Овошје

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.215
Поени од реакции
34.481
Витамините ни се неопходни на сите во текот на целата година. Во лето, кога ни се достапни најразлични видови свежо овошје, во комбинација со избалансирана исхрана не е тешко да се задоволат овие потреби, но во зима свежо овошје има малку. Сепак, тоа не значи дека ги нема – во зима можно е да се најдат лимони, портокали, грејпфрут, калинки, јаболка, киви, боровници, овошје со тврда лушпа. Еве што можат да направат за вашето здравје.

Јаболката, нарекувани и рајско овошје, спаѓаат меѓу најполезните. Особено се корисни црвените јаболка: во нивната лушпа има биофлавоноиди чии антиоксидантни својства шест пат се поголеми отколку кај другите јаболка. Тоа значи дека црвените јаболка значајно го намалуваат процесот на стареење, а со прочистување на крвните садови им помагаат на оние кои страдаат од висок крвен притисок. Секако, треба да се јадат со лушпа, за да се искористат овие нивни својства, па добро е да ги купувате оние помалку прскани и добро да ги измиете.


Боровниците се исто така доста корисни. Поради витаминот А и, меѓу другото, птеростилбен (антиоксидант кој е скоро откриен), боровниците го подобруваат видот, крвните садови, мочните патишта (многу помагаат при воспаление на мочните патишта), помнењето, а најверојатно се ефикасни против некои видови стомачни вируси. Постои можност и да го намалат нивото на лош холестерол во организмот.


Црвениот грејпфрут содржи 25 пати повеќе бетакеротин (провитамин од кој се создава витамин А) отколку жолтиот грејшфрут.
Слично на црвените портокали и црвениот грејпфрут содржи доста ликопен, кои помагаат во борба со тумрот на простатата. Лошо во врска со соковите од јужното овошје е тоа дека нивната киселина им штети на забите, но за тоа има решение – пијте сокови со цевка.
Киви, било која варијација, спаѓа меѓу најздравите овошја. Содржи витамини од B групата, како и витамини А и С, нијацин, белковини, калциум и железо. Кивито е одлично овошје за идните мајки, бидејќи витамините од B групата помагаат за правилен развој на фетусот.


Околу оревите, како и околу останатите овошја со тврда лушпа, имаше многу двоумење, поради високата калоричност.
Точно е дека не треба да се претерува со нивно консумирање – орев или два дневно ќе ви го подобри здравјето, а од таа количина нема да се здебелите – но не треба ни да се бега од него.


Оревите содржат незаситени масни киселини, природен витамин Е и дури 16 состојки кои штитат од кардиоваскуларни болести. Плус, се покажа дека ниското ниво на витамин Е е поврзано со хронична депресивна состојба, а внесувањето витамини по природен пат е секогаш поздраво отколку земање апчиња.


И на крај, кое ви е омилено овошје?
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
Неам некое посебно омилено овошје,
али јагоди сакам:icon_lol:
Најубаво е на плажа, си уживаш се сончаш и си јадеш голема овошна салата:icon_lol:
А понекогаш знам да изедам јаболко...особено летно време пошо кај што ми е станот во Охрид има 2 огромни овоштарника со јаболка и си береме цело време:baeh:
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
овошни салати си правам во текот на цела година. Летно време во блендер ставам пола кило јагоди и допунувам со јогурт и лажица мед. И тоа на екс, секое сабајле така. Дава многу кул чуство во топол ден во 12 саат пука топло, таман да ти држи ладно дур не олади климата
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Uff min 5 6 ovozje na den jadam , mesto gricki mesto blago sekogas jadam ovosh . Najmnogu vo zima mandarini i ananas a vo lete jagodi i lubenica , nema poubavo od ladna lubenica posle dolg den na sonce .. Obozavam ovoshni salati ama samo od svesz ovosh i bez slag i gluposti...
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Немам омилено овошје..
Јадам тоа што ќе ми падне в очи. Јаболко, банана, портокал, мандарина..
Најмногу сакам јагоди со шлаг:icon_lol:, а мразам киви!:icon_mad:
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
јагоди омилено единдтвено нешо шо несакам да го делам со други:pos:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.215
Поени од реакции
34.481
Омилено овошје во последно време ми се портокалите. Порано можев да кажам дека нема ништо повкусно од бананите, ама сега не. Ништо не ме освежува како вкусен портокал.

На второ место ги ставам јагодите, а после нив бостанот! :)
Дињи, лубеници... Мх, мх, мх.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
ThA-BiTcH напиша:
Најубаво е на плажа, си уживаш се сончаш и си јадеш голема овошна салата:icon_lol:
a taka li e?! me potsekja na neso ova :pos: :pos:

inace ja retko jadam ovosje ali koa mora ondak praska,kajsija hmmm banana be ili ananas...nejkam ovoshje :icon_lol:
 

Fir_Maked

Koj ne me saka negov problem!!!
Член од
17 ноември 2005
Мислења
481
Поени од реакции
0
Sakam lubenici, praski. jagodi, jabolka, zeleni kajsii, slivi i ne mi teknuva so uste drugo
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Fir_Maked напиша:
Sakam lubenici, praski. jagodi, jabolka, zeleni kajsii, slivi i ne mi teknuva so uste drugo
Може јас заостаната сум.. ама какви се тие зелени кајсии?:icon_eek:
 

Fir_Maked

Koj ne me saka negov problem!!!
Член од
17 ноември 2005
Мислења
481
Поени од реакции
0
The`bItCh напиша:
Може јас заостаната сум.. ама какви се тие зелени кајсии?:icon_eek:
Pa nesozreani sakav da kazam(ne gi sakam zreli)
 
Член од
4 декември 2005
Мислења
179
Поени од реакции
3
The`bItCh напиша:
Може јас заостаната сум.. ама какви се тие зелени кајсии?:icon_eek:
и се препорачливи ако немаш проблеми со стомакот а сакаш да ги имаш :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Киви, јагоди, мандарини, млеко. Ставаш у блендер, ставаш и чоколадо во прав, две коцки мраз, изблендираш, ставаш у голема чаша. Закон.

А инаку си имаме нивче во Сморали, и тамо си никнеме јагодки, киви, јаболка, кој ЈАС ги садив. Да, имав скапани пети, па што. :pishtoldz

Леле звучам ко сликовница за копљаци од градинка :icon_eek:
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Јадел некој кинески јаболка? Личат на домати, ептен се благи, кога ги јадеш ко мравки да ти лазат на јазик :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom