Од какви програмери(back-end) имаат потреба нашите компании?

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
495
Поени од реакции
943
При крај сум на студиите и во тешка дилема сум што да изберам помеѓу C# (Asp.net Webforms, Asp.net MVC), Java(Spring framework) или php(Laravel MVC framework).
Од сите имам познавање ама ми треба дополнително усовршување било преку мои проекти или пракси.
Според она што јас го забележав се уште има компании што бараат .NET и најчесто нудат шанса за пракса.
За Spring немам видено компанија која има потреба од практиканти.
За php, нашите компании како се уште да се скептици околу користењто на софтвер со отворен код, многу малку компании пројавуваат интерес за пхп, поточно за Laravel иако мислам дека е најмоќниот framework со кои сум се сретнал.

Знам дека има слични теми ама тие се релативно стари а технологијата брзо се менува.
Вие што веќе работите како софтверски инженери што мислите, во која технологија е најдобро да се инвестира труд како почетник(junior) во овој момент и зошто?
 
Член од
7 август 2010
Мислења
129
Поени од реакции
37
Мислам дека .NET се бара најмногу. Јас работам PHP и ретко налетувам на огласи за PHP Developers.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.938
Java и .Нет кога веќе збораш за бекенд. Компанииве низ Македонија си имаат крупни проекти во нив така да шо и да земиш нема да згрешиш.
Реално јас би ти препорачал Јава. Никој не е скептик околу користење на опен сорс без гајле. Не се затварај на .нет оти зависиш многу од редмонд.
Многу системи кои се стејт оф арт се напраени во Јава така да имаш и библиотеки и проекти од кои да учиш.

Php повеќе е темплејтинг отколку платформа па се користи за помали сајтој или за дотервање на јумла, мумла, друпал, магенто и слично.
Екосистемот на пхп е минијатурен во споредба со .нет а особено Јава. Реално е многу полесен за да го работиш од Јава.
Порано имаше многу повеќе пхп девелопери, во последно време како да исчезнаја па сега ги бараат и нив.

Твое е да одлучиш, мое е да ти речам учи Јава :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.064
Јава и тоа Јава ЕЕ 7+ (не Spring), но нема да згрешиш и со .НЕТ, само мене повеќе ми лежи Јава. PHP ретко кој работи, ама она core, повеќе е Џомла, WordPress и други платформи за да се склопи некој сајт набрзина.
За Јава можам да ти кажам дека т.е ЈаваЕЕ 7, нема многу додадено од Ј2ЕЕ т.е технологијата е доста стара, работи тоа што треба е сега новите верзии како 6, 7 па и 8 повеќе се дотерани за програмери, серверите се стартуваат за дел од секундата, нема многу церемонии нема за работа итн.
Како јунирот во јава ЕЕ инвестираш сега ќе ги научиш поголем дел од работите за 5-6 години како функционираат т.е додека излезе Јава ЕЕ 10, ти веќе доста добро ќе ја познаваш платформата и се што е ново многу брзо ќе го уходаш т.е нема да ти претставува голем напор, бидејќи Јава ЕЕ многу поспоро се развива од другите платформи затоа што во суштина е стандард т.е прво неколку луѓе ќе направат иновација и потоа од нивните грешки ќе се направи добар стандард.
Да го поставеше прашањето пред 7-8 години, дефинитивно Spring, но сега Јава ЕЕ
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.632
Поени од реакции
853
Од наведеното, генерално гледано на што и да се одлучиш нема да згрешиш. Кај нас најмногу се бара, на прво место JAVA, па .NET, a PHP послабо, ако сакаш да работиш на надвор најмногу се бара JAVA и PHP.
PHP e програмски јазик, не е платформа и најмногу се користи за веб програмирање, со оглед на фактот дека 80% од сајтовите во светот се базирани на PHP, работа за PHP девелопери има колку сакаш.;)
 
Последно уредено:
S

StormRage

Гостин
Од наведеното, генерално гледано на што и да се одлучиш нема да згрешиш. Кај нас најмногу се бара, на прво место JAVA, па .NET, a PHP послабо, ако сакаш да работиш на надвор најмногу се бара JAVA и PHP.
PHP e програмски јазик, не е платформа и најмногу се користи за веб програмирање, со оглед на фактот дека 80% од сајтовите во светот се базирани на PHP, работа за PHP девелопери има колку сакаш.;)
Со оглед дека јавата е целото зло собрано во веб, луѓето културно си користат PHP.
Значи, јас работам со PHP и моравме да искористиме јава за еден сервис, така да изгубив 4 дена дури го кренав чудото на сервер.
@LepiDzoni Пајтонот е закон, али мнооогу малку луѓе го користат тука (сум слушнал макс за 2-3 фирми)
Е сега, штосот е уназадувањето кај нас со јавата, а реално ако согледаш има мноооогу php девелопери. исто и .NET, а јава знае секое второ дете шо слушнало за програмирање.
Реалноста е, знај ги сите 3 мањевише, ќе се усовршуваш кога ќе си фатиш работа. Колешката што работи со мене, се крстеше во јава, сега работи php, и никогаш не мора да значи. Синтаксички знај горе долу како функционираат, па најди си добра прилика за работа and go on.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
842
Поени од реакции
444
Да го поставеше прашањето пред 7-8 години, дефинитивно Spring, но сега Јава ЕЕ
Може да објасниш зошто твоја препорака е Java EE? Баш мислам дека повеќето од фирмите, барем во Македонија, работат со Spring него со Java EE. И од тоа што го имам работено со Spring и Java EE, Spring ми изгледа како по lightweight опција со помалку boilerplate код. И уште една работа е што има Spring Boot што за помали проекти е доста интересна опција.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.632
Поени од реакции
853
Со оглед дека јавата е целото зло собрано во веб, луѓето културно си користат PHP.
Значи, јас работам со PHP и моравме да искористиме јава за еден сервис, така да изгубив 4 дена дури го кренав чудото на сервер.
Се сложувам, јавата е шит и мислам дека за едно десетина години ќе умре, долгорочно гледано не е паметно да се учи јава.
 
S

StormRage

Гостин
Се сложувам, јавата е шит и мислам дека за едно десетина години ќе умре, долгорочно гледано не е паметно да се учи јава.
Единственото нешто што јавата ја држи во живот е Android, после тоа consumer grade апликации во јава ќе умрат инстантно.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.679
Поени од реакции
8.506
Браќа, а C++ бе? :) По странски сајтови има еден тон огласи за C++ програмери,
во Македонија изгледа прилично слабо.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.632
Поени од реакции
853
Браќа, а C++ бе? :) По странски сајтови има еден тон огласи за C++ програмери,
во Македонија изгледа прилично слабо.
Апсолутно, C++ е крал на програмските јазици, ако научиш C++ во кој било друг програмски јазик лесно ќе се снајдеш.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.679
Поени од реакции
8.506
Апсолутно, C++ е крал на програмските јазици, ако научиш C++ во кој било друг програмски јазик лесно ќе се снајдеш.
Па работам C++ веќе 5 години, онака понекогаш погледнувам во огласите чисто да видам колку е баран, освен по некој оглас од време на време, и во Сивус што имаше исто така, генерално како што гледам такви огласи скоро и да нема, или барем така ми изгледа па ми паѓа жал што е така :). Ми изгледа дека ЈАVA владее во Македонија, барем по огласите.
 
На врв Bottom