Од денес, нов лист во мојов живот!

Член од
30 декември 2007
Мислења
18
Поени од реакции
0
Od denes nov list vo mojot zivot kolku li pati imam si go kazano i samata enznam:)sekogas koga majka mi ke se razvika i ke mi kaze deka sum negativna licnost sekogas si go velam ova deka ke se smenam i deka ke svrtam nov list vo mojot zivot...ponekogas uspvam malku po nekoi raboti da smenam a vo nekoi i da se trudam ne biva:)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Се случило повеќе пати да си речам дека од денес го вртам листот ама во основа речиси ниеднаш не сум преминал во пракса. Скоро секогаш останувало на зборови.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.217
Поени од реакции
941
Абе неколку пати демек се обидев да свртам... Да сменам начин на живот, размислувања и сл. ама кога-тогаш пак си се враќав на претходниот лист, едноставно “некој“ ме враќаше пак на него :):):)

Сакам промени, не мора да се врти нов лист ама барем нов ред да се започнува по претходно ставена точка :)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
46
Поени од реакции
0
Темава ме натера да напишам некој збор повеќе за тоа што не води кон тоа да свртиме лист или во некои случаи и 2 листа за работите д тргнат како што треба.

Еве ќе започнам со неколку поговорки и мудри мисли искажани од ,,големи глави,,

“Седум пати падни, осмиот стани” – вели јапонската народна поговорка.

“Трпение и упорност има волшебен ефект со кој тешкотијата исчезнува а пречките ги нема” John Quincy Adams

“ Каменот неможе да се исполира без триење,ниту човекот без тренинг”- Кинеска поговорка.

“Никогаш не се предавај. Никогаш. Никогаш. Никогаш.” -Winston Churchill

”Големите дела не се направени со сила туку со упорност” - Samuel Johnson

Сите овие нешта те тераат да ја свртиш страницата и да заборавиш што има на претходната, доколку е негативна.
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Добро е да свртиш нова страна во животот, но не и да продолжиш со истата приказна.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Не сум завртила нов лист никогаш, а често знам да кажам дека уште сто пати да се родам, пак истата со истиот карактер и навики ќе бидам. Во моменти на нервоза знам да кажам налутено дека јас повеќе така никогаш, но наредно ми е - кого лажам?:nesvest:
Постепено се одвикнувам и во афект да кажувам така, затоа што тие ми се најзалудните зборови на кои можам да потрошам време.:pusi:
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Лееј многу пати за многу работи го викам тоа ама само 10% од нив сум свртел за дугите некако мрза некоја ме фатила.
 

BrownEye

And so it is...
Член од
10 јули 2007
Мислења
158
Поени од реакции
0
секогаш досега страници сум вртела не по моја иницијатива... на почетокот се чувствувам заглавена со мислите и чувствата во претходното поглавје, а го живеам второто, и каде е тука сатисфакцијата? -ја нема! баш заради тоа и мразам вртење страници, може да се рече и дека имам фобија... бавно се прилагодувам на новонастанатата ситуација, и ми треба време додека почнам со сласт да го читам новото поглавје...
еве сеа се токмам, собирам и собирам храброст, и некако... го почнувам новово :toe:
 

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Често се решавам да пролистам нанапред, ама некако секогаш некој ветер ми ги враќа страните назад....Започнувам нови страни, ама ми останува некоја жица од старата тематика, и тоа ужасно ме нервира...Морам да се навикнам на некои потврдокорни промени, вака не иде...
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Го вртам од минатиот мај/јуни, и никако до крај да го пуштам. Пак мај, годинава, ќе го завртам, целосно. Редно време е, уште пар месеци.
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Vo zivotov sum svrila nekolku listovi i do sega sum zadovolna od razvojot na nastanite okolu mene. Toa e za listovite sto se celosno svrteni. A gi ima i onie na koi nikako ne mozam da im stavam kraj ama se trudam pa ke vidime!
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
И јас знам често да кажам-од утре свртувам нова страница,ама изгледа само на муабет!Можеби незнам до која страна сум па затоа и не вртам!:je:
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
119
Поени од реакции
6
Kolku i da se obiduvam da svrtam nova stranica i na kraj uspeam, sudbinata me vraka nazad ili ponekogas voopsto ne uspevam. Ako sakas da zaboravis nesto sto vistionski ti zna4i mislam deka e mn tesko zatoa sto koga togas povtorno so mislite ke se vratis na istoto i povtorno se pojavuva istiot problem!
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Абе се некако и јас вртам листови веќе подолг период,но кога ќе видиш по некое време,уште сум на почетна корица:)!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom