А бре народе, толку сте наивни или толку сте неинформирани ?
Овој таканаречен проект Пловен Балкан, за прв пат спомнат во времето на кралството Југославија, а за прв пат сериозно разгледан во 1960-те години во социјалистичка Југославија, предвидува изградба на мрежа на пловни канали кои ќе ги поврзат водите на реките Дунав и Морава во Србија со водите на реката Вардар во Македонија, притоа заобиколувајќи ги населените места, што во превод значи дека нема да поминуваат бродови ниту низ Скопје, ниту низ Велес, ниту низ било кое друго населено место низ кое поминува Вардар.
Но колку и да најавуваат Србите, факт е тоа дека било каква реализација на тој проект Пловен Балкан мора да започне во Србија.
Така да, Србите ќе треба сериозно да ги разбереме дури откако ќе започнат со градежни работи на сопствена територија, а од било какви градежни работи на српска територија засега нема ни трага ни глас, што во превод значи дека Србите продаваат магла чисто поради политички поени, барем засега, доколку почнат сериозно со реализирање на тој проект Пловен Балкан во иднина, тоа веќе би било друга приказна.