Огласи за вработување кои го заслужуваат вашето внимание

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Се бара електроничар (сервисер) за сервис на ИТ компоненти (матични плочи, напојувања, лаптопи, смартфони.....). Подетални информации на ПП.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Конкурс
Работно место:КОМЕРЦИЈАЛИСТ; СЕРВИСЕР
(ДВЕ ПОЗИЦИИ)
За наш клиент, водечка компанија во доменот на специјализирани механизации и машини, наменети за земјоделство, шумарство, градежништво и општа употреба, современ дистрибутер и застапник на светски брендови, ДеМано ги огласува следниве позиции: КОМЕРЦИЈАЛИСТ; СЕРВИСЕР

Опис на работнoто место:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
  • Директна продажба на машини;
  • Презентирање на брендовите на потенцијални клиенти;
  • Теренска продажба во мрежа низ Република Македонија.
СЕРВИСЕР

Сервисирање на градежни машини и опрема.

Потребни квалификации:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ

  • Завршено средно/високо образование, пожелно Машински инжинер;
  • Искуство во директна продажба, флотна продажба, тендерска продажба, продажба во мрежа низ Република Македонија;
  • Пожелно искуство во работа со earth-moving machines; во камионска или авто-мото индустрија;
  • Напредно познавање на MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски јазик; познавање на Германски јазик ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија.
СЕРВИСЕР

  • Завршено средно/високо образование, пожелно Машински инжинер или Машински техничар - механика и електроника;
  • Искуство во сервисирање на градежни машини, камиони или возила;
  • Пожелно искуство во секторот послепродажба на earth-moving machines, од камионска или авто-мото индустрија;
  • Напредно познавање на MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски јазик; Познавање на Германски јазик ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Професионални знаења и способности:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ

  • Развиени комуникациски и презентациски вештини;
  • Ориентираност кон остварување резултати;
  • Проактивност, организираност и уредност;
  • Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
  • Високо ниво на професионализам и елоквенција.
СЕРВИСЕР

  • Точност, аналитичност и ориентираност кон резултати;
  • Самоиницијативност, систематичност и организираност;
  • Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
  • Одржување на високо ниво на професионализам и уредност.

Клиентот нуди можност за континуирано професионално усовршување во рамките на компанијата.

Работното време е од 08.30-16.30, од Понеделник до Петок. Почетната месечна нето плата е 24.600 денари.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат на e-mail: job@demano.com.mk за позицијата СЕРВИСЕР; e-mail: sales@demano.com.mk за позицијата КОМЕРЦИЈАЛИСТ или на адреса: ул. "Црвена Вода", бр.7/1, 1000 Скопје.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 13/03/2014

Сите пристигнати апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Потребен е систем администратор,подетално на ПП
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Толку е голема што прв пат слушам за неа.
Друже, Универзал Медиае една од најголемите медиа агенции во светот, работи како дел од МекКен.

Во Македонија прават закупи за Вип, Скопско, Алкалоид,, Лореал, Тиквеш, Кока-Кола итн....
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Aјде стручњаци
Македонска компанија со европска плата од 1.000 евра
 

Kajgana Shop

На врв Bottom