Обновливи извори на енергија

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.128
Поени од реакции
1.875
Истиот принцип се користи во соларните електрани.

Фокусот на сите тие огледала е во врвот на кулата каде што има вода и сол (такво некакво соединение беше) и се претвара во пареа и го врти генераторот.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
12.575
Поени од реакции
9.690
принципот е ист , ама како да се направи економски исплатлив и економичен. не тој што ке му успеее или ке биде мноооогу богат или мнооогу мртов!!
ви текнува со џемс бонд филмот


James Bond: The Man With The Golden Gun (1974), The Man With The Golden Gun Solex Agitator
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.085
Поени од реакции
3.313
Во моментов правам сончев концентратор, т.е сечам огледало на мали коцки кои потоа ги лепам на тањир за телевизија, фи 60цм.
Прегледај го приврзокот 42209
Теоретски огледалата треба да ја насочуваат светлината во една точка, измерив во висина од околу 40цм напречно над тањирот. Тоа е точката на фокус, a огледалото е наречено конкавно. Постои и конвексно огледало кое е заоблено нанадвор. Чист пример за конвексно огледало се големите округли огледала на ќошевите во маркетите.
И утре ако биде сончево ке ја испробам, да видам дали ке можам некое дрво да изгорам или вода да загреам за кафенце да си правам преку лето или пак некое тавче со зејтин и да пржам кебапчиња.
Не се смејте, има вакви примери на youtube. :)

Инаку што поголем тањир се користи, тоа поголема површина зафаќа, повеке сончеви зраци се усмеруваат кон една точка и се добива поголема температура.
Ако има заинтересираност ке направам и клипче па да видите колкава е моќта на сонцето, и тоа само на толку мала површина од 60 цм во дијаметар, а замислете што ке се случи да користам тањир од 2 метри???
Чекаме клипче. :)
Само пази да не се изгориш... хехе...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.571
Истиот принцип се користи во соларните електрани.

Фокусот на сите тие огледала е во врвот на кулата каде што има вода и сол (такво некакво соединение беше) и се претвара во пареа и го врти генераторот.
Да да запознаен сум доволно добро за тој општиот дел и начинот на функционирање. Со експерименти, набљудување и идеи, се усовршува се.
И на сликата може да се забележи таму на врвот дека е многу осветлено и дека таму се насочени сончевите зраци.
Интересното е тоа што според некои истражувања, ако се усоврши овој начин на искористување на енергија од сахара може да се напојува цела европа со ел. енергија. и во исто време ке се развијат сиромашните земји во африка.
Мене тањирот ми е од обична антена не сателитска и е релативно мал но сепак сега го пробав и гори дрва, шишиња, хартија, папучи :).
Ке направам и кратко клипче, немa којзнае каков квалитетот да биде, колку да се направам чалам. :)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.128
Поени од реакции
1.875
За полесно да го најдеш фокусот,а и поголема ефикаснот од поголема „направа“ купи од оние тањирите антени (аналогни).Тие во фокусот имаат приемник каде што се собираат сигналите.Е сега обложи го тој тањир со стакли и од фокусот извади го приемникот и направи си држач за предмети од шипките.Полесно и поефикасно е така.
Не се исплатат овие соларните електрани.Потребно е многу пари за изградба и за одржување.И плус тоа во Сахара температурите се од 50+ денски до -50 ноќе.Тие огледала на тие температури ќе се направат песок.И песочните бури не се реткост така да една песочна бура амин цела електрана.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.085
Поени од реакции
3.313
^ Ефтини се за одржување соларните електрани, за разлика од останатите други... и тешко дека песочните бури би имале некаков ефект врз нив...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.571
Доколку се чести тие песочни бури, тогаш ке треба и некаков механизам за чистење на огледалата од прашина да се изработи, пошто ке се намали рефлексијата.
Еве ви нешто интересно и што е најважно, хоуммејд е:


Јас наместо Стирлинг мотор би ставил Тесла турбина, бидејки мислам дека е поефикасна од Стирлинг моторот бидејки има помал отпор од триење а додека работи во исто време зема замав и сама по себе се одржува со вртежите, не секако има триење и мора да постои некоја сила (во нашиот случај пара под притисок) која ке ја придвижува, а на неа да биде поврзан генераторот на струуја. На сликата подоле е прикажана тесла турбината а на видеото како таа функционира, само таму се користи компримиран воздух наместо пара.


 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
12.575
Поени од реакции
9.690
и шо бидна со концентраторот до кај е работата, дај малце известувај ова она
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.571
Кога е сончево, гори дрво , топи пластика, и загрева вода, но бидејки има мал дијаметар тањирот, не може којзнае колкава работа да заврши, за да произведе струја.
Битно ми е дека, целта ја постигнав со тој тањир, а тоа е дека направив сконцентрирана сончева енергија. Тоа како за прв проект е задоволително.
Е сега еден пријател ми се понуди сао неговиот 180цм сателитски тањир, но ке ни требаат пари за да го направиме целосно проектот, а парите се знае, ги нема, така да ако има нешто сериозно, ке ве известам.
Не мора на тањир да се лепат стаклата може и посебно на некакви држачи и да можат да се насочуваат по х,у оска и секое огледало посебно да го насочам во една точка, но и за тоа да се комплетира се потребни пари така да... знаењето го имам, ама пари за експерименти немам.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
12.575
Поени од реакции
9.690
во ред тоа нормално дека ако си го погодил фокусот ке гори се пред себе.
но не ми е јасно освем што сакаше да пробаш што ти беше целта да постигниш.
да загреваш вода, да добијаш струја или едноставно сакаше да видиш дали можи.
 
T

Tetro

Гостин
Компостирање

Компостирањето е разградување на биоотпадот со помош на низа живи организми, при што настануваат јаглерод диоксид, вода, топлина и компост. Тоа е најстариот и најприроден начин на рециклирање на отпадот! Во биоотпад кој може да се компостира спаѓа кујнскиот отпад (од готвена храна) и градинарски или зелен отпад.




Зошто да се компостира?
Прво, затоа што штедиме пари. Компостот е квалитетно органско ѓубриво кое е потполно бесплатно.
Втората причина е затоа што така ја штитиме околината. Со компостирање количината на отпад која завршува на депониите може да се намали за дури 1/3! Со тоа помагаме во разрешување на горливиот проблем со чистотата на околината кој го има Р. Македонија. Со одвојување на отпадот се намалува загадувањето на подземните води кои се наоѓаат во близина на депониите, се намалува создавањето на стакленички гасови (пред сѐ метан) кои придонесуваат за промена на климата, а со тоа се намалува и опасноста од пожари.
Со компостирањето се избегнува и потребата од користење на вештачки ѓубрива кои го намалуваат квалитетот на водата и почвата, а го загрозуваат и здравјето на луѓето, животните и растенијата.
Компостот исто така ја подобрува и структурата на земјата и спречува нејзино сушење.

Што е потребно?

Пред сѐ, отпад. И тоа отпад богат со азот (остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе и чај, трева…), отпад богат со јаглерод (суви лисје, гранки, сено, слама, пилевина, иглички од зимзелени растенија…) и вода и воздух. Препорачливо е да се избегнува месо, коски и млечни производи бидејќи привлекуваат животни и испуштаат непријатен мирис. Забележано е и дека кората од некои растенија, како лимон, го успорува компостирањето, па се препорачува да не се меша во големи количини. Исто така, никако во смесата за компост не ставајте заболени делови од растенијата или пак плевел!

Добивање на компост

Компостот се добива на прилично едноставен начин и во 6 чекори.

  1. Целиот материјал треба да се раситни во големина од неколку сантиметри, со цел полесно да се разгради
  2. Во еднаков сооднос ги мешаме отпадот богат со азот (брзо се распаѓа и обезбедува влага) и отпадот богат со јаглерод (побавно се раградува и обезбедува воздух во смесата)
  3. Материјалот го собираме во купче кое додатно можеме да го оградиме со жица, дрва или тули (компостер). На дното на купчето пожелно е да се постават гранки, како би се обезбедило снабдување со воздух. Компостната смеса треба да ја зашитиме од прејако сонце или од дожд, на пример со настрешница (да се избегнува покривање со најлонски или пластичен прекривач)
  4. Смесата повремено (барем еднаш месечно) треба да се преврти да би се обезбедило дишење (снабдување со воздух), но притоа не смее да се збива смесата. Воздухот е битен за раст и развој на организмите во компостот и спречува појава на непријатни мириси
  5. Ја проверуваме влажноста. Се зема еден грст од смесата в рака и нежно се стиска. Ако од дланката протекува течност, има премногу вода. Обратно, ако во дланката се осеќа сувост, потребно е повеќе вода. Кога материјалот во раката останува збиен како грутка, влажноста е умерена (добра)
  6. Кога компостот ќе стане расресит, со темна боја и ќе поприми мирис на „шумска земја“ (отприлика после 9 месеци), спремен е за употреба и може да се измеша со земјата која сакаме да ја наѓубриме

Компостирање - компост добиен од органски отпад

Ова е едноставен метод на компостирање. Постојат и други начини, на пример со помош на црви, но за тоа во друга прилика. Со придржување кон овие прости правила и со малку пракса, можете да увидите кој метод и која смеса вам најмногу ви одговара.

--- надополнето ---

„Тиквеш“ инвестира во одржлив развој


По позитивното искуство од користењето полесни шишиња за полнење на вината од серијата „класик“, винарската визба „Тиквеш“ донесе одлука во следниот период постепено да ја намалува тежината на стаклената амбалажа на целокупниот свој асортиман. Користењето полесни шишиња, потенки картонски кутии за пакување и навојни затворачи за шишиња, таму каде што е возможно тоа, ќе се придонесе за значително намалување на емисијата на стакленички гасови во атмосферата, кои се појавуваат во процесот на производство на амбалажа за пакување, како и за намалување на количината отпад што ја деградира животната средина. Овие мерки се само дел од стратегијата за одржлив развој на ВВ „Тиквеш“ што ги реафирмираше најголемата винарска визба во Република Македонија по повод Светскиот ден на платената Земја.

„Да се биде лидер значи да се оди чекор понапред и да се поставуваат нови стандарди во сите сегменти од работењето. Тоа бара сериозни вложувања кои за нас претставуваат определба од која зависи развојот и успехот на нашата компанија и затоа и во иднина ќе продолжиме со нивно имплементирање“, вели Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“. (Ек.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6EB79EE9159C0148945103F95508D866
 
T

Tetro

Гостин
Геотермална енергија

Зборот геотермална влечи корен од двата грчки збора “geo” кој значи земја и зборот “therme” кој значи топлина. Значи, зборот геотермална енергија значи топлина од земјата. Геотермалната енергија се употребува за загревање на згради, домови, одгледување на растенија во стакленици, сушење на жито, загревање на вода во рибници, во некои индустриски процеси, за производство на електрична енергија и други намени.
Изворите на геотермална енергија се движат од плитката земја па се до врелите извори на вода како и врели карпи пронајдени на поголема оддалеченост од земјината кора каде температурите се значително повисоки. Денес геотермалната енергија е нешто вообичаено кај развиените западноевропски земји и се користи масовно каде што дозволуваат условите.
Додека кај нас тоа не е случај. Тоа е поради неколку причини и тоа како главни причини се наведуваат високата цена на технологијата, слабиот маркетинг и непознавање од страна на потенцијалите корисници на оваа технологија, државата е потполно индиферентна кога се работи за геотрмални пумпи итн. Сепак, со оглед на високите цени на енергенсите денес и цената на електричната енергија која постојано оди нагоре, оваа технологија станува конкурентна на пазарот и се очекува допрва да се развива.
Република Македонија има огромен потенцијал кога станува збор за геотермална енергија. Досега се забалежани повеќе од 25 извори на термални води со температура поголема од 21оС. Севкупната издашност на изворите е најмалку 310 лит/сек. Во Македонија вкупно има 18 локалитети со термални води: Волково, Стрновец, Подлог, Крупиште, Истибања, Тркање, Бања, Смоквица, Л’џи, Топли дол, Топлик, Мрежичко, Горницет, Повишица, Добрево, Раклеш, Топлец, Дерибаш.

*На сликата е прикажано шематски процесот на користење на термална енергија за затоплување



http://energetskaefikasnost.info/?p=890#more-890
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.484
Поени од реакции
12.844
EGT.jpg
Цената на нафтата постојано расте поради зголемената побарувачка и смалувањето на залихите. Ако не бидат најдени нови резерви, потребна ни е нова алтернатива што е можно поскоро. Освен оние кои имаат многу пари за да купат електрично возило, секој возач на автомобил денес зависи од нафта за горивото на кое работи моторот.

Иако замената на бензинскиот мотор со батерии и електричен мотор е навидум целта кон која се движиме, тоа само го пренесува проблемот на електраните наместо на бензинските пумпи. Но, можеби постои друг начин за погон на нашите автомобили, начин кој значи дека никогаш повторно нема да морате го полните вашето идно возило со гориво или електрицитет.

Чарлс Стивенс е пронаоѓач и претседател на Laser Power Systems. Неговата идеја е да се заменат сегашните мотори со генератор на кој не му е потребна батерија. Тој предлага користење на минералот ториум во соработка со ласер и мини турбини кои лесно произведуваат доволно електрицитет за возилото. Ториумот е лесно достапен и радиоактивен, но многу побезбеден за употреба од елемент како ураниум.

Кога ториумот е загреан тој станува екстремно жежок и предизвикува излив на топлина кој овозможува поврзување со мини турбини кои произведуваат пареа која може да биде употребена за генерирање електрицитет. Исто така помага и фактот што има долг течен период помеѓу точката на топење и точката на вриење. Поврзувањето на ласер, радиоактивен материјал и мини турбини можеби звучи како комплицирана алтернатива за полнење на резервоар за гориво, но има една одлика која го прави одлично алтернативно решение.

Стивенс пресметал дека мотор со ториум кој тежи 227 килограми и создава 250MW ќе биде доволен за погон на типичен автомобил. Со овој систем 1 грам ториум создава еквивалент на 28.390,5 литри бензин. Ова значи дека ваков мотор опремен со 8 грама од минералот ќе биде доволен за погон на возилото во целиот негов животен век без потреба за надополнување на горив и без создавање на несакани гасови. Всушност моторот трае толку долго што може да биде префрлен од едно возило во друго кога возилата ќе бидат дотраени.

Она што треба да биде надминато се радиоактивноста и добивање на ториум за овој мотор да биде возможен. Стивенс вели дека проблемот со радиоактивноста може лесно да биде решен со алуминумска фолија. Што се однесува до добивањето на ториумот, постојат големи резерви, 440.000 тони само во САД, потребна е само изградба на рудници за добивање на доволно големи количини. Со оглед на потенцијалните придобивки ова сигурно ќе се случи.

Стивенс признава дека најголемата пречка не е ториумот и ласерите, туку мини турбините кои би морале да бидат доволно мали за да ги собере во возило а сепак да генерираат доволно електрична енергија. И покрај ова Стивенс верува дека ќе има готов прототип до 2014 година и потенција не само да ги замени, туку и да ги надмине моторите на внатрешно согорување од кои зависиме денес. [8 grams of thorium could replace gasoline in cars]
http://365.com.mk/statii/tehnologija/8279-konechno-reshenie-za-pogon-na-vozila
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.484
Поени од реакции
12.844
Nuklearen avtomobil?
Ако радиоактивноста не е на ниво кое штети, како што се тврди во текстот, тогаш ова е феноменално решение.
Само еден грам ториум е еквивалент на 28.390,5 литри бензин. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom