И
Име И Презиме
Гостин
Сите се прават светци кога станува збор за одмазда .....
Зборувам за мене лично пошо јас се вбројувам во оние кои не се одмаздуваат.Никогаш не успеав да ја сфатам логиката позади муабетот „не враќам јас, само ќе им се врати“.
Како тоа ќе им се врати? Уште па и само? Јасно ми е дека вербата во некаква сила на правдината која дејствува независно од луѓето е привлечна и носи утешителна порака, ама тука завршува јасното и натаму само станува многу језиво.
Најчесто, оние кои ја очекуваат сопствената одмазда доставена од трета страна (преку господ, карма, баланс, тркала што се вртат) како додаток на погоре напишаново го земаат и моментот дека не се враќало на оној кој им згрешил, туку на неговите најблиски. Казната која секогаш го стига грешников, се манифестира преку непријатности, несреќи, болести, умирачки на неговите деца, жена, брат, сестра итн. Како ваквата поставеност на работите помага било кому е приказна за себе и башка скроз друга тема на муабет.
Она што ме буни е како вие знаете дека било кое од набројаниве е казна баш заради вашите маки? Како ја утврдувате поврзаноста помеѓу двете ситуации? Затоа што, ако не сте апсолутно сигурни, 100% уверени дека постои директна линија помеѓу вашата неприлика и неприликата на некое трето лице кое ништо не ви згрешило - тогаш сте апсолутно злобни. И сеуште не сте одмаздени.
Зборувам за мене лично пошо јас се вбројувам во оние кои не се одмаздуваат.
За мене не причинува задоволство да створам туѓа несреќа, да се смеам на солзите кои сум ги направила јас. Самата помисла е проста.
Под она "само ќе им се врати", не мислам ниту Господ, ниту карма, ниту било какво срање.
Знам дека еден ден ќе доживеат нешто што ќе ги потсети на она што ми го наштетиле мене, ќе сфатат каде згрешиле. Ќе се каат, а јас немам причина да знам за нивното каење затоа што за мене тие повеќе не постојат автоматски ги исклучувам од животот и чао. Нема потреба од компликации.
А и да не "им се врати" ич не ме заболе. Не постојат за мене повеќе. Ни тагувам на нивна среќа, ниту се радувам на нивна несреќа.
Чао.
Смешен ми е моментот ,,Не сум одмаздољубива, голем е Господ еден ден ќе им врати и тоа на најмилото да гледа додека пати,, пази колку тешка мисла, на НАЈМИЛОТО? Ама нели, важно е што не сме одмаздољубиви, душички сме.[DOUBLEPOST=1393567949][/DOUBLEPOST]Малку по детално,што ме боли и што не ми дава мир, е кога некој ќе проба на било каков начин да им наштети на најблиските. Не живеам за некој да ги повредува и да чекам јас животот да им врати, ги преземам работите во свои раце, дали на глуп или интелигентен начин, дали ке западнам во уште по голема неволја не ме интересира, чисто предупредување за бедните души кои се плеткаат во туѓи животи, нечесно играат чии пази по некоја коинциденција Господ од уста не го вадат, редовно одат на цркви се молат и што ли уште не.Немора да се праите светци не сте на телевизија.
Инаку во врска за одмаздата, да некој ако ми наштети еден ден сигуено ќе му се одмаздам, има еден што сигурно некој ден ќе му се одмаздам.
Sent from my U8180 using Tapatalk 2
Не си ме сфатила. Не сакав да пропагирам одмазда по секоја цена во претходното мислење. Ни ја не се одмаздувам, искрено, пошто ме мрзи и досадно ми е да се опседнувам со креаирање некакви „пеколни“ планови врзани за лица кои веројатно веќе никогаш нема да ги видам. Едноставно потенцирав колку нелогично и сурово звучи она враќањето само по себе и тоа на сосема невини лица и колку е морбидно ко ќе чуеш муабет од типот „тој и тој направи вака и вака, ама сега ќерка му не може деца да има, ене ја, стерилна е“ или нешто слично, исто толку глупаво.
Генерално, се слагам со тоа што си го напишала, освен со болдираното. Ниту некој сфаќа каде згрешил, а уште помалку се кае. Веројатноста е дека не ни размислува за направеното, а ако размислува, сам си наоѓа оправдувања за неприкладното однесување, според кои неговите дејства или биле неизбежни, апсолутно потребни, поголеми работи зависеле од тој потег или едноставно бил пијан, лут, повреден итн итн.