Те цитирам тебе за да надополнам некој делови од твојот пост:
Белучи веќе не постои, настана кавга мегу сопствениците секој од нив сеуште си ги има кучњата и ги излагаат како кучиња на одглеувачницата но дека ке извадат легло истите е исто како јас да отидам со точак во вселената
(лично не ги познавам луѓето кои стоеа позади оваа одгледувачница, но голем дел од луѓето кој се занимаваат со оваа проблематика жалат за т.н. распаѓање на истата)
Мано сибериан веројатно ќе треба да променат или името или расата која во последно време ја одгледуваат
почнаа со самоједи но полека се преориентираа на Американска Акита иначе супер дечки и имаат одлична линија.(лично ги познавам бар дечките што сигурно ќе ја продолжат традицијата на оваа одгледувачница да има прекрасни легла, не ги познавам нивните родители кои ја имаат започнато одгледувачницата (бар како што сум информиран))
ПоларусМК веројатно на оваа одгледувачница мислеше искрено да не се случеа некои проблеми верувај ќе беа во најдобрите 10 одгледувачници за самоједи во светот (нешто што порано беа белучи), ако не и подобро рангирани. Располагаа со кучиња со одличен може да кажеме и совршен потенцијал но настана некој проблем и кај нив и ете се случи што се случи. Сега мислам дека само една од сопственичките работи под името на одгледувачницата. Имаат прекрасно легло минатата година и јас сум горд сопственик на едно од малечките кои излегоа од таму. Ако се прашувам јас никогаш не би одел по изложби иако сите што го виделе кучето ми велат дека сум будала што го зборам ова и веројатно не сум бил свесен каков миленик поседувам (ама јас го имам како миленик не ми е за престиж, иако да го носам на изложби и настапува под Поларус одгледувачницата). Навистина би било прекрасно доколку продолжат да функционираат бидејки располагаат со страшно добар квалитет, а и нивната посветеност на кучињата е одлична.
Е сега да кажам збор два за она како функционираат некои од огледувачнициве во мкд. Некои луѓе гледаат што е можно побрзо да се ослободат од кучињата, а и ги користат како машини за правење на пари иако стварно незнам дали имаат некој голем ќар од тоа. За разлика од нив имате некои други одгледувачници кои сакаат да ви дадат потполно здрав миленик.
Мојот случај со Поларус едвај го добив кучето кога тоа веќе имаше полни 3.5 месеци, се чекаше да се осамостои од мајката, да ги помине сите вакцинирања (не ја прими вакцината за беснило но и таа подоцна ја доби од страна на одгледувачницата на 4,5 месечна возраст) + го добив со микрочип и сите потребни документи. Со кучето добив и цела вреќа храна за да продолжел да се храни со истата храна (ројал канин која е е**** скапа) и постепено да му ја променам а не да доживее нагла промена. Не го хранам со најскапите храни да не настане забуна добиваат оноколку колку што буџетот ми дозволува. За ваквите одгледувачи луѓето ќе кажат дека претеруваат со цените но замислете целиот тој труд кои е вложен за тоа мало кученце + сите вакцини и микрочипови + храна за да не се наруши исхраната на кученцето + целиот труд и време одвоен за одгледување на нивните родители мислам дека оние цени кои ги даваат за македонскиот пазар се дури и ниски (зборам за оние кои велат 300-500 евра, не за некои што зимаат тешки дроги па бараат и 1000+ евра), за такви цени можат слободно да ги дадат милениците во странство.
Инаку конкретно за расата која ја имам се едни од најскапите кучиња на територијата на шведска норвешка и америка. Каде знаат да достигнат и цена од над 2500 евра и тоа премногу лесно доколку нивните родители имаат освоено барем неколку награди.