Обама:„Ново летало до 2025, а до 2030 и луѓе во орбитата на Марс“

  • Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Пример.
Феникс, во споредба со човек. човекот може 1000 пати повеќе да ископа и 1000 пати побрзо да ги спреми податоците за анализа отколку лендерот.
Немам Коментар.:salut:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.132
Не ми се верува дека би го прекинале ако немале добра причина за тоа. И со оглед на средствата што се до сега потрошени, најверојатно има добра причина.

Не знам детали но моја предпоставка (не мора да е точна), се токму бустерите на цврсто гориво.
Најверојатно сега би иделе целосно на течен вододод/ кислород. Вакви ракети со носивост во ниска орбита од 100+ тони имавме во минатото. Како Руската Енергија или Американскио Сатурн 5. Можеби ќе се тргне од нив при проектирањето на новиот носач.
Парите се едната причина, а другата е Обама. Администрацијата на Буш го започна тој проект, и вложија доста. И имаше дури и најави од самиот Буш дека САД ќе се вратат на Месечината до 2020. (исто ко Кенеди во шеесеттите).
Сега дали имаше технички проблеми не знам (последниот лет беше успешен), но ете се случи.

А и мисијата на Марс ќе чини доста...многу повеќе од таа на Месечината...

Не знам, навистина не знам зошто го укина Обама Констелејшн....планот беше добар, се гради потребната инфраструктура на Месечината, и таа че служи како поддршка за мисиите до Марс, а понатаму и до други делови од Сончевиот систем...
Којзнае, новава програма може да ги чини повеќе САД на подолгорочен план...

Немам Коментар.:salut:
И нема човекот да замрзни!!! :vozbud:

Феникс не можеше да ископа едвај 30 сантиметри. Што мислиш, да беше човек место Феникс, колку ќе ископаше и за кое време?
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Во кое филмско студио ќе го снимаат слетувањето на Марс???Дај нека не чекаат до 2030,нека го искористат Стивен Спилберг додека е жив.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Феникс не можеше да ископа едвај 30 сантиметри. Што мислиш, да беше човек место Феникс, колку ќе ископаше и за кое време?
Moжам да замислам како копаат со лопати и ашови 5 Мавровски работници на Марс Лопата Мотика на мом рамену плава кошуља...:pos2:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.132
Moжам да замислам како копаат со лопати и ашови 5 Мавровски работници на Марс Лопата Мотика на мом рамену плава кошуља...:pos2:
Да, плава кошула....ама завршува подобра работа...:pos2:

Во кое филмско студио ќе го снимаат слетувањето на Марс???Дај нека не чекаат до 2030,нека го искористат Стивен Спилберг додека е жив.
Ако тврдиш дека слетувањето на Месечината е исценирано во Холивуд, јас тврдам и дека цела Втора Светска војна е снимена во Холивуд. :smir::smir::smir:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Moжам да замислам како копаат со лопати и ашови 5 Мавровски работници на Марс Лопата Мотика на мом рамену плава кошуља...:pos2:

Затоа се тука роботите.Доволен пример ти е R2.;)

NASA to Launch Human-Like Robot to Join Space Station Crew
04.15.10

Robonaut2 – or R2 for short – is the next generation dexterous robot, developed through a Space Act Agreement by NASA and General Motors. Credit: NASA.
› View more images

NASA will launch the first human-like robot to space later this year to become a permanent resident of the International Space Station. Robonaut 2, or R2, was developed jointly by NASA and General Motors under a cooperative agreement to develop a robotic assistant that can work alongside humans, whether they are astronauts in space or workers at GM manufacturing plants on Earth.

The 300-pound R2 consists of a head and a torso with two arms and two hands. R2 will launch on space shuttle Discovery as part of the STS-133 mission planned for September. Once aboard the station, engineers will monitor how the robot operates in weightlessness.
http://www.nasa.gov/topics/technology/features/robonaut.html

Не знам, навистина не знам зошто го укина Обама Констелејшн....планот беше добар, се гради потребната инфраструктура на Месечината, и таа че служи како поддршка за мисиите до Марс, а понатаму и до други делови од Сончевиот систем...
Којзнае, новава програма може да ги чини повеќе САД на подолгорочен план...

И нема човекот да замрзни!!! :vozbud:

Феникс не можеше да ископа едвај 30 сантиметри. Што мислиш, да беше човек место Феникс, колку ќе ископаше и за кое време?
Од една страна Морфеус е во право, треба повеќе да се вложува на полето на технологијата.NASA зад себе има еден куп несреќни случаи како на пример:Columbia, Challenger, Hubble Space Telescope, Apollo 13 и.т.н.Треба подобрување на технологијата.
Но сметам дека требаше прво да слетаат на Месечината, па после да работат на тоа поле.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Да, плава кошула....ама завршува подобра работа...:pos2:

Ако тврдиш дека слетувањето на Месечината е исценирано во Холивуд, јас тврдам и дека цела Втора Светска војна е снимена во Холивуд. :smir::smir::smir:
Тврди бе друже никој не ти брани.Има еден куп документарци за тоа дека слетувањето е лажирано.Најдобар доказ дека немаат слетано е тоа што и после 40+ г. на Месечината не е изградена никаква база,за хотелите кои ги најавуваат уште во првите години од слетувањето да не прајме муабет.Ејјј 40 г. ништо не е изградено на Месечината.Па чукни го мозочето малце бе.Размисли зошто е така.Стенли Кјубрик го натераа да им го сними слетувањето на Месечината па си умре чоекот во домашен притвор.
И не е исценирано слетувањето во Холивуд,туку во Пајнвуд,Англија.:wink:
 
?

..........

Документарците не се докази ниту фактор, дај извади докази дека не слетале на месечината и дека тоа е лажирано штом си толку убеден.
И за слетување на човечки екипаж на месецот, се потребни многу пари, а нема ништо да се постигне со тоа, и секој милиметар на месечината е скениран со најновите сателитски телескопи.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58

isto e i deka sletale na mesecinata,nema dokazi osven :"sletavme be zimi majka"
 
S

smart ass

Гостин
Оставете ја месечината...туку патување до марс е минимум 5-6 години и тоа во зависност од траекторијата т.е има посебен т.н погоден момент кога марс е најблизу до земјата т.е растојанието е најмало....и ќерата и да користат хал погон и што сакаат како де на екипажот ќе му обезбедат враќање...башка сигурно стасување...до 2050 може но заеднички со Русија и ЕСА.
 
?

..........

Гостин
isto e i deka sletale na mesecinata,nema dokazi osven :"sletavme be zimi majka"
Хаха..па според твојава статистика не постои ни Барак Обама, затоа што јас немам цврсти докази дека постои не сум го видел во живо:toe:
Донесоа материал од месечината, забодија америчко знаме да се вее таму, а сеуште стојат и стапките кај што газеле...
И ако навистина е на жими мајка, ке се побунеше тогаш ривалот СССР дека нема докази...

А и не гледајте многу филмови

Оставете ја месечината...туку патување до марс е минимум 5-6 години и тоа во зависност од траекторијата т.е има посебен т.н погоден момент кога марс е најблизу до земјата т.е растојанието е најмало....и ќерата и да користат хал погон и што сакаат како де на екипажот ќе му обезбедат враќање...башка сигурно стасување...до 2050 може но заеднички со Русија и ЕСА.
Траекторијата на движењето на Марс и на Земјата околу сонцето, треба така прецизно да се измери и да се утврди најпогодниот момент на полетување, за да Марс му испадне во пресрет на летелото,.т.е. да му го пресечи патот на најблиска оддалеченост.
Ако тргнат кога Марс ќе е најповолно близу до Земјата, во тој случај ќе треба да го бркаат.

Ги зборави и Вонземјаните во Ареа 51 и ХАРП технологија за контрола на времето :pos2:
Вонземјаните во Ареа 51 и ХАРП технологија за контрола на времето, никогаш не се најавувани ниту пак се масло на наса, се тоа се шпекулации и дезинформации, слични на оние кој документарките ви ги сервираат и денес.
Се што НАСА најавува се се докажува, затоа што тоа е сериозна организација, па од нив потекнуваат многу денешни технолошки добра, како што се компјутерот на кој пишуваш, правосмукалката со која метиш по дома, итн...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.132
Тврди бе друже никој не ти брани.Има еден куп документарци за тоа дека слетувањето е лажирано.Најдобар доказ дека немаат слетано е тоа што и после 40+ г. на Месечината не е изградена никаква база,за хотелите кои ги најавуваат уште во првите години од слетувањето да не прајме муабет.Ејјј 40 г. ништо не е изградено на Месечината.Па чукни го мозочето малце бе.Размисли зошто е така.Стенли Кјубрик го натераа да им го сними слетувањето на Месечината па си умре чоекот во домашен притвор.
И не е исценирано слетувањето во Холивуд,туку во Пајнвуд,Англија.:wink:
Исто така има куп други документарци кои велат дека сме слетале на Месечината.
Зошто, ама зошто, ако е толку лесно да се излажира слетувањето, зошто тоа не го направи и СССР? Или денес, Кина, Индија, Јапонија...

Е сега, знаеш каква беше ситуацијата за време на вселенската трка. СССР водеа во се. А САД очајнички се обидуваа да ги стасаат. Само за Аполо 11 се потрошени 150 милијарди долари!!! Преку 600 000 Американци беа вклучени во работата за слетување на Месечината! Потрошени се огромни ресруси за тоа! И сега велиш зошто нема изградено база на Месечината. Факт е дека пред 40 години ја немаше целата таа потребна технологија за изградба на база, а и чинеше доста. Целта на САД беше да докажат дека можат да ги победат СССР. И го направија тоа со спуштањето на Нил Армстронг на Месечината во 1969 година.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Да,да.Во толкава желба да ги победат СССР го собраа Стенли Кјубрик после снимањето на Одисеја:2001 и во истите студија го мавнаа слетувањето на Месечината.Јас вервам во таа варијанта.Ти во другата.Ништо спорно. :toe:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.132
Да,да.Во толкава желба да ги победат СССР го собраа Стенли Кјубрик после снимањето на Одисеја:2001 и во истите студија го мавнаа слетувањето на Месечината.Јас вервам во таа варијанта.Ти во другата.Ништо спорно. :toe:
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=443

Сепак, верувај во што сакаш. :)
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
Хаха..па според твојава статистика не постои ни Барак Обама, затоа што јас немам цврсти докази дека постои не сум го видел во живо:toe:
Донесоа материал од месечината, забодија америчко знаме да се вее таму, а сеуште стојат и стапките кај што газеле...
И ако навистина е на жими мајка, ке се побунеше тогаш ривалот СССР дека нема докази...

А и не гледајте многу филмови

...
a be bash isto e dali Obama ili Mesecinata...Obama go videle milioni lugje vo zivo,a sletuvanjeto na mesecinata samo nekolkumina(ako i tie voosphto navistina sletale na mesecinata),materijal donele roboti,znameto e postaveno od roboti,i stapkite se od roboti i sega shto pravime?

i shto ke dobieshe SSSR ako se pobuneshe? eve samite amerikanci se bunat i tvrdat deka e lazirano pa ti ne im veruvash,a ne pa na SSSR :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom