Обама:„Ново летало до 2025, а до 2030 и луѓе во орбитата на Марс“

  • Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување
B

Borg_Drone

Гостин
Иако оваа вест е веќе неколку дена стара, се решив сепак да отворам тема; искрено не знаев на кој подфорум да ја отворам па ако темава не е соодветна за овој подфорум, модераторите слободно нека ја префрлат.
Како што знаете Обама направи неколку измени во новиот буџет на НАСА за 2011 година.Програмата „Соѕвездие“ (Constellation) е откажана, а парите што се предвидени за програмата (600 милиони долари) ќе бидат пренасочени за "safely retirement of the space shuttle program".А во превод тоа значи дека парите ќе бидат насочени кон последните три мисии за шатл програмата.Шатлот ќе оди во пензија до крајот на годинава откако ќе направи 20 години, а на Американците им останаа уште три мисии до крајот на годинава.Буџетот на НАСА со тек на време се повеќе и повеќе ќе се зголемува, ќе стигне бројка до 6 милијарди долари годишно, но нема да оди ни цент во истражување на ново летало.До ISS Американците ќе користат руски капсули Сојуз, а Kennedy Space Center во Флорида предвиден е во новата програма за реконструкција и модернизација.Голем дел од парите сега во блиска иднина ќе се инвестираат во технологија, подобрување на сателитите што орбитираат околу земјата.Ново летало се очекува дури во 2025, а во орбита на Марс до 2030.А и да додадам, исто така ќе испраќаат и роботи во вселената, а сега еден се спрема да се испрати на ISS, и да се испроба да се види како ќе функционира во средина каде зрачењето од Сонцето е многу појако.
Планот иако изгледа доста амбициозен, сепак ме чуди едно нешто: зошто ја прескокнаа Месечината?
Друго, што мислите вие за новите планови на Обама, дали се добри, или пак беа подобри плановите на администрацијата на Буш?

Еве повеќе:

"Early in the next decade, a set of crewed flights will test and prove the systems required for exploration beyond low Earth orbit," the president said. "And by 2025, we expect new spacecraft designed for long journeys to allow us to begin the first-ever crewed missions beyond the moon into deep space. We’ll start by sending astronauts to an asteroid for the first time in history. By the mid-2030s, I believe we can send humans to orbit Mars and return them safely to Earth. And a landing on Mars will follow. And I expect to be around to see it."
http://www.nasa.gov/about/obamaspeechfeature.html
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Мислев дека ја скрати програмата на НАСА Обама ама ајде нека биде вака. Не сум подржувач на човекова мисија на Марс воопшто. Подобро да се работи на ИСС и Месечината одколку Марс. Мисијата ќе биде неверојатно скапа и ќе траа ужасно долго а нема да има некое големо научно значење чиста политика е тоа повеќе. Подобро да се прачаат сонди на далечни мисии носат многу повеќе податоци одколку луѓе за долар/евро.Најголем дел од работата и експериментие можат да се завршат автоматски. А, ако ги интересира човеков престој и живење во вселената ја имаат ИСС и Месечината. Човекова мисија на Марс е жива глупост и за 20 години.
Појќе сум за сонди и дронови одколку за смешни и скапи Ентерпрајзови.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.770
Поени од реакции
5.077
Глупости , од минатиот век веќе се на Марс , бази на месечината и кај ти не :tv:

Ова дел од кришката да им се сервира на народот , исто ко бежична технологија шо користеа пред 100 год :toe: , не им верувам на НАСА и слични како нив.Па и "слетувањето" на месечината го лажираа.
 
Ги зборави и Вонземјаните во Ареа 51 и ХАРП технологија за контрола на времето :pos2:
 
Да :helou: , и еден куп други , али ај кршење филм малце :baeh: а и мистерии се рачуна тоа ,така да продужете =)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Па и "слетувањето" на месечината го лажираа.

Ова е еден од рефлекторите што е поставен од Нил Армстронг и останатите астронаути од Аполо 11.Рефлекторов се користи и ден денеска за да се мери растојанието меѓу Земјата и Месечината.Тоа се прави од Apache Point обсерваторијата.Со овие рефлектори е докажано и дека Месечината се одалечува од Земјата за 3.8 cm годишно.Мерењето се извршува со испраќање фотонски зраци до површината на Месечината, и самите зраци се рефлектираат од овие рефлектори и се враќаат назад кон Земјата.

Еве повеќе:

The Moon Drifting Away
Complicating the interpretation of the data is the fact that the Moon is presently receding from Earth at about 3.8 cm per year due to the tidal distortions it causes on Earth. The distortion of Earth’s crust is slowing down Earth’s rotation rate. The total angular momentum of the Earth-Moon system is however conserved by an increase in the Moon’s orbital energy – hence the gradual increase in the Moon’s average distance from Earth.
Due to Earth’s internal and tectonic movements, it is not easy to know exactly what portion of the change in Earth’s rotation rate is caused by the tidal effects. Consequently it is not perfectly clear what portion of the change in the Moon’s average distance is due to the tidal forces and what portion may be due to the sought after gravitational effects.
http://www.einsteins-theory-of-relativity-4engineers.com/apollo.html

Но нели, темата не е за Месечината, темата е за нешто сосем друго.Ова колку да ти појаснам што е вистина а што е лага.
Ме интересира зошто мислиш дека луѓето стапнале на Марс.Имаш ли некои докази?Дај да прочитаме нешто повеќе, мене ме интересира.
Јас сметам дека немаме ресурси а и ја немаме потребната технологија за да стигнеме до Марс.Друго, овој план Обама требаше да го започне откако ќе стапнеа на Месечината, требаше програмата „Соѕвездие“ да ја остави да се доврши, да не ги пренасочува парите кон последните три мисии на спејс шатлот, и да се постави база на Месечината, таму да се задржат некое време, и во меѓувреме да ја развиваат потребната технологија за да се стигне до Марс.Нормално, лансирањето на мисиите да се врши од Месечината.Доста важно место е.
А наместо тоа, Обама се реши на овој глуп чекор.Друго, со ова праќа порака до останатиот свет дека Америка сака да го направи тоа без ничија помош.А нели светот се стреми на тоа поле кон единство, демек доволен доказ било лансирањето на руски и американски астронаути заедно, на заеднички мисии.Со ова само потврди дека се тоа се прави поради политички причини.Сам себе убијал работава.
Наместо да иницира една средба на сите вселенски агенции исто како што иницира средби за нуклеарното оружје, и да побара од нив сите заедно да се здружат и да инвестираат пари за нова технологија, он сака да се постави себе си како новиот Кенеди кој ветуваше на почетокот на шеесетите дека кон крајот на шеесетите човек ќе стапне на Месечината, и тоа го направија чисто од политички причини.А тогаш беше присутна и Студената војна.
Планот му е интересен искрено, треба да се фокусираат повеќе на технологијата зошто имаа еден куп несреќи и тоа поврзани со телескопи но и со шатловите, значи треба подобрување на тоа поле, но тоа требаше да го направат откако ќе воспоставеа база на Месечината.
Вака само повеќе трошоци ќе имаат ако пратат на мисија до Марс луѓе од Земјата.Од Месечината ако се направеше тоа поинаку ќе беше, поради условите што се на самата Месечина.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.770
Поени од реакции
5.077
[

Ме интересира зошто мислиш дека луѓето стапнале на Марс.Имаш ли некои докази?Дај да прочитаме нешто повеќе, мене ме интересира.
William Cooper is the men

Доволно е да се слушне ..(песимистички или оптимистички) , неам време сеа за подетално , али доволно е да се ислуша чоеков ..
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.134
Иако оваа вест е веќе неколку дена стара, се решив сепак да отворам тема; искрено не знаев на кој подфорум да ја отворам па ако темава не е соодветна за овој подфорум, модераторите слободно нека ја префрлат.
Да, пишував јас за ова во темата Астрономија, ама изгледа ретко кој гледа таму. :) Не е битно каде е темата.

Мислев дека ја скрати програмата на НАСА Обама ама ајде нека биде вака. Не сум подржувач на човекова мисија на Марс воопшто. Подобро да се работи на ИСС и Месечината одколку Марс. Мисијата ќе биде неверојатно скапа и ќе траа ужасно долго а нема да има некое големо научно значење чиста политика е тоа повеќе. Подобро да се прачаат сонди на далечни мисии носат многу повеќе податоци одколку луѓе за долар/евро.Најголем дел од работата и експериментие можат да се завршат автоматски. А, ако ги интересира човеков престој и живење во вселената ја имаат ИСС и Месечината. Човекова мисија на Марс е жива глупост и за 20 години.
Појќе сум за сонди и дронови одколку за смешни и скапи Ентерпрајзови.
Не би се согласил со тоа дека треба повеќе да се испраќаат сонди и роботизирани мисии, а не луѓе.

Мисијата ќе биде скапа, но колку ќе чини и што е тоа во споредба со другите буџети, пример воениот? -Џабе, ништо.

Според програмата Констелејшн, САД требаше да се вратат на Месечината до 2020, а да слетаат на Марс до 2025 година. Е сега овај нигеров заеба се.
А добро е да се испратат луѓе на Марс, а потоа и во другите делови од Сончевиот систем.
Тоа што може да го направи човек за 1 ден на Марс, на робот ќе му требаат години...
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Глупости , од минатиот век веќе се на Марс , бази на месечината и кај ти не :tv:

Ова дел од кришката да им се сервира на народот , исто ко бежична технологија шо користеа пред 100 год :toe: , не им верувам на НАСА и слични како нив.Па и "слетувањето" на месечината го лажираа.
Не мора да ја труеш оваа тема. Имаш вакви теми во мистерии:
http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=7559
http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=41362

Иако оваа вест е веќе неколку дена стара, се решив сепак да отворам тема; искрено не знаев на кој подфорум да ја отворам па ако темава не е соодветна за овој подфорум, модераторите слободно нека ја префрлат.
Како што знаете Обама направи неколку измени во новиот буџет на НАСА за 2011 година.Програмата „Соѕвездие“ (Constellation) е откажана, а парите што се предвидени за програмата (600 милиони долари) ќе бидат пренасочени за "safely retirement of the space shuttle program".А во превод тоа значи дека парите ќе бидат насочени кон последните три мисии за шатл програмата.Шатлот ќе оди во пензија до крајот на годинава откако ќе направи 20 години, а на Американците им останаа уште три мисии до крајот на годинава.Буџетот на НАСА со тек на време се повеќе и повеќе ќе се зголемува, ќе стигне бројка до 6 милијарди долари годишно, но нема да оди ни цент во истражување на ново летало.До ISS Американците ќе користат руски капсули Сојуз, а Kennedy Space Center во Флорида предвиден е во новата програма за реконструкција и модернизација.Голем дел од парите сега во блиска иднина ќе се инвестираат во технологија, подобрување на сателитите што орбитираат околу земјата.Ново летало се очекува дури во 2025, а во орбита на Марс до 2030.А и да додадам, исто така ќе испраќаат и роботи во вселената, а сега еден се спрема да се испрати на ISS, и да се испроба да се види како ќе функционира во средина каде зрачењето од Сонцето е многу појако.
Планот иако изгледа доста амбициозен, сепак ме чуди едно нешто: зошто ја прескокнаа Месечината?
Друго, што мислите вие за новите планови на Обама, дали се добри, или пак беа подобри плановите на администрацијата на Буш?

Еве повеќе:

http://www.nasa.gov/about/obamaspeechfeature.html
Не е баш 20 години, шатлот лета од 1981. И нема да изнесува 6 милијарди, тие 6 милијарди се плус. Во моментов имаат буџет од 15 милијарди.
А дали е реално ова со Марс...? Како класичен концепт како што тоа го направија со Аполо не ми се верува. Марс е многу далеку и нема да можат да стигнат. Но како сосема поинаков концепт, можеби... До 2030 имаат време.
http://en.wikipedia.org/wiki/Variable_Specific_Impulse_Magnetoplasma_Rocket

Иако сето ова е проследено со критики и напади на Обама, сепак во целава оваа работа има доста позитивни работи.

- Прекинувањето на Спејс шатл програмата. Иако нуди многу повеќе од класичните ракети т.е. повеќекратно користење, враќање на сателити назад од орбитата, сервисирање на сателити како на пр. Хабловиот телескоп и сл. сето тоа е по премногу висока цена. Значи ќе се ослободат средства за други проекти, плус нови 6 милијарди.

- Се отвара вселенската програма за приватните компании. SpaceX, Orbital Sciences... НАСА со овие компании има договори за операции во ниска орбита и сервисирање на ИСС, иако засега ќе се користат само Руските Сојуз/ Прогрес и Европскиот ХТВ, Јапонскиот АТВ (само за карго транспорт до ИСС).

Со тоа на НАСА ќе и се отвори простор за нови напредни проекти. Исто ако добро разбрав ќе работат на нов супер моќен носач за пренесување на големи товари во орбитата. А што ќе им е ваков носач ако не за мисии кон Месечината и Марс? Кога ќе успеат да развијат ваква ракета можеби ќе излезат со подетални планови.
А бидејќи Constelation програмата ја прекинаа најверојатно ќе се оди на поинаков концепт на ракета.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.134
Добар потег што прават е тоа што се отвора можноста за приватните компании. Тоа е супер потег. Иако шатлите се скапи (но носат доста товар) сепак можеа да се употребуваат уште.
Буџетот на НАСА е зголемен - ок е тоа. Но најголемата глупост е откажувањето на Констелејшн. Веќе започнат проект. И тоа доста добар и усппешен, и малку скап. Но одличен проект. Торкото зафркна...

Реално е. Но не издвојуваат доволно пари. За жал. Да издвојуваа барем половина од она за време на вселенската трка, денес со сигурност ќе бевме стасани на Марс.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не мора да ја труеш оваа тема. Имаш вакви теми во мистерии:
http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=7559
http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=41362

Не е баш 20 години, шатлот лета од 1981. И нема да изнесува 6 милијарди, тие 6 милијарди се плус. Во моментов имаат буџет од 15 милијарди.
А дали е реално ова со Марс...? Како класичен концепт како што тоа го направија со Аполо не ми се верува. Марс е многу далеку и нема да можат да стигнат. Но како сосема поинаков концепт, можеби... До 2030 имаат време.
http://en.wikipedia.org/wiki/Variable_Specific_Impulse_Magnetoplasma_Rocket

Иако сето ова е проследено со критики и напади на Обама, сепак во целава оваа работа има доста позитивни работи.

- Прекинувањето на Спејс шатл програмата. Иако нуди многу повеќе од класичните ракети т.е. повеќекратно користење, враќање на сателити назад од орбитата, сервисирање на сателити како на пр. Хабловиот телескоп и сл. сето тоа е по премногу висока цена. Значи ќе се ослободат средства за други проекти, плус нови 6 милијарди.

- Се отвара вселенската програма за приватните компании. SpaceX, Orbital Sciences... НАСА со овие компании има договори за операции во ниска орбита и сервисирање на ИСС, иако засега ќе се користат само Руските Сојуз/ Прогрес и Европскиот ХТВ, Јапонскиот АТВ (само за карго транспорт до ИСС).

Со тоа на НАСА ќе и се отвори простор за нови напредни проекти. Исто ако добро разбрав ќе работат на нов супер моќен носач за пренесување на големи товари во орбитата. А што ќе им е ваков носач ако не за мисии кон Месечината и Марс? Кога ќе успеат да развијат ваква ракета можеби ќе излезат со подетални планови.
А бидејќи Constelation програмата ја прекинаа најверојатно ќе се оди на поинаков концепт на ракета.
Благодарам што ме корегираше некаде, јас лошо сум пресметал некои работи а и сега го погледнав подетално буџетот предвиден за 2011.Баш ќе го гледам клипов после.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Да, пишував јас за ова во темата Астрономија, ама изгледа ретко кој гледа таму. :) Не е битно каде е темата.

Не би се согласил со тоа дека треба повеќе да се испраќаат сонди и роботизирани мисии, а не луѓе.

Мисијата ќе биде скапа, но колку ќе чини и што е тоа во споредба со другите буџети, пример воениот? -Џабе, ништо.

Според програмата Констелејшн, САД требаше да се вратат на Месечината до 2020, а да слетаат на Марс до 2025 година. Е сега овај нигеров заеба се.
А добро е да се испратат луѓе на Марс, а потоа и во другите делови од Сончевиот систем.
Тоа што може да го направи човек за 1 ден на Марс, на робот ќе му требаат години...
Буџетот на автоматизираните мисии е десето-стократно помал,
Може да одат на места каде што човек никогаш не би отишол
Не е проблем да бидат во еден правец.
Има навистина многу мал број на работи што може човек да ги прави подобри или само одколку машина. Се разбира најбитната е анализа на податоци и донесување на одлуки. Нешто што може да се прави и од далечина.
Испаќањето на луѓе некаде нема големо научно значење. Повеќе е политичко-историско. Разбирам обиди за постојана база на Месечината и нејзина потенцијана експлатација или Станици во Орбита окулу земјата и искористување за нешто.
Обама крати на Буџет се фокусура повеќе на здравство што е ОК. За одбранбениот буџет не коментирам тој секгаш бил болно голем.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Добар потег што прават е тоа што се отвора можноста за приватните компании. Тоа е супер потег. Иако шатлите се скапи (но носат доста товар) сепак можеа да се употребуваат уште.
Буџетот на НАСА е зголемен - ок е тоа. Но најголемата глупост е откажувањето на Констелејшн. Веќе започнат проект. И тоа доста добар и усппешен, и малку скап. Но одличен проект. Торкото зафркна...

Реално е. Но не издвојуваат доволно пари. За жал. Да издвојуваа барем половина од она за време на вселенската трка, денес со сигурност ќе бевме стасани на Марс.
За Костелејшн досега потрошија 9 милијарди, а се споменуваше цифра дека за целиот проект ќе им треба и до 150 милијарди.:nesvest: А до сега само успешно е тестиран првиот степен на Арес 1. За Арес 5 се спомнуваше да биде оперативен за 5-6 години од сега, но тој е недоволен за тешки товари.(Требаше неговиот прв степен на цврсто гориво да се користи кај Арес 5.) А Арес 5 којзнае кога... ???
Мислам дека уште од почеток проектот е погрешен и добро што го прекинаа.

Инаку делови од проектот ќе се користат во иднина за новите проекти, како што е на пр. капсулата Орион.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.134
Буџетот на автоматизираните мисии е десето-стократно помал,
Може да одат на места каде што човек никогаш не би отишол
Не е проблем да бидат во еден правец.
Има навистина многу мал број на работи што може човек да ги прави подобри или само одколку машина. Се разбира најбитната е анализа на податоци и донесување на одлуки. Нешто што може да се прави и од далечина.
Испаќањето на луѓе некаде нема големо научно значење. Повеќе е политичко-историско. Разбирам обиди за постојана база на Месечината и нејзина потенцијана експлатација или Станици во Орбита окулу земјата и искористување за нешто.
Обама крати на Буџет се фокусура повеќе на здравство што е ОК. За одбранбениот буџет не коментирам тој секгаш бил болно голем.
Пример.
Феникс, во споредба со човек. човекот може 1000 пати повеќе да ископа и 1000 пати побрзо да ги спреми податоците за анализа отколку лендерот.

За првото, на кои места можат да одат лендерите и роверите, а човекот не може?

Се согласувам дека е многу поскапо лансирањето на луѓе, но е далеку поефикасно. А за парите што ги трошат на други глупости, е тоа е друга работа....за жал...

За Костелејшн досега потрошија 9 милијарди, а се споменуваше цифра дека за целиот проект ќе им треба и до 150 милијарди.:nesvest: А до сега само успешно е тестиран првиот степен на Арес 1. За Арес 5 се спомнуваше да биде оперативен за 5-6 години од сега, но тој е недоволен за тешки товари.(Требаше неговиот прв степен на цврсто гориво да се користи кај Арес 5.) А Арес 5 којзнае кога... ???
Мислам дека уште од почеток проектот е погрешен и добро што го прекинаа.
Го прекинаа заради парите, иако беше одличен проект со добри можности, но прескап. Затоа и беше одложуван неколку пати, и сега на крајот прекинат.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Го прекинаа заради парите, иако беше одличен проект со добри можности, но прескап. Затоа и беше одложуван неколку пати, и сега на крајот прекинат.
Не ми се верува дека би го прекинале ако немале добра причина за тоа. И со оглед на средствата што се до сега потрошени, најверојатно има добра причина.

Не знам детали но моја предпоставка (не мора да е точна), се токму бустерите на цврсто гориво.
Најверојатно сега би иделе целосно на течен вододод/ кислород. Вакви ракети со носивост во ниска орбита од 100+ тони имавме во минатото. Како Руската Енергија или Американскиот Сатурн 5. Можеби ќе се тргне од нив при проектирањето на новиот носач.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom