Огласи за вработување кои го заслужуваат вашето внимание

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Еве најново ако те интересира ама ваквите огласи од џонсоновци според мене е само мачкање очи. Кај ке вработат тие некој незнаен бе со никакво или минимално искуство. А па новопечен дипломец, нема шанси...ќе си најдат тие човек по други канали, преку огласов тешко. Али кој сака нека си ја проба среќата.
http://www.fakulteti.mk/news/13-11-20/oglas_za_vrabotuvanje_vo_dzhonson_meti.aspx

П.С. Еднаш бев на интервју Во Контролс, пред 2-3 години беше тоа...1000 денари ме кошташе да одам дотаму...:facepalm: не се ни понудија да ми го платат трошокот.
На моја соседка внука од Охрид со просек околу 10 и меѓу првите во државава ја одбија. Јавна тајна е таму дека се прима само со партиска книшка на ВМРОУ ДПЉМНЕ, исто како и се што се наоѓа во Општина Иљинден секое вработување ти иде преку градоначалникот. Кој сака сепак нека си ја проба среќата.
 
Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Дечки едно прашање! Може не е местото овде али да прашам. Утре сум на тест во ПИВАРА, дали некој е запознаен со тоа какви можат да бидат прашањата, од кој тип и на која тема претежно!? Фала
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.377
Дечки едно прашање! Може не е местото овде али да прашам. Утре сум на тест во ПИВАРА, дали некој е запознаен со тоа какви можат да бидат прашањата, од кој тип и на која тема претежно!? Фала
Ваљда зависи од работната позиција за која аплицираш. За магационер и IT сигурно нема да добиеш исти прашања :)
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Дечки едно прашање! Може не е местото овде али да прашам. Утре сум на тест во ПИВАРА, дали некој е запознаен со тоа какви можат да бидат прашањата, од кој тип и на која тема претежно!? Фала
Претежно од општа култура и логички прашања.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Ајде навали народе, плата 70.000 денари

Македонски Телеком АД - Скопје има потреба од пополнување на следново работно место: Раководител на Служба за развој на основна мрежа Потребни услови за работното место: Високо образование (Електро-технички факултет, телекомуникации), Одлично познавање на IP технологии и технологии за основна мрежа, Одлични познавања за дизајнирање и развој на основна и IP мрежа, Познавање на релевантното законодавство и меѓународните стандарди, Основно познавање од областа на финансиите, Добро познавање на англискиот јазик, 5 год соодветно работно искуство. Вкупна бруто плата изнесува 70.100,00 ден. Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование со мотивациско писмо и биографија (CV со препораки и дипломи) на македонски и англиски јазик на следнава адреса: Македонски Телеком АД – СКопје, ул.Кеј 13 Ноември бр.6 или директно во Централната архива со назнака Молба за надворешен оглас – Раководител на Служба за развој на основна мрежа.

http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/rakovoditel-na-sluzhba-za-razvoj-na-osnovna-mrezha/10328
 
Што навали, кога станува збор за потпросечна плата... Платата е всушност 46.000 денари нето, што за раководител на било која служба во Телеком е едноставно премалку. Башка, да не спомнувам дека огласов веќе подолг период се вртка по порталиве, така да, голема е веројатноста дека пола Македонија веќе има аплицирано за оваа позиција.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=631665#.UrdXQPsiz5M

5. Оператор за управување со жичара 1 извршител
- Средно образование IV или III степен сите струки, работно искуство над 1 година во струката,
- работа под притисок,работа со компјутер (MS Office пакет),
- дневно работно време во две смени,
- неделно работно време 40 работни часа од вторник до недела,
- паричниот износ на основната плата изнесува 15.911,00 денари.

Оператор на жичара со искуство. :D
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Што навали, кога станува збор за потпросечна плата... Платата е всушност 46.000 денари нето, што за раководител на било која служба во Телеком е едноставно премалку. Башка, да не спомнувам дека огласов веќе подолг период се вртка по порталиве, така да, голема е веројатноста дека пола Македонија веќе има аплицирано за оваа позиција.

Мое беше да споделам, денес го видов, а ако плата од 46.000 денари е мала тогаш стави барем лимит, да речеме плата под 1.000 евра нето да не биде постирана на темава.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.377
Мое беше да споделам, денес го видов, а ако плата од 46.000 денари е мала тогаш стави барем лимит, да речеме плата под 1.000 евра нето да не биде постирана на темава.
Не реков дека платата од 46.000 денари е мала, туку дека е потпросечна за раководителска позиција во Телеком оператор. Тоа го прави овој оглас непривлечен за луѓето кои веќе имаат искуство во тој сектор, но привлечен за сите останати кои немаат допирна точна со телекомуникации или менаџмент. Плата од 46.000 во телеком оператор може да зимаат техничарите, но не и раководителите на сектори. И нормално дека не треба да има лимит на темата.
 
Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Не ни аплицирајте на вакви огласи, во вакви фирми со толкави плати, на такви позиции. Ова е ради реда, имаат они човек на кого ќе му понудат толкава плата, нема сигурно на некого од страна... таква ни е државата за жал... све е наместено
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.292
Поени од реакции
45.810
Дечки едно прашање! Може не е местото овде али да прашам. Утре сум на тест во ПИВАРА, дали некој е запознаен со тоа какви можат да бидат прашањата, од кој тип и на која тема претежно!? Фала

заебано било, еден другар полагаше пред некое време, имало од све, од проста логика редење коцки и слагалици па матемаика па некои основни менаџмент прашања..
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Оглас за вработување во Алфа Банка АД Скопје

Алфа Банка АД Скопје бара квалификувано лице за пополнување на работното место Референт во Оддел за процена на имот.
Кандидатот треба да биде градежен или архитектонски инженер, со најмалку 2 години работно искуство, по можност во областа на градежништвото и во работа со проценки на недвижен имот, за што е потребно да достави соодветни потврди.

Пожелно е кандидатот да има положено стручен испит за проценувач на вредноста на недвижен имот или да има намера да го положи испитот во 2014 година

Кандидатот задолжително треба да има познавања од релевантната законска регулатива и напредно познавање на англиски јазик.

Неговите обврски подразбираат организација на процесот на процени во Банката, како и проверка, изработка и администрација на извештаите за процена.

Основна нето плата изнесува 30574 денари.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија со фотографија и мотивациско писмо на македонски и англиски јазик на п. фах 564, 1000 Скопје, во рок од 8 дена од објавувањето на огласот.

www.fakulteti.mk
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 15:52 ---
Оглас за вработување во АД МЕПСО

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи („Сл.весник на Република Македонија“ 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10,124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 25/13 и 170/13), член 5,6,7 и 8 од Колективниот Договор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, и Одлуката бр.02-28 од 03.01.2014 година, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
За пополнување на работно место со 1 (еден) работник и заснивање на работен однос на неопределено време за извршување на работи во Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје.
Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следното работно место:
- Координатор во кабинетот на директорот на Подружница Оператор на пазар на електрична енергија, 1 (еден) извршител, со ВСП VIII или 240 екс Машински, Економски или Електротехнички факултет, работно искуство од 2 (две) години, со основна нето плата изразена во паричен износ од 41.900,00 денари.
Со пријавата кандидатите треба да достават:
- Пријава, кратка биографија (CV)
- Уверение за завршено соодветно образование (во оригинал или копија заверена кај нотар)
- Доказ за работно искуство, со наведување на работното искуство и времетраењето на тоа искуство, издаден од компанија /институција/орган, со која се докажува дека лицето (кандидатот) со конкретен степен на стручна подготовка има стекнато работно искуство, вештини и слично (во оригинал или копија заверена кај нотар)
- Уверение за државјанство (во оригинал или копија заверена кај нотар)

Огласот трае 5 пет дена од денот на објавувањето.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати за наведеното работно место.
Работниот однос се заснова на неопределено време.

Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно , со 8 работни часа дневно , почетокот и завршетокот на дневното работно време е од 7,45 часот до 08,15 а заминување од работа од 15,45 часот до 16,15 часот.

Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост.
Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје нуди еднакви можности за вработување без оглед на пол,раса,возраст,политичко мислење,брачен статус,религија,етничка или национална припадност.

За извршениот избор пријавените кандидати ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат.
Рокот за доставување на пријавите и документите на заинтересираните кандидати изнесува 5 (пет) дена ,сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето).
Потребните документи да се достават на адресата на АД МЕПСО - Скопје,ул. „Максим Горки“ бр.4 Скопје.
Генерален директор,
м-р Синиша Спасов

www.fakulteti.mk
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
ЛУКОИЛ Македонија објавува јавен оглас до сите заинтересирани лица државјани на РМ да доколку се заинтересирани за идно вработување во компанијата согласно нашите потреби достават апликација за вработување за планско-економскиот сектор "Менаџер за економски и финансиски прашања"

http://news.vrabotuvanje.com.mk/index.php/vrabotuvanje-news-makedonija-i-balkan/item/222-lukoil-vrabotuva
 
Kajgana Shop

На врв Bottom