Од Скопје со брод до Париз, Прага и Солун?

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Српските власти нема да се откажат од пловен пат Дунав-Морава-Вардар, проект тежок 17 милијарди долари.

Српскиот министерот за природни ресурси, Милан Бачевиќ, изјавил дека станува збор за огромна инвестиција. Според планираното, првата фаза од работите најверојатно треба да заврши во рок од 5 години, а целиот проект за пловниот пат за 7 или 8 години. за кој владее голем интерес.
- Со копањето на каналот, Србија со еден удар ќе реши два проблема, ќе се спаси од суши и од поплави. Што се однесува до финансискиот удел на Србија, Бачевиќ изјавил дека тоа зависи од моделот за кој ќе се определи државата, убеден дека ќе предложи стратешко партнерство или концесија. Инаку, овој проект не е значаен само за Србија, туку и за сите подунавски земји.
На пловниот канал ќе работат 5 до 6 хидрцентрали со инсталирана моќност помеѓу 300 и 400 мегавати електрична енергија, а патот од северна Европа до Егејското море, ќе биде пократок за 1.200 километри.
Пловен Балкан е проект стар од 1967 година. И тука се поставува прашањето?! Како да се направат пловни Морава и Вардар? Доколку со канали се насочи дополнителна вода во нивните корита, тоа ке повлече иселување на население за реализација на проектот. Но дури и да стигнеме до оваа фаза, како бродовите ќе половат по реката Вардар?! кога мостовите долж речното корито се толку ниски, што едвај може да помине обичен чамец, а камо ли брод?!
Идејата за да се изкористи водниот потенцијал на реката Вардар е стара неколку децении. Со овој проект се предвидува создавање на нов пловен пат кој би бил долг 700 км, и преку Дунав на север би бил поврзан со Рајна и со Северното Море, потоа со подунавските земји и Црно Море, како и со сите држави кои излегуваат на Средоземјето, вклучувајќи го тука и Суецкиот Канал, преку кој би се сообраќал практично со целиот Исток.
Борис Грујоски
Па повелете со коменатрите околу овој проект :)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Да не имат пак некакви избори кај нив?
Незнам ама некако мене ми изгледа за луда идејава и плус доста пари се тоа 17 милијарди долари не се малце. .. :) изгледа треба да му се отвори еден жут картон на овој министеров
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Дали тие ова озбилно???
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Со глупиов проект го тупат пред секој избори а е најнереалната работа некогаш.
 
H

HITCH

Гостин
Е, ама нашиве се откажаа од идејата за „пловен“ Вардар на Лазе Еленовски, која за прв пат била спомната од Амди Бајрам, а за која се тепаа Тито Петковски и Коцкакабана. Сега кај нас се прави постара и поубава железничка станица, која ќе покажува точно време со различна песна на секој саат.

Ги зезнавме Сербите! :pos:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
:facepalm:

на обичен лаик му е јасно дека ова не е изводливо кај нас........

арамии на власт да копаат канал - КОГА ТО ?!
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Абе ке направиме ние да тече Вардар или пониско или повисоко, за да не го заебеме камени мост,
или па србиве уште по акл од нас што се само ке направат телепорт и бродовите преку секој мост ќе се телепортираат.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Абе ке направиме ние да тече Вардар или пониско или повисоко, за да не го заебеме камени мост,
или па србиве уште по акл од нас што се само ке направат телепорт и бродовите преку секој мост ќе се телепортираат.
Коце ќе направи водата да тече над камен мост, надпловњак. Шо знам мене изводливо ми делува. (y)
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Коце ќе направи водата да тече над камен мост, надпловњак. Шо знам мене изводливо ми делува. (y)
под "ние" мислев на тогашниот градоначалник, секако тоа би бил Коце и никој друг, искрено какотв таков ама упм нема ни конкуренција :(
 
B

Borg_Drone

Гостин
Сеир или не, не би ме чудело ако нашиве се фатат „за орото“.Кое перење пари лежи тука во копањево.Слично како со новите автобуси.Ем нови, ем да си скршиш кичма кога влегуваш во нив од што се ниски.Да не говориме за можноста да ти влезе некој штраф во нога зошто се брзински правени и не се добро составени.
Има многу работи, не е само таа.....
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.031
триста људи - триста чуди.
-------------------------------------
Тргајте насловов да не види Коце, ќе имате Речна морнарица во Вардар
 

Kajgana Shop

На врв Bottom