Одмазда

Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Злото доаѓа во кванти,на овој универзум нема простор за карма.
Злото се враќа секогаш ...ако не лично на некој од најблиските да пати тој гледајќи го најмилото како се мачи..има икс такви примери и случаеви...Карма постои...И за ситни работи на личен пример ми се вратило истото што сум го направила на друг.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Тогаш тоа е негова работа оставете го божјото на Бог а човечкото на луѓето.

Еве по некоја случајност прочотав да има такви, ДА ТАКВИ која сета своја снага, сила и битие ќе го потрошат за да извршат одмазда врз некој кој и не ја заслужува бидејќи животот му е таков, живее подло, живее како крт и го нема она што јас велам принципот и осетот за праведност, значи не е избор помеѓу добро и зло ниту пак помеѓу исправно и неисправно-туку праведно.
--- надополнето: 4 декември 2013 во 22:23 ---

Злото доаѓа во кванти,на овој универзум нема простор за карма.
За кратко ќе забегаме во религија,не заборавај дека Бог е творец на се видливо и невидливо,затоа нема човечка и божја работа,се е божја (во најголем дел) а по некој процент и човечка (најчесто за правење катастрофи и глупости).Никој не останува казнет за своите гревови (или работи кои предизвикуваат нечив поттик на одмазда).Ова ти го кажувам и од религиозен аспект ама и од филозофски
--- надополнето: 5 декември 2013 во 16:44 ---
Злото се враќа секогаш ...ако не лично на некој од најблиските да пати тој гледајќи го најмилото како се мачи..има икс такви примери и случаеви...Карма постои...И за ситни работи на личен пример ми се вратило истото што сум го направила на друг.
ЗА ЖАЛ така е,и во библијата е запишано дека Бог ги казнува до 7мо колено оние кои го мразат и така натаму.Ретко кој некој ги плаќа директно на своја кожа своите престапки и гревови па за да предизвика општа нечива одмазда.Иако има таквии што умираат на пример во тешки маки во разни болести предизвикана од нечива одмазда (човечка или општа да не речам божја).
 
TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Одмазда е начин на лечење комплекси на губитниците. Или пак, начин на мачење одредена личност со изговор дека таа личност нешто ви згрешила.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
ЗА ЖАЛ така е,и во библијата е запишано дека Бог ги казнува до 7мо колено оние кои го мразат и така натаму.Ретко кој некој ги плаќа дирекно на своја кожа своите престапки и гревови па за да предизвика општа нечива одмазда.Иако има таквии што умираат на пример во тешки маки во разни болести предизвикана од нечива одмазда (човечка или општа да не речам божја).
Да за жал, некои треба да научат по потешкиот пат, да патат и се мачат да би дошле до Вистината...
А на тие што им се случуваат некои несреќи или лоши работи, или е опомена да се вратат на вистинскиот пат, или пак за секоја лоша работа што им се случила има причина зашто - грев или злодело направано од нив самите или некои блиски.....Ништо не е туку така случајно..Се си има цел и смисла и причина...Тоа сватив гледајќи многу примери на разни животни ситуации и несреќи околу мене.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Да за жал, некои треба да научат по потешкиот пат, да патат и се мачат да би дошле до Вистината...
А на тие што им се случуваат некои несреќи или лоши работи, или е опомена да се вратат на вистинскиот пат, или пак за секоја лоша работа што им се случила има причина зашто - грев или злодело направано од нив самите или некои блиски.....Ништо не е туку така случајно..Се си има цел и смисла и причина...Тоа сватив гледајќи многу примери на разни животни ситуации и несреќи околу мене.
Мора да признаам дека ти си една од ретките тука што целосно се сложувам со нив секогаш.Го делиме истото мислење апсолутно :)
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
За кратко ќе забегаме во религија,не заборавај дека Бог е творец на се видливо и невидливо,затоа нема човечка и божја работа,се е божја (во најголем дел) а по некој процент и човечка (најчесто за правење катастрофи и глупости).Никој не останува казнет за своите гревови (или работи кои предизвикуваат нечив поттик на одмазда).Ова ти го кажувам и од религиозен аспект ама и од филозофски
Философијата дозволува и цени кога се спомнува Бог.

Не се согласувам дека постои во оваа физичка реалност ентитет толку моќен да го создаде светот, универзумот и се во него, интересно сепак во модерните учебници по Астрономија за универзумот пишува "it is best to assume that this laws also apply everywhere in our universe" .

Јас не ја исклучувам и таа можност сепак:)

И да, обрни внимание на потписот кој не е многу многу во согласност со основна Божја заповед.

Злото се враќа секогаш ...ако не лично на некој од најблиските да пати тој гледајќи го најмилото како се мачи..има икс такви примери и случаеви...Карма постои...И за ситни работи на личен пример ми се вратило истото што сум го направила на друг.

Карма не постои а тебе не ти се вратило ништо туку едноставно ти се случил настан кој си го доживеала на начин на кој што само ти си знаеш најдобро.

Одмазда е начин на лечење комплекси на губитниците. Или пак, начин на мачење одредена личност со изговор дека таа личност нешто ви згрешила.
Еве јас со што се согласувам.

Да биде јасно, значи никој не би се одмаздувал доколку не би чувствувал задоволство, некој вид на сатисфакција и поради ова Одмаздата ја прават а не бидејќи толку некој ви згрешил па да мора да бидете и вие пониски, подмолни и да се симнете на ниво подолно од тоа на оној/аа кој/а ве повредил/а.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Философијата дозволува и цени кога се спомнува Бог.

Не се согласувам дека постои во оваа физичка реалност ентитет толку моќен да го создаде светот, универзумот и се во него, интересно сепак во модерните учебници по Астрономија за универзумот пишува "it is best to assume that this laws also apply everywhere in our universe" .

Јас не ја исклучувам и таа можност сепак:)

И да, обрни внимание на потписот кој не е многу многу во согласност со основна Божја заповед.
Твое право е да веруваш или да не веруваш но тоа за што ме цитираше е целосно точно.Тоа како е создаден светот не е оваа тема туку е одмазда,за светот може да дискутираме на темите Прашања до христијаните и други некои.. затоа не гледам ниедна причина зошто тоа го спомна и зошто ја спориш тука моќта на Бог за создавање на нешто (во случајов светот), јас само кажав општо и површно како функционираат работите.. за потписот.. jaс сум Фанатик па Верник,не се плашам да одговарам за своите гревови и дела и за истите да бидам казнет.Така да потписот може да биде уште порадикален..
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Ќе пишам неколку интересни мисли :)

1. Простувањето е најкомплетна одмазда.
2. Ако сакаш да се одмаздиш, почни да копаш 2 гроба.
3. Живеј добро, тоа е најдобра одмазда.
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
Одмаздата за мене е најглупавата работа што постои.
Среќа на злото врз еден човек кое го нанесуваме ние.

Господ гледа. И тоа ми е доволно.
Не се задоволувам со несреќата на другиот предизвикана од мене. Делува премногу злобно.
А и не е праведно. Едноставно учиш од грешка и понатаму поинаков однос со тој човек кој ви згрешил (или никаков, зависи од ситуација).
А секогаш, порано или подоцна, луѓето кои му згрешиле некому сфаќаат и се каат. А и секогаш им се враќа она што го нанеле.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
310
Поени од реакции
79
Многу добра тема.

У принцип, одмаздата е уште еден дел од човековата природа. Одмаздата е еволутивен одбранбен механизам бидејќи првенствено она што е битно е пораката која ја испраќа и воедно воспоставување репутација на someone who people don't wanna fuck around with. "Ако ме повредиш пак, си ја наебал повеќе."
На иста страна сме, но ме интересира како тоа работи на пониско ниво на апстракција, и причината за чувствување среќа при одмазда. Моето мислење е ова:

Кога ќе нападнеш животно, тоа ти возвраќа. Те гледа како закана за неговата егзистенција, и гледа да те елиминира. Ова е одмазда. Нормално, ке се осеќа среќно ако успее да си го обезбеди опстанокот. Но, така тоа станува потенцијална закана за другите животни, и со тоа мета на нивните напади.

Во вакви услови, нормално е да го напаѓа оној кој му е потенцијална закана, и од кој не очекува одмазда. Исто така нормално е сите единки на малку различен начин да одлучуват колкава улога ќе има очекуваната одмазда во донесување на одлуката. Заради тоа, некои единки се поголеми одмаздници од некои други.

Единките кои не биле склони на одмазда биле напаѓани повеќе бидејќи од нив никој не очекувал одмазда, а оние кои премногу практикувале одмазда лесно станувале потенцијална закана за другите. Тоа значи дека постои златна средина за склоност кон одмазда. Преку еволуција, опстанувале најчесто оние близу до таа средина, но има некои кои преживеале од други причини, па затоа уште постојат девијантни случаи.

Ова (ако е точно) би објаснило зошто постојат луѓе опседнати со одмазда. Тие се гореспомнатите девијации. Среќата што ја осеќаат при одмаздување можеби е остаток од чувството на успешно обезбедување опстанок.

Не сум експерт и свесен сум за недостатокот на докази. Ова најверојатно и не е точно, но ова дава објаснување за феноменот. Отворен сум на спротиставени објаснувања.

Човекот рече.. Одмаздата е задоволување на правдата.. а Бог му одговори.. Остај ме мене да им се одмаздам..
Потполно се согласувам, иако не верувам многу во богови. Треба да оставиме бог да се одмазди. Во случајот кога бог не постои, да нема да има никаква одмазда од никој, што е ок. Во цивилизираниот свет безбедноста се регулира колективно, па потребата од одмазда како одбрамбен механизам е минимална, и потребна е свесна контрола на нагоните за одмазда.

Одмазда е начин на лечење комплекси на губитниците. Или пак, начин на мачење одредена личност со изговор дека таа личност нешто ви згрешила.
Ок си е, ама не е баш он топик. Ако личноста ништо не згрешила, актот не спаѓа во дефиницијата на одмазда.

Се' се враќа, се' се плаќа. Ако не сега.. утре. Кругот се врти.. Како велат животот е рингишпил, еднаш си горе еднаш си долу.. Одмаздата е само непотребно трошење на време и нерви, иако признавам дека е слатка... многу е поубаво кога на некој ќе му се одмаздиш лично.. А животот и онака ни се одмаздува на сите, и добри и лоши.
Аууу... многу лошо. Толку контрадикторности во толку мал текст одамна немам прочитано. Ако е толку слатка баш не е трошење на време. На почетокот сугерираш постоење на карма, а на крај викаш на сите ни се одмаздува животот, без разлика дали сме згрешиле. Најверојатно ќе речеш дека имаш право на свое мислење, па кој сум јас да наоѓам маани. Но самата таа реакција би била хипокритично наоѓање маана на моето мислење дека одговорот ти е многу лош, така да, немој. И не е сепак тоа поентата на постирање на форум, да се слушне реакција на твоето мислење?
 
Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559

Од каде ми го ископа мислењето, ни сама не знам што сум мислела кога сум го пишувала ни па во каква состојба сум била во моментот :facepalm:

Пошто не можам да редактирам, ќе се изјаснам повторно.

Не сум злонамерна, и не сакам да враќам никому со зло па и колку тој самиот да ми направил.
Постои некој баланс на нештата каде ништо не останува не вратено и не казнето..
Карма. Верувам во неа, јас лично сум сведок на многу луѓе како им наплатил животот за многуте злодела што ги сториле.
Чист пример познавам човек што има извршено убиство, жртвата ни крива ни должна..
и остана неказнет.. направи триста заврзлами да не заврши во затвор, и еве денес неговиот син не може да добие деца, сместен е во психијатриска болница со одброени денови живот.
Животот му возвратил на најлош можен начин, не него лично.. туку на чедото. Од тоа поголема казна кај има?
Затоа ќе речам, никогаш не можеш да знаеш како и на кој начин животот ќе ти се одмазди,
пример за тоа е и раѓањето и смртта. За еден да се роди, друг треба да умри.. не буквално али така е, тоа е тој баланс.
Муабетот ми е.. да повторам не сум направила зло никому, а ми направиле и тоа многу..
но зошто да им враќам со иста мера и да си ставам грев на душата кој еден ден секако ќе ми биде вратен, можи не мене.. на моите блиски. Од тоа поголема казна нема.
Оставам на времето, не за џабе велат.. времето е најголем учител, и показател на грешките.
Се во свое време!
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
310
Поени од реакции
79
Од каде ми го ископа мислењето, ни сама не знам што сум мислела кога сум го пишувала ни па во каква состојба сум била во моментот :facepalm:
Не приметив дека претпоследната страна е уствари од пред пола година xD
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Ако некој ти убие некој близок онака пример, зошто е христијанин што шета во Чаирчанка, дали е правилно да се убие таа личност (енергија), да се казни со доживотна/ смртна казна, за да понатаму не го повтори истото, или ке чекаме непостоечкиот господ да му пресуди и да се задоволиме само со тоа "господ гледа"?
Одмазда значи токму тоа, казнување на некоја личност за некакво сторено криминално дело.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom