Одмазда

Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
[

vo pravo kriv sum jas sto sum bil zirant na nestabilni luge moja e samo greskata sto sum se nafatil da bidam zirant
kako prvo bi mu se odmazduval radi toa sto ne go vraka a mene mi kratat od plata radi negovi zaebancii
i radi negovi zabancii tebe ti stoi zivotot vo mesto ne moes da ides napred radi toa sto mu vraks kredit na nego ne mozes da gi zapises decata na fakultet ne mozes da izlezes so drustvo ne mozes zastedis nekoj denar kola da si kupis ne mozes na odmor da otides i poleka se naviknus na toj nikakov zivot dodeka toj si zivee turbo i gajle mu e za se

i da vo vrska so zadovolstvata site rodnini i site prijatelki sto gi imas da ti se falat koj grcija koj bugarija koj crna gola bile na odmori a ti radi toj st te zaglavil da nemozes na eban vikend do ohrid da otides i na masa samo da sedis i da gi slusas nivnite prikazni ......
epa izivini ali ova ne go oprostuvam pa koj saka neka e ......

Aма неееееееее... ај од почеток,пак ке повторам и добро ме беше сфатил...Не можеш и не треба да бидеш жирант на секој човек кој не ти е од доверба.Ако јас те среттнам на улица,ти велам :Брат биди ми жирант жими све ке ти бидам должна цел живот...ваков и таков ми е животот...Ке се сожалиш ке прифатиш,јас си свиркам ти отплакаш кредит на крај...Во кого е грешката?Во тебе секако а во мене нема да биде така да ке сметам дека нема потреба од одмазда...ти си ми верувал и тоа е тоа...И како ке ми вратиш? Од што ке ме лишиш?Ке дојдеш од дома и се ке ми земеш?Ке ме пријавиш во полиција?Трет начин?

Абе јас цел мој живот немам отидено на одмор а сум имала шанси кои не сум ги искористувала и пак сум слушала фалби од роднини и пријатели...Но знаеш што?На човек не можеш да му ја замолчиш устата...Секогаш ке постојат секаков тип на луѓе.Никој не те тера да ги слушаш...А кога зборуваме за начинот на одмазда..зар не мислиш дека најпрвин е најдобро да седнете на заедничка маса и да побарате компромис прифатлив за двајца отколку да си го трошиш времето?
 
bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.831

zabaegavme malku od temeva ali poentata mene toa mi e bar takvo mislenje imam za nekoi mali sitnici ne se ni zamaram za gluposti ali za vakvi poserioznii pokomplicirani raboti odmazdliv sum
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Реално гледано, тешко дека има човек што не помислил на одмазда, а мислам и дека за секој од тие што мислат дека нема да се одмаздуваат може да се најде пример во кој ќе се потврди спротивното.
Ајде една ситуација да замислиме. Еве доколку се пари во прашање, како во горенаведениот случај или во било каков друг случај де, земате ја тужите дотичната личност што ве заебала, го добивате спорот и ви исплатуваат дупло повеќе од тоа што сте го изгубиле, сте вратиле со дупла мера. Тоа не е на некој начин одмазда? Или штом се работи за правна ситуација се менуваат правилата? На пример за мене ќе биде задоволена работата и ќе речам, му вратив дупло. Вратив=Одмаздив?
 
Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Се' се враќа, се' се плаќа. Ако не сега.. утре. Кругот се врти.. Како велат животот е рингишпил, еднаш си горе еднаш си долу.. Одмаздата е само непотребно трошење на време и нерви, иако признавам дека е слатка... многу е поубаво кога на некој ќе му се одмаздиш лично.. А животот и онака ни се одмаздува на сите, и добри и лоши.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114

Повратив во себе.

Добив желба да те залепам на автомобил, you bumper sticker you.
Одбележи го моментот, мислам дека никогаш во животот нема да напишеш нешто толку клише, проѕирно, ефтино и во духот на Холмарк соберено и да бидеш сериозна во истото.
 
Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Повратив во себе.

Добив желба да те залепам на автомобил, you bumper sticker you.
Одбележи го моментот, мислам дека никогаш во животот нема да напишеш нешто толку клише, проѕирно, ефтино и во духот на Холмарк.

Мое мислење, не мора да го делиш... јас го пишав не ти!
И прости ми од дното на душата ти филозофу, Аристотел, најпаметен од најпаметните..
божем просветли не нас обичните смртници :cautious: :facepalm:
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Мое мислење, не мора да го делиш... јас го пишав не ти!
И прости ми од дното на душата ти филозофу, Аристотел, најпаметен од најпаметните..
божем просветли не нас обичните смртници :cautious: :facepalm:

Кукло, гледаш дека зборуваш нешто што би звучело кул само на фејсбук статус?
Ако сум те заебал, остај животот ќе ме заеба. Ако не денес.. утре. Се се врти се се враќа се се плаќа или како и да беше емпетројката од Врчак.

Поштеди не од твојот сарказам. Болно е за читање, дури и за боговите како мене.
 
Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Кукло, гледаш дека зборуваш нешто што би звучело кул само на фејсбук статус?
Ако сум те заебал, остај животот ќе ме заеба. Ако не денес.. утре. Се се врти се се враќа се се плаќа или како и да беше емпетројката од Врчак.

Поштеди не од твојот сарказам. Болно е за читање, дури и за боговите како мене.

:cuc:
Ај приземји се.. врати се во реалноста, и поштеди не од твоите омаловажувања.
Сите сме смртници.. дури и ти. И не гледај толку од високо оти само бог е над сите а ти можеш да бидеш бог ко ќе умриш и ко ќе воскресниш. :D
 
M

Muranyi

Гостин
Ке мора да те цитирам иако постот ти е стар неколку месеци но ме заинтересира твојот одговор:
Што ја прави одмаздата слатка?Болката на другите?Исполнувањето на душата само за момент?Што?Што е тоа за кое велиш дека те прави да се чувствуваш исполнет иако велиш дека не си одмаздољубив?Ако имаш прилика ке вратиш?

Мислам дека не се работи за болката која е предизвикана кај другите и уживање во тој "садистички" процес.Не секој што решил да се одмазди како реакција на постапка која го повредила,е личност која во слободно време се сити на туѓата болка и несреќа.Доколку си таков,таков ќе бидеш секогаш,нема потреба од тоа да бидеш повреден и да чекаш прилика некого да сјебеш на каков и да е начин.

Се работи за робување на егото,учествувајќи во игрите и лажните претстави кои ни ги приредува,исконската желба да му се покориме и задоволиме неговите желби,потреби,хирови.Егото не сака да биде под другите,не сака истотака да биде еднакво со другите,тоа секогаш сака да се наметне над другите,да биде нешто посебно,недопрено,моќно,да воспоставува авторитет над другите.Во таа негова потреба да стане господар на нашите навики,постапки,однесување ние честопати му се покоруваме и го задоволуваме моментално а тоа ни нуди лажно и привремено чувство на задоволство или пријатно слатко чувство кое е моментално и набрзо избледува.

Кога ќе размислиш,еве запрашај се што ти лично ќе добиеш доколку решиш да и се одмаздиш на најдобрата другарка затоа што ти го презела дечкото?Дали ќе се збогатиш,дали можеби ќе станеш попаметна,дали ќе ти олесни на душата ќе ти ги реши проблемите или ќе те направи посреќна особа?Ако е одговорот не,а би требало да е таков зошто тогаш би учествувала во негативни акции,зошто би ја трошела својата енергија и време во ковање планови за и спроведување на одмаздата?

Да не го заборавиме фактот и дека секој човек е грешен и ние сме згрешиле некому,некогаш и ненамерно сме повредиле особа која ни значела.Лесно е на некој да му ја скршиш главата,тешко е простиш.Клише муабет,сите знаат дека е клише,наводно наивен и мнозинство си тера по свое.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Ке мора да те цитирам иако постот ти е стар неколку месеци но ме заинтересира твојот одговор:
Што ја прави одмаздата слатка?Болката на другите?Исполнувањето на душата само за момент?Што?Што е тоа за кое велиш дека те прави да се чувствуваш исполнет иако велиш дека не си одмаздољубив?Ако имаш прилика ке вратиш?
Кон Мурањи ти беше наменето, но осетив потреба да пишам.
Па немора да значи дека одмаздата е премногу слатка и секогаш задоволителна за поединецот. Јас повеќе одам на варијантата дека одмаздата е поучна и некогаш потребна.
Би вратил на некој од причина истиот да ја осети болката што сум ја осетил јас, не дека ќе се осеќам супер, туку сакам да осети, да види што е грешката, да види дека така не треба, да научи јебига. Да знае дека неможе да си игра како ќе му дојде, било да е љубов, пари, тепачка и уште милион други работи. Реален живот е ова не е филм, паѓаат жртви, се растураат фамилии, се губи егзистенција итн.
Не наведувам сега конкретен пример и причина за одмазда, пример наведов нешто погоре, во кој пишав дека некогаш и мислејќи дека го правиш правилното и законодавното всушност правиш одмазда.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Не сум рамнодушна. Не можам да останам должна, едноставно мислам на тоа, гневна сум.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Човекот рече.. Одмаздата е задоволување на правдата.. а Бог му одговори.. Остај ме мене да им се одмаздам..
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Сакам одмазда...Сакам да вратам..Кога сум повредена или изиграна. Но тогаш помислувам дека сум полоша од тој што прави ср*ња и онда прекинувам и велам ГОСПОД ЌЕ ГО КАЗНИ! ;) Тоа ме смирува и до сега бар секогаш му се вратило..на овој или оној начин....Верувам во карма! Затоа пазам што правам, да не направам некому лошо да не би ми се вратело како бумеранг:pipi:
Одмаздата ја посакуваме само ради едно нешто...Во прашање е повредено ЕГО ..А со егото мора самиот да се справиш да не патиш ради тоа.
 
S

StormRage

Гостин
Few escape justice, none escapes vengeance- Edge of Darkness со Мел Гибсон. Јеп отиде типот и им искрши кичмите на сите.

Е сеа, така е. Дали од тебе или некој друг (дали личност, или виша сила, скплет на околности) се дешава. Прашањето е дали ТИ ќе си тука да го видиш сето тоа и уште поголемото прашање на ова е дали ќе му „подадеш рака на некој што се дави“ во моментот. Е тоа е твојот дел на одмаздата. А често оние малите, тие се најдобри, си направил се што си можел некогаш, те повредиле, се помируваш и едноставно се откажуваш и на крај седиш, гледаш и се смееш пошо секако си веќе немоќен да помогнеш. И тоа исполнува понекогаш.
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Човекот рече.. Одмаздата е задоволување на правдата.. а Бог му одговори.. Остај ме мене да им се одмаздам..
Тогаш тоа е негова работа оставете го божјото на Бог а човечкото на луѓето.

Еве по некоја случајност прочотав да има такви, ДА ТАКВИ која сета своја снага, сила и битие ќе го потрошат за да извршат одмазда врз некој кој и не ја заслужува бидејќи животот му е таков, живее подло, живее како крт и го нема она што јас велам принципот и осетот за праведност, значи не е избор помеѓу добро и зло ниту пак помеѓу исправно и неисправно-туку праведно.
--- надополнето: 4 декември 2013 во 22:23 ---
.Верувам во карма!

Злото доаѓа во кванти,на овој универзум нема простор за карма.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom