Однос меѓу партнерите во врска

N

Nessa Alcarin

Гостин
Ако го земиме примерот на Алкарина тогаш ти преостанува уште една година да бидеш во врска...
nope, му остануваат уште 8 години врска. ;) Трпана требало да ме крстат.
Инаку wot зошто престана да играш игри?
И немој не заклучувај што како и зошто сум направила, кога не знаеш.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Алкарина преку тој начин верувај нема да го смени, егото е прилично заебана работа, ама може да заебан начин да добие тоа што сака. :)
Иначе се игра тимови, 5вс5, и еден ако заеба за да има секс, и другите ги ебе аутмацки, дека 4 на 5 нема баланс, и гејмерски кажано се уништува цела игра. :)

Иначе најдобро решение е групно гејмање, играме виртуелен фудбал преку 2-3 вечери, религиозно, али сите си носиме женски и си се занимаваат. :D
Ова иде како твој аргумент, пошо имаш време и за гејмање и за секс, како нема да настанат проблеми кога ја чекам викенд да си го ладам и гејмам, она иде за секс? :D
Нема да го смени, туку него ќе го замени ми беше муабетот.
Иначе испаѓањето од игра значи ај не биди педер, ок јасно.
Не е работата дека нема секс или не станува да јаде, работата е што дреме дома по цел ден 24/7. Некој и треба да го рани зарем не? Од каде пари за две кутии цигари со игрите? Ај ваму да идеме, ај ма седи досадно е, ај таму, гужва е, итн. И тоа се се собира и ствара нервоза и после следи шутирање од стан :)
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.249
nope, му остануваат уште 8 години врска. ;) Трпана требало да ме крстат.
Инаку wot зошто престана да играш игри?
И немој не заклучувај што како и зошто сум направила, кога не знаеш.
Fair enough.
Инаку не прекинав, пред сесија имав 30 игри инсталирано и ме фати страв, моментално ги имам сите последни и најнови од торенти. Значи некои 5-6 игри кои сите им треба 30+ часа за комплетирање. Се откажав од онлајн гејмање, компромис, можам кога сакам да гејмам, кога сакам да бидам со неа. Причина, ме прави среќен. Не е константно тоа топик на дискусија. Не ме замараше. Сега, кога имаше турнири како што спомна леандра, ми се стигале смси од типот на: ти имаш женска? и сл, ама оправдано. :)

Нема да го смени, туку него ќе го замени ми беше муабетот.
Кој губи тука, он или алкарина? Дека неможела саат време да го трпи, да не ги извадам сега големите пиштоли, пмс, па за време на истото.. па разноразните психотични испади, те молам. :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мал е вот, плус не живеат заедно, ова е проблем во заедничко живеење. Иначе да не го гледаш пред очи 24 часа, сигурно е полесно.
Знам дека се шегува малиот, инаку се согласувам дека е тешко да живееш со зомби.
Сакам игрици како Пакман и Тетрис, ама што имаше ликови додека одев во едно интернет кафуле кај еден пријател кој работеше таму, дури и браќа Коен не би можеле да ги измислат.
Имаше еден си носеше маус и пад под мишка од дома за Кантер, па имаше еден лик од 130 кила со коса во реп кој ќе срипаше онака изненадно и столицата се враќаше назад неколку метра од инерцијата.
И на цел глас ќе почнеше да пцуе сочно и подрипнуваше на патосот. И одма фати ги кафињата да не' ни ги истури оти цело кафуле се нишаше како брод.
Имаше тајфа Роми кој се собираа за да гледаат порниќи, па имаше еден пејач во обид кој излезе дури и на Идол кој ставаше слушалки и пееше цела вечер.
Навистина изглегува добро сценарио за филм со ликовите од интернет кафулиња.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кој губи тука, он или алкарина? Дека неможела саат време да го трпи, да не ги извадам сега големите пиштоли, пмс, па за време на истото.. па разноразните психотични испади, те молам. :)
Па зависи кој кого рани, јас мислам он губи :)
После ќе си ги јаде хероите од дота:D
 
Ах бре Воте, да си ибеш векот, што убаво си уживав во виното, сега морам да ти објаснам. Слушај мали, ако неможев да истрпам јас 1 саат играње, немаше ни да издржам 12 години врска. Не се зборува за еден саат игра, се зборува за станување од кревет и седнување на компјутер за да се игра и сето тоа трае веќе 5 години. Се зборува за откажување од факултет заради дота, откажување од другари, откажување од родендени и слави, откажување од свадба на прв другар од друштвото што се ожени, откажување од слава за првото родено дете на тој истиот другар, откажување од излегувања, студентски журки, концерти (за кои сеуште жалам зошто повеќе никогаш нема да дојдат во Македонија истите групи), вечери, дури и кафето што го пиев кога ќе си дојдам од работа (а тој период од денот го сметав за единствениот кога јас и он може да се видиме и да си направиме муабет) го пиев сама, гледајќи како растура со Бучерот.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.249
Па зависи кој кого рани, јас мислам он губи :)
После ќе си ги јаде хероите од дота:D
Како тоа губи, брзата храна е поисплатлива од девојка. Не само што не губи, туку и добива, може да искочи викенд, да почасти, да се испразни.
Секако, вака ќе го преболи и девојката, ама знаејќи ве како емоционални вампири, после цицање се има потреба и од онаа другата храна, драмата, стресот, ултиматумите.. а од one night stand тоа нема да го добијат. :) Не го слуши windfucker, јас ако сум младо, он е многу стар, по кафулиња одамна не се гејма, освен групно друштво, а уште помалку гејмерите се грди, мислам.. знаете штом сте во врска со едни. Еве Mac)) беше у кајгана хотест :D страстен дотаџија, гејмер на дури две платформи, во долга и успешна врска. Вторио модератор на игри, Toneh згоден младич, гејмер, во добра врска. :D Јас, прекраснотии исто долга врска. :D

Alkarina, повеке општо зборам, еве ти си исклучок, ама сите ги имаме овие груби периоди ама кај твојот заглавил троа, и јас имам губено година у средно оти гејмав до 7 и идев до школо на саат оти имаше топли буреци. Факултетот еве уште е пред мене. :D Bailing out is never the answer. Како ќе се чуствуваш пред се ти, ако се откажеш после 12 години. :)
 
Аааа а значи оти сме биле во врска 12 години, јас треба цел живот да бидам со бот, кој само вегитира? мхм незнаев дека така стојат работите, еве сега веднаш ќе му се јавам да му се извинам... :facepalm:
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.249
Аааа а значи оти сме биле во врска 12 години, јас треба цел живот да бидам со бот, кој само вегитира? мхм незнаев дека така стојат работите, еве сега веднаш ќе му се јавам да му се извинам... :facepalm:
Раскини му, конечно ќе си го средиш тогаш животот со принцот на белиот коњ. :)
Не ме сфаќај погрешно, обожавам сарказам, ама сега си збориме ко во маало, народски.
Сите имаме проблеми, ги решаваме со компромиси. Ти очекуваш инстантно да прекине. Третирај го како зависник. ;)
 
Па затоа ти кажав бре Воте дека не знаеш каков е процесот што го реализирам. Сепак не ми е сеедно како ќе заврши он, најлесно е да раскинеш, потешко е да му покажеш дека има нешто повеќе од виртуелниот свет.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ни еден од набројаните не живее заедно со девојка, дај друг пример кој опстојал :)
И брза храна се плаќа јас колку што знам, освен ако не чека ред во јавни кујни.
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
300
Поени од реакции
122
Ах бре Воте, да си ибеш векот, што убаво си уживав во виното, сега морам да ти објаснам. Слушај мали, ако неможев да истрпам јас 1 саат играње, немаше ни да издржам 12 години врска. Не се зборува за еден саат игра, се зборува за станување од кревет и седнување на компјутер за да се игра и сето тоа трае веќе 5 години. Се зборува за откажување од факултет заради дота, откажување од другари, откажување од родендени и слави, откажување од свадба на прв другар од друштвото што се ожени, откажување од слава за првото родено дете на тој истиот другар, откажување од излегувања, студентски журки, концерти (за кои сеуште жалам зошто повеќе никогаш нема да дојдат во Македонија истите групи), вечери, дури и кафето што го пиев кога ќе си дојдам од работа (а тој период од денот го сметав за единствениот кога јас и он може да се видиме и да си направиме муабет) го пиев сама, гледајќи како растура со Бучерот.
ееее претерано е тоа, па не сме до долку..кога има роденден или слава, поготово свадба од голема почит се оди. Чат пат кога ке се собереме од средно и осмолетка :)
--- надополнето: 30 ноември 2012 во 21:34 ---
Ни еден од набројаните не живее заедно со девојка, дај друг пример кој опстојал :)
И брза храна се плаќа јас колку што знам, освен ако не чека ред во јавни кујни.
за брзата храна си у право Леандра, од кога не сум јадел домашна трпеза. xD
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ај да си прашам јас нешто.

НАвистина има вакви типчиња што по цел ден играат игри, и тоа трае со години, или некоја финта е ова?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom