Одлив на мозоци. Како да се спречи?

  • Креатор на темата city
  • Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Во време кога Македонија се соочува со сериозен пролбем на одлив на младите паметни умови и во време кога најголемиот дел од студентите на анкета одговараат дека доколку имаат можност би ја напуштиле Македонија.
Се поставува прашањето што треба да направи Македонија да го спречи сево ова?

Што мислите вие, што треба да се направи?:lud:

И доколку би имале можност дали би ја напуштиле веднаш Македонија?:lud:
 
N

NeMiRnA

Гостин
Abe ova da ne si go ucel/a u skolo hehehehe,zaso jas go ucev.Nema kako covek osven da se ponudat podobri uslovi za rabota i napredok,ja na primer potencijalen emigrant sum kaj e da e:)
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Работата со луѓето што заминуваат надвор од нашата држава е поради тоа што имаат подобри услови и подобро платено место од ова што го нуди нашата држава. Тоа нема да се сопре никогаш или јас така мислам :). Ама сепак на секој човек да му се понуди некое подобро работно место надвор од нашата држава би одбил?
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Како да се спречи?

Па прво и основно правило е да се почитува нивното знаење стекнато на познатите светски универзитети и да се прекине со потценувањето и со реченицата: Абе мочко еден, си дошол од странство и сега памет ќе ми солиш :)

И така едно македонче на кое не му го памтам името, кое се понуди да работи во МАНУ во полето на вештачката интелигенција и кое го доби тој одговор, заврши во Токио. :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ova e golem problem vo denesninata.No site znaeme deka vo makdeonija nikoj ne im posvetuva nikakvo vnimanie na mladite lugje a potoa se cudat zosto si idat od tuka.Pa nekoj ako moze da zaraboti 3000evra namesto500 evra se razbira deka ke idam na prvbata varijanta.
 

MarthaGraham

Олд Скул
Член од
21 ноември 2005
Мислења
673
Поени од реакции
8
humanoid напиша:
Како да се спречи?

Па прво и основно правило е да се почитува нивното знаење стекнато на познатите светски универзитети и да се прекине со потценувањето и со реченицата: Абе мочко еден, си дошол од странство и сега памет ќе ми солиш :)

И така едно македонче на кое не му го памтам името, кое се понуди да работи во МАНУ во полето на вештачката интелигенција и кое го доби тој одговор, заврши во Токио. :)

Колку си ептен во право за ова!!!
Пречка се и малите плати и немање доволно опции за добра работа и слично. Ама не е тоа толку голема пречка колку што е ова кажаново погоре, а тоа ни е дел од проклетиот менталитет. Да се потценува све, а особено тоа што вреди, а уште повеќе ако не е ’производ’ на некоја политичка партија.
Така да, ако инвестираш во себе и во сопствената едукација мали ти се шансите дека ќе успееш (ради зависта и извртените вредности). А уште помали ти се шансите ако покрај стекнатото знаење не си член или приврзаник на ниедна политичка партија и сакаш да успееш само и САМО со сопствените квалификации - е тогаш иднината во МК ти е загарантирано трагична. Секогаш има исклучоци, ама тие само го потврдуваат правилото.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Власта многу ја потценува интелектуалната моќ на младите и воопшто не и дава никакво значење.
 

MSV

Член од
24 март 2005
Мислења
2.423
Поени од реакции
38
Одливот на мозоци у странство нема да престане се додека не го секнеме преливањето и течењето од уши на мозоциве шо ни паразитираат по земјичево.......:pipi:
 
Член од
16 март 2008
Мислења
51
Поени од реакции
3
Шо да се спречи бе? остајте ги луѓето да си баат чарето

Одливот на мозоци у странство нема да престане се додека не го секнеме преливањето и течењето од уши на мозоциве шо ни паразитираат по земјичево.......:pipi:
ХАХААХА :pos2: Абе се скопав од смеење... во право си 100%

[Едитирано од модератор]: Користи ја опцијата измени.
 
Член од
16 март 2008
Мислења
51
Поени од реакции
3
Многу можам да бидам од корист за државата... неблагодарно е сам да се цениш ама така е... актуелната власт ме одби,.. прошлана воопшто не ме побара... така да,.. I love America it's wundagaa :toe:

Секој има право на своја империја - Наполеон
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Па би можело да се спречи со тоа што работните места нема да се добиваат со врски,туку со знаење.Платите да не бидат смешни туку доволни за да се издржува семејство.
 

JFK

Член од
9 март 2007
Мислења
966
Поени од реакции
52
Дајте им најмалку 45.000 денари месечно плата. Или пак избодете ги на граница. =)
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Јас лично замене ќе си кажам,

Се одлучив за странство од причина што ко прво несакам да му се молам на шестарот дал ќе ме погоди и мене во поминатите, несакам некој да ми вели ќе добиеш 6 за 1000 еу, нема да морам да бубам од а до ш а во практика да незнам ништо...

Тука

Ако дадам проект спорет барањата тој ќе ми биде оценет и ке поминам ако си одговорам и ги одбранам сите проекти јас ќе го поминам семестарот при што се ќе работам и работам практично во одност на мојата струка...тука ако јас учам мултимедиа дизајн и комуникации никој не ме обврзува да учам литература, географија, математика, хемија, физика и ред други работи....

Како да се спречи:

Модернизација на образование, промена на кадри...поминато му е времето на 100годишните професори...повеќе практика...признавање на дипломи и пред се искоренување на корупцијата.... но сето тоа да е пропратено со работни места на кој што студентите ќе би можеле да се усовршуваат а воедно и да си покриваат дел од трошоците...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Дајте им најмалку 45.000 денари месечно плата. Или пак избодете ги на граница. =)
Koлку сакаш дај им на професорите, пак ќе си бараат мито. Исто ќе им биде и со 20,000 и со 200,000

Модернизација на образование, промена на кадри...поминато му е времето на 100годишните професори...повеќе практика...признавање на дипломи и пред се искоренување на корупцијата.... но сето тоа да е пропратено со работни места на кој што студентите ќе би можеле да се усовршуваат а воедно и да си покриваат дел од трошоците...
Ова е најголемиот проблем од сите што ги наведе и треба сите да се залагаме да го искорениме.
Мислам срамота е некој што не знае името да си го напише да влегува во групата на најталентирани ученици, а некој ќе го цедат како лимон за една бедна петка(или шестка, зависи) за која ќе мора плус после и да се докажува.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Треба да се средат работите од темел, од градинка, па се до докторатство, да се поткопа гнилото, и да се пуштат умовите на пасење тука, во нашата земја. Но, позадините се далеку над образовно-воспитните процеси, зашто кај нас почнува да се прави се, освен да се дава знаење на оние кои сакаат да го примат. И не е крив образовниот систем, крив е државниот целокупен поредок. И се ежам од прашањево, веќе не ми се ни размислува. Да, би отишла радо да учам во земји како Германија, Холандија и Франција!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom