Одлив на мозоци. Како да се спречи?

  • Креатор на темата city
  • Време на започнување
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
општо кај нас е прифатено тоа дека во странство е поубаво од овде, како демек таму има и од пиле млеко, и затоа младите уште при првата понуда (нели млади уште и се што лете се јаде) ја напуштаат државата. но не се криви тие, напротив, причината лежи во образовниот систем на државата, кога големиот мозок ќе димпломира, докторира или магистрира на факултет, кај нас системот малку го цени тоа и по завршувањето на целиот тој образовен процес едноставно на тие луѓе нема што да им се понуди, има многу такви случаеви во Македонија. Државата треба да направи програма на вработување на таквите млади мозоци во места каде тие заслужуваат, веднаш по магистрирањето државата да се погрижи за нив и да бидат доста солидно платени за тоа што можат да го направат за Р.М и за тој капацитет што го поседуваат. Нормално во странство со широки раце ѓи пречекуваат таквите мозоци.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
општо кај нас е прифатено тоа дека во странство е поубаво од овде, како демек таму има и од пиле млеко, и затоа младите уште при првата понуда (нели млади уште и се што лете се јаде) ја напуштаат државата. но не се криви тие, напротив, причината лежи во образовниот систем на државата, кога големиот мозок ќе димпломира, докторира или магистрира на факултет, кај нас системот малку го цени тоа и по завршувањето на целиот тој образовен процес едноставно на тие луѓе нема што да им се понуди, има многу такви случаеви во Македонија. Државата треба да направи програма на вработување на таквите млади мозоци во места каде тие заслужуваат, веднаш по магистрирањето државата да се погрижи за нив и да бидат доста солидно платени за тоа што можат да го направат за Р.М и за тој капацитет што го поседуваат. Нормално во странство со широки раце ѓи пречекуваат таквите мозоци.
Точен е фактот дека општо прифатено е дека надвор од мк има од пиле млеко НО НЕ Е И ВИСТИНА ТАКА можеш да имаш ако работиш по 12-14 сати на ден а ако требе да учиш и да работиш ќе заработиш колку од 1ви до 30ти да поминиш но тој образовен систем е вековен проблем...ќе треби да се искорени од корен...доколку се модернизира доколку нема потреба да се плаќаат испити во вид на корупција доколку место бубање се премине на практика...тогаш подобро ќе е и помалце ќе заминуваат во странсвто.
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Да ја положам матурава и планирам да се запишам на техничкот универзитет во Каизерслаутерн, Германија :)
Ја имам шансата за тоа и сакам да си ја искористам.
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Хмм...а зошто да се спрели одливот на мозоци?
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Да ја положам матурава и планирам да се запишам на техничкот универзитет во Каизерслаутерн, Германија :)
Ја имам шансата за тоа и сакам да си ја искористам.
И да одиш, и јас имав можност ама ја испуштив .... инаку станува збор за 1 од 3те најпрестижни европски технички факултети...со среќа

Хмм...а зошто да се спрели одливот на мозоци?
Заради тоа што од овие без ум....кој ја водат државата стигнавме до таму каде што сме за разлика од тоа паметните...кои си зимаа на почеток солидна плата во некоја компанија сега се менаџери или сопственици на светски корпорации....ама не се замараат за Македонија пошто македонија не ги сака !!! Со паметен неможиш да управуваш...е за тоа треби да се спречи да си остани интелегенцијата од сите области да се направи стабилна и силна држава која со помош на земјоделието и сточарството пред се и после со донесување на странски капитал или на капитал од македонските гастербајтери Македонија ќе стани лулка во европа и рај на земјава...оваа природа што ја има у мк ја нема никаде на друго место .... требе да сме горди со тоа ама требе да знаеме и да го искористиме дарот од бога и природата....а тие што знаат се тамо негде далеко...
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Хмм...а зошто да се спрели одливот на мозоци?
За да се подобрат условите за живот во една држава треба да имаш критична маса на подобрувачи обратнопропорционално е за влошување.

За жал кај нас таа маса подобрувачи ја напушта државата 99% засекогаш .
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Впрочем многу поопасно за Македонија би било да има “Прилив на мозоци“,со оглед на фрапантната стапка невработени,затоа бидете среќни што имаме колку-толку одлив,иако спречуван со сите сили од некои кој сакаат да владеат со ова држава.:toe:
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Како да се спречи?

Па прво и основно правило е да се почитува нивното знаење стекнато на познатите светски универзитети и да се прекине со потценувањето и со реченицата: Абе мочко еден, си дошол од странство и сега памет ќе ми солиш :)

И така едно македонче на кое не му го памтам името, кое се понуди да работи во МАНУ во полето на вештачката интелигенција и кое го доби тој одговор, заврши во Токио. :)
Takvite se osekjat jako zagrozeno od "mockovci" so dosle od stranstvo i so imale profesori so PhD od UK i US, a on kutriot odvaj sredno zavrsil i go nabutale u drzavniot sektor i oti znae kolko e nepismen, NA SE GLEDA OPASNOST.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Еве, мојот мозок е уште тука. Се надевам дека нема уште долго :)

Од лична гледна точка, не ми пречи што сум тука, таква ми е работата можам од секаде да работам, без некој да ми соли памет.

Причината поради која сакам да си одам, е неспособноста на се останато. Знам дека има способни луѓе, ама не на вистинските места (болници, судови, образование .... со еден збор администрацијата).

Знам магистри што работат дограмаџии, дипломирани математичари што работат во самопослуги, ....

Повеќето (исто како и јас) си одат најбитно поради условите на живот. Прашајте се колку од вас имате негативно искуство со здравствена институција? (нечисто, неспособни, незаинтересирани, ако некој лежел да види какви вц-а има, па храната, исто ко на свиња помија итн). Да не зборувам за судовите. Недај боже да треба да одите таму за нешто.

На запад има за се ред, се е на високо ниво (од искуство, во Осло можам преку интернет се да средам, од барање и резервација на смештај (па се до плаќање онлајн), до резервација и купување на карта за јавен превоз).

Најбитното: како да се спречи одливот на мозоци?
Кога ќе дојде непартијска партија на власт :), и ќе прави списоци од блиски на партијата за да НЕ ги вработи.
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
Што да се каже , а да не е веќе кажано.
Одлив ќе има и тоа се повеќе и повеќе.
Во нашата држава шанса за работа имаат повеќе оние кои уз пат завршиле некое курсче.„Па јас знам англиски и многу добро куцам„ .Доволно е еднаш да зине, и веќе се знае дека оганизационо сме нула.
Да не заборавам и одлично вари кафе.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Што да се каже , а да не е веќе кажано.
Одлив ќе има и тоа се повеќе и повеќе.
Во нашата држава шанса за работа имаат повеќе оние кои уз пат завршиле некое курсче.„Па јас знам англиски и многу добро куцам„ .Доволно е еднаш да зине, и веќе се знае дека оганизационо сме нула.
Да не заборавам и одлично вари кафе.
Такви најмногу примаат по партиски клуч и дури оди така работата се повеќе и повеќе ќе има одлив во странство.

Кој нормален не би заминал, дури и јас на 38 години повеќе не гледам иднина овде.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Во време кога Македонија се соочува со сериозен пролбем на одлив на младите паметни умови и во време кога најголемиот дел од студентите на анкета одговараат дека доколку имаат можност би ја напуштиле Македонија.
Се поставува прашањето што треба да направи Македонија да го спречи сево ова?

Што мислите вие, што треба да се направи?:lud:

И доколку би имале можност дали би ја напуштиле веднаш Македонија?:lud:
Јас создавам уметност. Лесно ми иде, но тешко се продава. Но поентата е во следното додека творам луѓето ме сожалуваат (те навистина е супер само кај нас тоа не иде,скапо е итн.). Тогаш кога ќе продадам повеќе нешта наеднаш истите тие ме мразат и од дното на душата ќе пукнат од љубомора. Некој рекол дека она што е карактеристично во односите на локално ниво е исто така карактеристично и на државно ниво. Со тоа сакам да кажам, се додека барем за половина не го искорениме синдромот на самоуништување, дескредитрање на личностите што се поспособни од нас, партиското пред квалитетот итн. се дотогаш ќе има одлив на мозоци од Македонија.
Што се однесува за тоа јас дали би ја напуштил Македонија. Никогаш сосема. Можеби ако ми се укаже прилика за 3-4 години исклучиво заради финансиска корист за да реализирам планови овде во Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom