Обновливи извори на енергија

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.085
Поени од реакции
3.313
Ако радиоактивноста не е на ниво кое штети, како што се тврди во текстот, тогаш ова е феноменално решение.
Само еден грам ториум е еквивалент на 28.390,5 литри бензин. :)
Zvuci genijalno.... :)
I dokolku bi stanalo realnost nesomneno ce resi golem broj problemi.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.128
Поени од реакции
1.875
А во случај на тешка сообраќајна несреќа?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.484
Поени од реакции
12.844
А во случај на тешка сообраќајна несреќа?
Според текстот, моторот во основа ќе биде мини парен котел, кој топлинската енергија ќе ја добива од ториумот. Така да според мене опасноста би била далеку помала одколку со класичен мотор на внтарешно согорување кој користи запалливо гориво како што е бензинот.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.697
Thorium-ot e primarnoto nuklerano gorivo , no nazalost trkata vo nuklerano naoruzuvanje go odbutna na strana i strasno go zagadi nasiot svet......Sega mnogu tesko ke se probie bas zaradi nuklernata svetska mafija koja ne e bas raspolozena da se otkaze od profitite... :)
A pak da se napravi upotrebliva termicko-elektricna instalacija za vo avtomobil i ne e nekoj golem problem , ako ne stoi pred nego visok zid na INTERESI, koi vo momentov e mnogu tesko minliv....bidejki ..nazalost svetot ne go vrtat nastojuvanjata da se iznajdat poracionalni i popogodni za lugjeto tehnologii..tuku negovoto visocestvo profitot, a toj ima razlicni interesi so onie na obicniot covek...
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
10.701
Поени од реакции
4.587
Да не има некој или да знае некоја програма за симулација за енергетски капацитети на сончева, ветерна енергија?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.484
Поени од реакции
12.844

Истражувачи од Вејк Форест Универзитетот го развиле енергетскиот извор на иднината - облека. Тие создале ткаенина која е составена од пластични влакна и јаглеродни наноцевки кои ги претвараат малите температурни промени на вашето тело и околината во електрична струја.
„Ние трошиме големи количини на енергија во форма на топлина. На пример топлотната енергија создадена од автомобилски мотор би можела да биде употребена за намалување на потрошувачката на гориво и да обезбеди доволно енергија за радиото, климатизерот и системот за навигација,“ изјавил студентот Кори Хјуит. „Генерално термоелектриката е недоволно развиена технологија за создавање на енергија иако постои голем потенцијал.“
Извор
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.226
Бензинот и плинот се обновливи.
Секогаш ко ќе ги исцрпам, одам на бензинска и ги обновувам.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.512
Поени од реакции
2.282
ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА БИОГОРИВА
првата генерација биогорива настанале од различни растителни и животински супстанции. Најпознати видови од првата генерација биогорива се етанол, биодизел и биоплин.
· етанол
Етил алкохол или етанол, C2H5OH, e проѕирна, безбојна течност, со специфичен вкус и карактеристичен мирис. Најчесто се наоѓа во алкохолните пијалоци како што се пиво, вино и конјак. Поради ниската температура на мрзнење се користи како течност во термометрите на температура под -400 С, а исто така и како антифриз во автомобилите.
Етанолот кој се користи за комерцијални потреби содржи 95% етанол и 5% вода. Овој остаток на вода може да се одземе со помош на одредени ензими па на тој начин настанува апсолутен етанол. Температурата на која етанолот почнува да се топи е -114.1 о С (-173.4 оF), а температурата на вриење изнесува 78.5 оС (173.3 оF). Најстариот начин за производство на етанол е со ферментаација на шеќерната трска. Сите алкохолни пијалаци и повеќето од половина од индустрискиот етанол сеуште се добиваат на истиот начин. Скробот кој се наоѓа во компирот, пченката и останатите житарици со помош на квасните ензими и други ензими се претвора во етанол и јаглероден диоксид.

C6H12O6→ 2C2H5OH + 2CO2

Оваа формула всушност претставува едноставен приказ на процесот во кој се создаваат уште многу други продукти. Течноста добиена на овој начин, која содржи 7 до 12 % етанол преку низа дестилации се претвора во 95%-тен етанол. Голема количина на етанол кој не е наменет за произведување на пијалаци се добива синтетички од ацеталдехидот кој што се добива од ацетиленот или пак од етиленот кој се добива од нафтата. Етанолот може да биде оксидиран прво во ацеталдехид, а потоа во оцетна киселина. Доколку подлегне на дехдрација настанува етер. Останатите производи кои се добиваат од етанолот се бутадиен од кој се изработува синтетичка гума, потоа етилниот хлорид (локален анестетик) и многу други органски соединенија. Помешан со бензин етанолот дава соединение гасохол кое се користи како автомобилско гориво. Тој е одличен растворувач на различни соединенија и се користи во производството на парфеми, лакови и експлозиви.
Поголемиот дел од индустрискиот етанол е денатуриран за да се избегне неговата употреба како алкохол. Тој процес вклучува мешање на етанолот со отровни или неугодни соединенија кои го прават етанолот невозможен за пиење.
--- надополнето: 27 март 2012 во 16:40 ---
· БИОДИЗЕЛ
Биодизелот е првото и најпознато гориво помеѓу алтернативните горива кое е претставува најраспространетото биогориво ширум Европа. Се произведува од масла и масти преку процес на трансестерификација кој по својата структурата е многу сличен на минералниот дизел. Маслата се мешаат со натриум хидроксид и метанол или етанол, а како продукти на таа хемиска реакција настануваат биодизел и глицерол. На секој десетти дел на биодизелот настанува еден дел глицерол. Биодизелот може да биде користен во секој дизел мотор кога ќе се помеша со минерален дизел. Во некои земји произведувачите даваат гаранција на моторот доколку се употребува и самиот биодизел без додатоци иако на пример Volkswagen (фолцваген) им советува на своите возачи да се посоветуваат со Volkswagen-овиот сектор за заштита на околината пред самата употреба .
--- надополнето: 27 март 2012 во 16:41 ---
· БИОПЛИН
Биоплинот настанува со процес на анаеробна претворба на органските материии (биоразградлив отпад, енергетски супстанции) со помош на анаеробните организми.Овој призовд содржи метан и јаглероден диоксид. Биоплинот може да се користи како извор на струја како и за загревање на простирии и вода. Како гориво наоѓа своја употреба во моторите со внатрешно согорување. Типичен состав на биоплинот е прикажан во табелата:
СУПСТАНЦИИ
%
CH4
50 – 75
CO2
25 - 50
N2
0 - 10
H2
0 - 1
H2S
0 - 3
O2
0 - 1
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
497
Дечки да не знаете некој документарец да ми препорачате за обновливи (неконвенционални) извори на енергија ???
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.484
Поени од реакции
12.844
Паркинзи направени од соларни панели

Повеќето постоечки паркиралишта, авотпати и улици, се директно изложени на сончевата светлина, а истовремено во поголем период од денот многу од нив стојат неискористени. Поведени од овој факт Scott и Julie Brushaw извеле план како да ја искористат сета енргија која доаѓа од сонцето.

Пред околу 8 години, Scot, кој е по професија електро инженер, и неговата жена дошле до иновативна идеја за замена на асфалтните патишта низ Америка со соларни панели кои произведуваат електрична енергија, а по кои истовремено би можело да се вози. Ваквата идеја набрзо прераснала во проект, кои бил дополнително развиван, и некои од новитетите кои биле додадени на идејата се однесувале за специјални LED диоди со чија помош на новата подлога би се отсликале ознаки за предупредувања. Исто така, како дополнителна карактеристика кон оваа идеја била додадена и можноста да самата подлога од панели поседува можност да се загрева, се со цел да се спречи формирањето на мраз и снежни покривки.

Институцијата одговорна за автопатите долж Америка (US Federal Highway Administration) донела одлука да оваа идеја биде финансирана и помогната, со цел изумителите да можат да произведат прототип, во што и успеале. На почетокот на 2010 година, првиот “уличен” панел со големина од 3.7 x 3.7 m, составен од 16 мали панели, бил произведен и истиот бил програмиран да ги обезбеди погоре споменатите карактеристики.

Неколку години подоцна, овој концепт полека почнува да ја наоѓа и својата примена. Имено, неодамна се појавија привите слики од овој проект, на кои може да се види првиот (скоро) оперативен паркинг простор, кој произведува електрична енергија. Со помош на неколку волонтери, успеале да го доразвијат нивниот производ, па така кон средината на 2013 година нивниот производ еволуираше во хексагонален панел, со цел поедноставно справување со кривините при монтирањето. Секој еден панел се состои од фотоволтаични ќелии, микропроцесор, 128 програмибилни LED диоди, и елементи за за загревање на самиот панел, обложени со стаклена обвивка со изворедни карактеристики на цврстина при оптоварување.

Сите кабли кои се потребни за пренос на енергија и податоци се сместени во кабелски коридор по должината на самиот паркинг. Со ова би се овозможило лесен пристап до самите кабли и елиминирање на потребата од надземни спроводници кои ќе бидат подложни на надворешните температурни услови.

Сега за сега, 69 проценти од подлогата под стаклената обвивка отпаѓаат на фотоволтаичните ќелии, но планот е зголемување до вкупно 100 проценти пред пристапување кон комерцијално производство на овие подлоги. За да може да го достигне ова, компанијата решава овој проект да го финансира преку Indiegogo платформата. Целта е собирање на 1 милион долари, но компанијата ќе ги добие сите средства и во случај да прагот од оваа сума не биде надминат.

Во видеото подоле можете да ја погледнете целата приказна за овие т.н. улични панели.

Link
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.867
Поени од реакции
10.739
На 08.05.2016 во Германија обновливите извори на ел. енергија учествувале дури со 95% во вкупната потрошувачка. (y)

At 11 AM last Sunday, May 8, Germany ran on 95% renewable energy, breaking their previous record of 70-80% last year.

Germany is one of the more advanced manufacturing countries in the world, mainly utilizing solar and wind power to provide for their energy needs, which totals in at 57.8GW. Notably, as weather conditions were ideal that time, the country was able to run on 90% renewable energy. Here, the “ideal” is key.

Its solar power systems generated 26.11 GW, the wind power plants produced 20.83GW, and an additional 5.14GW from biomass power plants plus 2.75GW from hydropower; however, things would have been rather different if other weather conditions came into play (as the aforementioned 70-80% indicates).

Ultimately, Energiewende, Germany’s movement to transition from nuclear energy to renewable energy was rooted to a conservationist society against nuclear power and vows to show and use alternative energy supply.

The main plan to phase out nuclear energy and cut down carbon emissions has been successful, with plunging prices and a hike in renewable energy production. According to their website, Germany is getting more value from less energy, and their main purposes are to fight climate change, reduce energy imports, stimulate technology innovation and the green economy, reduce and eliminate the risks of nuclear power, energy security, and strengthen local economies and provide social justice.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom