Кадетите се собраа во Скопје
* Клубовите & излегоа во пресрет на Федерацијата и се договорија сами да го плаќаат сместувањето на играчите со цел подготовките да бидат коректно спроведени.
Играчите кои се најдоа на поширокиот список на кадетската машка репрезентација од денеска во Скопје ќе почнат со подготовките за Балканското првенство кое од 26 до 30 јули ќе се одржи во Казанлак, Бугарија. На првиот собир ќе се појават 17 одбојкари од скопските и струмичките екипи, додека играчите од Велес би требало да се приклучат со работа в среда. Подготовките ќе траат десетина дена во салата на о.у. "Блаже Конески" под раководство на селекторот Деан Стојанов.
Иако стартот на подготовките беше ставен на стенд- бај поради барањето на Федерацијата за најекономична стратегија преку која ќе се спроведе темпирањето на формата за Балканијадите, клубовите сами изнајдоа решение и се договорија финансиски да ги покријат трошоците за сместување на кадетите кои се дел на поширокиот список со цел да се олесни и работата на селекторот, но и да се направи една селекција која достојно би н$ претставувала во Бугарија.
"Одбојкарите од скопските клубови почнаа со тренинзи викендов, а денеска ни се приклучуваат и играчите од Струмица со што и официјално ќе стартуваат подготовките на кадетската репрезентација. Поради сите случувања околу финансиите, струмичките екипи се согласија да ги преземат трошоците на нивните играчи и така да & се излезе во пресрет на Федерацијата, а воедно да ми се овозможи во текот на подготовките да ги имам сите репрезентативци кои се најдоа на поширокиот список и да направам една селекција која достојно би н$ претставувала на претстојната Балканијада. Момчињата од велешки Борец в среда ќе ни се приклучат со работа. Имаме период од десетина дена во кој ќе тренираме по двапати на ден во салата на училиштето 'Блаже Конески'", н$ информираше селекторот на машката кадетска репрезентација, Деан Стојанов.
Македонија во разигрувањето по групи се наоѓа во групата "А" заедно со Србија, Црна Гора и Молдавија. За селекторот Стојанов во овој период покрај воигрувањето на екипата приоритет ќе биде и собирање на податоци за противниците со кои се среќаваме на стартот.
В. З.