради задолжителниот попис кој римјаните го одржувале во тој период во Јудеја.“
Каде со тој памет бе дечко/девојко. Ова е брука невидена. Роден е во пештера поради попис.